Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗабаваОд легендарните фустани до шминката- се отвора изложба со 250 предмети на Мерлин Монро Во октомври, во Лондон се отвора изложба каде посетителите ќе можат да погледнат околу 250 предмети кои некогаш биле во сопственост на Мерлин Монро, како што се љубовни писма или сатенски наметки на покојната актерка.Меѓу експонатите има и фотографии направени за време на нејзините средби со покојната кралица Елизабета Втора во октомври 1956 година во лондонскиот Импајер театар. Изложбата ќе биде поставена на Arches London Bridge, ново место за слични културни настани, со тавани високи шест метри и над 3.350 квадратни метри. Посетителите ќе можат да го видат и црниот фустан на актерката со реси од филмот Some Love it Hot. Лиз Коравос, директор на Arches London Bridge, рече дека е „огромна привилегија да се биде домаќин на „Мерилин – Изложбата“ на Arches London Bridge“. Во истиот простор еднаш се одржа изложба за Елвис Присли. Таму ќе бидат изложени шминката и козметиката што ја користела Монро, како и облеката што ја прослави на филмови и фотографии. Ќе биде интересно да се погледнат рачно напишаните белешки на актерката, цртежите од детството, писмата, семејните фотографии, книгите, сценаријата и реквизитите од филмовите на актерката. Колекционерот и куратор на Мерлин Монро, Тед Стампфер, рече дека е воодушевен што некои од „најфасцинантните артефакти од неговата лична колекција ќе бидат изложени за прв пат во Лондон“. „Во 1962 година, по нејзината смрт, личните предмети на Мерилин беа складирани и зачувани, речиси како временска капсула, речиси цели четири децении. Затоа, прекрасно е што може да ги споделиме овие уникатни предмети што можат да ни дадат вистински увид во нејзиниот живот. дозволувајќи ни денес да се доближиме до вистинската Мерлин Монро и нејзиниот вистински идентитет“, рече Стампфер. Монро почина во 1962 година на 36-годишна возраст. Изложбата се отвора на 18 октомври.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени. До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожарот на Брач сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓеПожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад. Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс. Milna. Bračani dragi, držite se! pic.twitter.com/UCbF18cH9f — JurMag (@jur_magud) September 12, 2026 Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух. Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.Тагови: пожар Брач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности на полицијата за унапредување на безбедноста на граѓанитеДенеска (13.09.2026), полициски службеници од СВР Тетово и СВР Битола спроведоа превентивни активности насочени кон подигнување на свеста кај граѓаните за одговорно однесување и почитување на безбедносните правила.Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Тетово, на автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, на наплатните рампи Желино и Тетово, спроведоа превентивна активност под мотото „Стави појас – вози одговорно“. Преку делење едукативни летоци, возачите и сопатниците беа потсетени дека користењето на сигурносниот појас е пред сè за нивна лична безбедност и значително влијае врз последиците од евентуални сообраќајни незгоди. Воедно, беа информирани и за прекршочните одредби со кои се предвидува санкционирање за некористење сигурносен појас. Во исто време, полициски службеници од СВР Битола, во содејство со Шумската полиција, спроведоа превентивни активности на подрачјето на Општина Могила и во селата Будаково, Трап и Ношпал, насочени кон превенција и заштита од пожари. На граѓаните им беше укажано на опасностите од несовесно однесување и предизвикување пожари, како и на потребата од зголемена внимателност при престој во шумски и земјоделски подрачја.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45