Од камп за бегалци до Баерн Минхен - приказната на Алфонсо Дејвис - Канал 5

Од камп за бегалци до Баерн Минхен - приказната на Алфонсо Дејвис

 Пред неколку дена Алфонсо Дејвис го оствари својот сон - потпиша професионален договор со еден од гигантите на европскиот фудбал - Баерн Минхен.

Од камп за бегалци до Баерн Минхен - приказната на Алфонсо Дејвис

Кога станува збор за најголемиот фудбалски талент во Северна Америка и според експертите, еден од најветувачките во светот, таков трансфер не изгледа необично. Дури и при ситуација дека со дадените 14 милиони евра од страна на баварците, 17-годишниот фудбалер стана најскапиот излезен трансфер во историјата на МЛС лигата.

Само што сето она што е кажано е неверојатно, со оглед на тоа каде се родил Алфонсо и низ што поминало неговото семејство. Или, пак, токму тоа го направило талентот она што е сега?

Сè започнува на почетокот на векот во Монровија, главниот град на Либерија. Таму се води граѓанска војна.

- За да си обезбедиме храна, моравме да прескокнуваме трупови, се сеќава мајката на Алфонсо, Викторија.

Секој ден, таа и нејзиниот сопруг Дебеја живееле со страв дека ќе бидат жртва на насилство.

- Беше тешко, беше опасно. Единствениот начин за преживување беше да носиме оружје. Но, ние не сакавме да пукаат по нас, па решивме да избегаме оттаму, вели Дебеја.

Најтешкиот пат за Алфонсо почнува уште пред да се појави во овој свет. Неговите родители патувале 1.500 километри за да стигнат до Гана. Таму, на периферијата на главниот град Акра, тие и уште 42.000 луѓе завршуваат во бегалски камп. Тоа е местото каде што на 2 ноември 2000 година Викторија го родила Алфонсо.

Сепак, бебето носи повеќе загриженост отколку среќа. И не затоа што родителите не го сакаат, тие едноставно се плашат за неговиот опстанок, бидејќи храната и водата во кампот не се доволни. Меѓутоа, со многу лишување, тие успеваат да видат како растат нивните деца.

Шест години подоцна, сонот се остварува - семејството добива шанса да се приклучи на програма за емиграција и така да замине во земјата на нивните соништа - Канада. Таму, Алфонсо може да се посвети на својата омилена активност. Почнал да тренира во тим во Едмонтон, а во 2015 година се преселува во Академијата на Ванкувер Вајткепс.

Во исто време, сепак, талентот помага и дома. Периодот поминат во бегалскиот камп остава трага врз семејството. Во слободното време, фудбалерот игра улога на втор татко, помагајќи во одгледувањето на неговите помлади брат и сестра близнаци.

Знаејќи каков би можел да биде животот, за него не е тешко да ја сфати можноста, што ја носи фудбалот.

- Едноставно ми е малку полесно да се мотивирам, вели тој.

Само на 15 години, Дејвис дебитираше во професионалниот фудбал со вториот тим на Ванкувер. Неговата игра е толку импресивна што неколку месеци подоцна тој веќе е дел од првиот тим и станува втор најмлад играч кој настапил во МЛС лигата.

Тој брзо станува главен дел од тимот, а на 6 јуни 2017 официјално стана државјанин на Канада. Ова му носи право да игра за националниот тим. Тој го прави тоа на 16 години во контролна средба со Курасао, станувајќи најмладиот играч кој настапил за Канада. На „Голд Куп“ 2017 додава нов рекорд - најмладиот стрелец во историјата на турнирот.

Во 2018 година веќе има 20 натпревари за Ванкувер во МЛС и 3 гола во нив. Интерес имаше од секаде - Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челзи ... Дејвис, сепак, одлучи да премине во гигантот од Германија, Баерн Минхен, кој се трудеше многу за да го добие неговиот потпис.

- Многу се гордеам со него. Во бегалскиот камп немавме за јадење, немавме облека - денес сме тука. Тој има сè што му е потребно, вели низ солзи гордата мајка Викторија.

И ако судиме според сето дотука за Алфонсо, тогаш тој нема да биде вообичаен фудбалер-милионер кој ги троши парите на жени и автомобили. Тој ќе остане истиот, како што бил и секогаш. Има ли избор? Сепак, тој го ветил тоа на неговата мајка.

- Му реков дека може да нè остави, кога ќе наполни 16 или 17 години. Тој вети дека ќе остане истиот, вели Викторија.

На 1 јануари, кога треба да се насочи кон Минхен, Алфонсо ќе има 18 години, а неверојатното животно патување ќе продолжи на големата фудбалска сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Дел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво.

На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување.

Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки

Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? 

По ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки

Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер.

- 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка.

- Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола.

- ​Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки.

Пратеничка група на СДСМ

Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

-СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера.

Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година.

Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Ветеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот..

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер