ЗдравјеОд мај поевтинуваат повеќе од 300 лекови, ќе поевтини и лекот „Ксарелто“По најавите од Министерството за здравство за намалување на цените на одредени лекови кои не се на позитивната листа како и намалување на доплатата за дел од нив кои се на позитивната листа, првиот човек на ФЗО – Сашо Клековски.По најавите од Министерството за здравство за намалување на цените на одредени лекови кои не се на позитивната листа како и намалување на доплатата за дел од нив кои се на позитивната листа, првиот човек на ФЗО – Сашо Клековски најавува и ново проширување на позитивната листа, по што вели се очекува попристапни цени за лековите особено за кардиоваскуларните и бубрежните заболувања. Иако додека се чека поефтинувањето, голем дел од македонските граѓани одат во соседството по неопходната терапија, Клековски вели дека има суштински разлики зошто лекарствата дома се поскапи. -Јас постојано изразувам резерва за лековите од Косово, бидејќи законските регулативи и заштитата на лекови во Косово е поинаку е поставена и по самите упаковки ќе видите дека се продаваат во најверојатно оригинални упаковки, без соодветни регистрации. Во однос на Србија клучната разлика е нивниот пристап кон позитивната листа, која по обем е значајно поголема од македонската позитивна листа земајќи ја во обзир разликата во население. Имавме само едно проширување на позитивната листа и е потребно време за да ги потегнеме овие работи, меѓутоа очекувам и во првата и во втората половина да има нови современи лекови за овие состојби. - Сашо Клековски, директор на ФЗО. Клековски најавува дека два антикоагулантни лекови, меѓу кои и лекот „Ксарелто„ во првата половина на годината веќе би требало да се најдат на позитивната листа, а моменталниот застој е од конкурентни причини. По најавата на Министерството за здравство дека околу 300 лекови меѓу кои 56 оригинаторни, 174 генерички и 13 лекови од интервентен увоз ќе поефтинат, се очекува оттаму да прецизираат за кои лекови конкретно се работи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Разликата е видлива а резултатите очигледни, Македонија забрзуваВладата на ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати, проекти, инвестиции и развој.Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните. За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати. Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во моментот работи на реализација на шест нови автопатски делници кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а во следната деценија се предвидени 10 милијарди евра капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Се обновуват студентски домови, се обезбедија ваучери за електронски уреди. Се отвораат можности за нови бизниси и создаваат услови младите својата иднина да ја гледаат и градат дома. Доделени беа 55,000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома. Во изминатиот период се зголемија платите и пензиите, ја зајакнувме економијата и седум квартали по ред бележиме економски раст над 3 проценти. Истовремено градиме нови градинки, училишта, здравствени установи, спортски сали и патишта, додека враќаме наследени долгови во просек од над 2 милијарди евра годишно. ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае како да работи за државата и граѓаните. Докажа дека националните интереси немаат цена и дека Македонија може да има власт која не капитулира кога се во прашање достоинството, идентитетот и интересите на народот. Денес Македонија не стои во место. Македонија се движи напред. Македонија забрзува. Македонија забрзува а тоа е и наша обврска да продолжиме уште посилно, уште поодлучно и уште поодговорно да работиме за повисок животен стандард, силна економија, нови можности и модерна европска Македонија. Резултатите се видливи. Разликата е очигледна. Македонија забрзува. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршена09:11Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
МакедонијаАфрикански топлотен бран доаѓа во МакедонијаОд денеска Македонија ќе биде под влијание на умерен топлотен бран кој доаѓа од Африка.Стабилно, сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Во попладневните часови, особено во планинските предели, се очекува развој на локална нестабилност, која може да донесе краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, со повремена локална облачност во текот на денот. Во попладневните часови има услови за краткотраен дожд проследен со ретки грмежи во делови од котлината. Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека во Скопје ќе се спуштаат околу 14 степени. Максималните дневни температури ќе достигнуваат од 27 до 34 степени, а во Скопје и околината до 34 степени.Тагови: топлотен бран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМакрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршенаФранцускиот претседател Емануел Макрон, не верува оти војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран е „целосно завршена“, и покрај договорот што беше потпишан претходниот ден во Версај.Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон рече дека „секогаш е подобро да се има договор отколку војна“, но предупреди дека сè уште постои ризик од ескалација, наведувајќи дека светот влегува во „нова фаза на соработка и дијалог“, што би можело да придонесе за стабилизација на регионот и да овозможи побезбеден проток на танкери за нафта низ Ормутскиот теснец.Тагови: Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter