МакедонијаОд јануари 2026 година во основните училишта влегува Вештачката интелигенцијаВештачката интелегенција, кодирањето и дигиталните алатки преку програмата за дигитална писменост на Министерството за дигитална трансформација, од 2026 година стануваат дел од редовната настава во сите основни училишта. Министерот Стефан Андоновски објаснува дека летово започнуваат подготовките на потребните материјали, потоа ќе следи процес на обука на наставниците, со цел тие да бидат спремни за практична примена низ училиштата од јануари идната година. Андоновски вели дека програмата најпрво ќе започне да се применува во руралните средини, па ќе се движи кон централните општини. -Планираме проектот да одпочне ова лето со подготовки на материјали и очекуваме дека практичната реализација во училиштата, освен материјали и подготовка на настава, работа со наставниците и со професорите и очекуваме дека реализација во училница ќе започнеме од јануари 2026 година. Има задача тимот кој што ќе работи заедно со Бритиш кансил ќе работи прво со подготовка на наставниците определено време, па тие да започнат со реализација во училница, а во тој период веќе проектот ќе се префрла на следното училиште во следната општина,- Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација. Според министерката за образование Весна Јаневска, крајно време е државата да го следи чекорот на високоразвиените земји каде што вештачката интелегенцијa е вклучена во образовниот процес. Сепак, Јаневска додава дека иако алатките кои ги нуди вештачката интелегенција се олеснителни и за наставниците и учениците, постои и закана од несакани последици, па токму затоа е важно дигиталната писменост да биде неизбежен дел од образовниот систем. -Покрај големиот бенефит на користењето на вештачката интелефенција, може да има и несакани последици. Првенствено за заштита на идентитет, етички проблеми но и самата употреба. На пример распоредот кој некогаш на училиштата кои некогаш им е тешко да го направат можат со вештачка интелегенција. Нема веќе 3 наставници на хартија или на компјутер во ексел табела со денови да прават распоред. Ќе си ги стават часовите, бројките, наставниците и ќе им го формира распоредот..Значи има многу елементи со кои ќе се олесни работата во училиштата,- Весна Јаневска – министерка за образование и наука. Инаку денеска Министерството за дигитална трансформација одбележа една година од неговото формирање. Андоновски меѓудругото во периодот кој следи најави промоција на владината супер апликација која ќе содржи возачка дозвола и лична карта во електронска форма, проект за електронска размена на податоци и документи во јавните институции и приватниот сектор, како и унифицирана дигитална база на сиот имот кој го поседува државата.Тагови: вештачка интелигенција Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаИзраел и Либан постигнаа договор за прекин на војната под два условаИзраел и Либан постигнаа договор за прекин на огнот со цел прекин на непријателствата, објави администрацијата на Трамп. Со тоа, САД се стремат да отстранат една од најголемите пречки во постигнувањето поширок договор за прекин на војната со Иран. Во заедничка изјава објавена од американскиот Стејт департмент по преговорите во Вашингтон, се наведува дека прекинот на огнот меѓу Израел и Либан е условен од целосен прекин на огнот од страна на Хезболах, милиција поврзана со Иран, и евакуација на сите нејзини оперативци од југот на земјата. Двете страни, кои немаат формални дипломатски односи, се согласија и за создавање „пилотски зони“ во кои либанските вооружени сили ќе „преземат ексклузивна контрола врз територијата, исклучувајќи ги сите недржавни актери“. Израел и Либан објавија заедничка изјава за договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД. Документот ги поставува темелите за смирување на ситуацијата на терен и продолжување на преговорите. Според соопштението, двете страни се обврзале на брзо воспоставување пилотски зони. „Двете страни, под водство на САД, се согласија дека брзо ќе започнат со воспоставување пилотски зони во кои либанските вооружени сили ќе ја преземат ексклузивната контрола врз територијата, без присуство на какви било недржавни актери“, се наведува во договорот. Беше разјаснето дека „недржавни актери“ се однесува на Хезболах, милитантна група поддржана од Иран, која со години е дестабилизирачки фактор во Либан и честа цел на израелски напади. Договорот, исто така, содржи обврска за иднината. „Израел и Либан потврдија дека немаат непријателски намери еден кон друг и се обврзаа да продолжат со директните преговори за градење доверба, решавање на сите преостанати прашања и постигнување сеопфатен договор меѓу двете земји“, се вели во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелови од Бутел и Карпош денеска без струјаОд ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Костурска ,ул. Тале Христов Слога, Клиника ВФВ и Санте плус 3, општина Бутел; – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улица Франце Прешер околу објект 141, општина Карпош; – во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од Бул. Босна и Херцеговина и ул.Боро Менков, општина Бутел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МетеоПроменливо облачно со повремен дожд и грмежиВремето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени. – Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. В сабота и в понеделник повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме – најави УХМР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook