Од ковид почина стогодишниот Британец, кој собра 39 милиони фунти за борба против короната - Канал 5

Од ковид почина стогодишниот Британец, кој собра 39 милиони фунти за борба против короната

Стогодишниот капетан Том Мур, ветеран од Втората светска војна, кој собра 39 милиони фунти за борба против коронавирусот, почина откако се раболел  токму од коронавирус.

Од ковид почина стогодишниот Британец, кој собра 39 милиони фунти за борба против короната

"Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот драг татко, капетанот сер Том Мур. Ние сме многу благодарни што бевме со него во последните часови од неговиот живот", велат неговите ќерки Хана и Луси, пишува Гардијан .

"Со часови разговаравме со него, сеќавајќи се на нашето детство и нашата прекрасна мајка. Делевме смеа и солзи. Тој беше неверојатен татко и дедо и ќе остане жив засекогаш во нашите срца ", рекоа тие.

Мур бил примен во болницата Бедфорд во неделата откако подолго време бил лекуван од пневмонија и минатата недела е позитивен на тест за ковид-19.

Во изјавата објавена на неговиот профил на Твитер истиот ден, неговото семејство соопштило дека тој се лекувал дома до неделата кога му требало дополнителна помош при дишењето.

Портпарол на семејството на Мур претходно за Би-Би-Си изјавил дека Мур не примил вакцина против коронавирус поради лековите што ги земал против пневмонијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времето ведро и постудено со температури до 24 степени, дожд во петок

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Времето ведро и постудено со температури до 24 степени, дожд во петок

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа во (l/m2)

1 Битола.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Попова Шапка, 13 Крушево, 15 Маврови Анови, 17 Претор, Берово, 18 Прилеп, 19 Тетово, Крива Паланка, Битола, 20 Виница, 21 Скопје Петровец, Охрид, Штип, 22 Велес, 23 Зајчев Рид, Кавадарци, 24 Струмица, Демир Капија, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Во југозападните делови имаше слаби врнежи од дожд. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала до умерена локална облачност. Услови за слаб дожд ќе има во западните и јужните делови на Македонија.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и во четврток ќе преовладува стабилно време со свежи утра. Во петок се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предметите на Брижит Бардо на аукција во Париз се продадени за милион евра

Личните предмети на француската актерка Брижит Бардо (1934-2025) се продадени на аукција во Париз за речиси еден милион евра, а приходите одат во нејзината фондација за заштита на животните.

Предметите на Брижит Бардо на аукција во Париз се продадени за милион евра

На аукцијата беа понудени вкупно 285 предмети, кои беа продадени за 1,15 милиони американски долари, што е речиси 20 пати повеќе од првичната проценка, објави „Гардијан“.

Две јаки за кучиња, со идентификациона табличка со името и телефонскиот број на Бардо, проценети на 30 евра, се продадени за 9.400 евра на руски купувач.

Автопортретот достигна цена од речиси 40.000 евра, додека машината за пишување со која ја напишала автобиографијата е продадена за 4.634 евра.

Две нејзини гитари, проценети на 300 и 500 евра, се продадени за 8.600 и 1.900 евра, додека три кадифени играчки достигнале цена од 2.200 евра.

Фондацијата Брижит Бардо е основана во 1986 година, а на веб-страницата на организацијата стои дека згрижила 13.000 животни.

Брижит Бардо, која како модел и актерка стана симбол на модерната женственост и сексуалната револуција, подоцна се посвети на борбата за правата на животните.

Во текот на животот, таа беше критикувана и за хомофобични изјави, а повеќепати беше казнувана за поттикнување расна омраза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две делегации ги напуштија ОН за време на говорот на Трамп

Делегацијата на Куба ја напушти салата на Обединетите нации за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 81-та сесија на Генералното собрание.

Две делегации ги напуштија ОН за време на говорот на Трамп

Делегацијата на Куба ја напушти салата на Обединетите нации за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 81-та сесија на Генералното собрание, откако тој изјави дека комунистичкиот режим во Хавана е „целосно пропадната држава“ и рече дека режимот наскоро ќе падне.

Кубанците и Иранците ги напуштија ОН за време на говорот на Трамп

„Мојата администрација бара радикална промена на ситуацијата во Куба, каде што комунистичкиот режим е под најголем притисок под кој некогаш бил. Тоа е целосно пропадната држава“, рече Трамп пред собраните светски лидери. Тој додаде дека режимот „се урива како никогаш досега“ и рече: „И ќе падне“.

Претседателот на САД во својот говор ја истакна улогата на државниот секретар Марко Рубио, кој присуствуваше и на годишната сесија. „Тој е длабоко во преговорите со Куба. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп.

Кубанската делегација, предводена од министерот за надворешни работи Бруно Родригез Парила, стана и ја напушти седницата токму во моментот кога Трамп ги изнесе обвинувањата.

Куба не беше единствената земја чии претставници демонстративно го напуштија говорот на Трамп. Кога американскиот претседател се осврна на теми поврзани со воените напади врз Иран во изминатите шест месеци, иранската делегација исто така ја напушти салата, а само еден од нејзините членови остана да седи во клупите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер