Од денеска задолжителен негативен тест за влез во Грција - Канал 5

Од денеска задолжителен негативен тест за влез во Грција

Станува збор за привремена и вонредна мерка за празничниот период во пресрет на Божиќ и Нова година, а засега, одлуката е со траење до 10 јануари 2022 година.

Од денеска задолжителен негативен тест за влез во Грција

Во шест часот утрово стапи во сила новата министерска одлука во Грција, според која, за влез во земјата задолжителен е негативен резултат од ПЦР или рапид тест, мерка што важи за сите патници со наполнети пет години, меѓу кои и оние од Македонија, без разлика дали се вакцинирани или не или дали прележале Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за привремена и вонредна мерка за празничниот период во пресрет на Божиќ и Нова година, а засега, одлуката е со траење до 10 јануари 2022 година.

Негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар се задолжителни за влез во Грција.

Дополнително, невакцинираните и оние кои не прележале Ковид-19, а пристигнуваат од 16 конкретни земји, меѓу кои и Македонија, задолжително ќе бидат тестирани по влезот во Грција, нешто што веќе извесен период се применува.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19", како што веќе објави МИА, во петокот беше објавена во Службен весник на Грција.

Промените веќе беа најавени како од Министерството за здравство на Грција, така и од владиниот портпарол Јанис Иконому, а согласно одлуката „сите патници кон Грција, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата, без разлика на вакцинацијата или прележана болест, мора да бидат тестирани негативно" со ПЦР во последните 72 часа пред нивното пристигнување во земјата или „алтернативно да се тестираат негативно со употреба на брз антиген тест во рок од 24 часа пред нивното пристигнување во Грција".

Тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

За патниците „независно од државјанството и начинот на влез во земјата, кои во Грција пристигнуваат од: Египет, Албанија, Аргентина, Македонија, Бугарија, Бразил, Грузија, Куба, Обединетите Арапски Емирати, Индија, Кина, Либија, Мароко, Пакистан, Русија и Турција", предуслов за влез е да добијат негативен резултат од задолжителното тестирање со ПЦР/ рапид тест на влезните точки во Грција.

Исклучок од оваа мерка се вакцинираните кои имаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена и оние кои прележале Ковид-19 и имаат потврда што важи 30 дена по првиот позитивен резултат и до 90 дена подоцна,

Во однос на потврдите за прележана болест и промените воведени минатата седмица, согласно одлуката, оние кои се издадени од 15 јули 2021 година до 31 октомври 2021 година важат до 31 јануари 2022 година.

Конкретните обврски за патување важат и за возрасните, но и за децата со наполнети пет години.

Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), што треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција.

Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот.

Тестирањата, за вакцинираните и за оние кои прележале Ковид-19 се по случаен избор, а за останатите се задолжителни.

За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра.

За влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини кои работат 24 часа, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот, а од Турција преку Кастањес и Кипи, дозволен е влез на 1.500 лица седмично.

Од Македонија кај јужниот сосед може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, без никакви ограничувања во однос на бројот на посетители или во однос на работното време.

Во одлуката, како што пренесува МИА, посочено е дека туристите, за време на нивниот престој во Грција, мора да ги почитуваат мерките што важат во внатрешноста на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Двојните аршини на Филипче и СДС повторно на виделина.

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

СДС и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени.

Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДС, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев.

Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра.

Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат.

Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме.

YouTube video

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.

Клековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болест

Невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје разговараа за длабоката мозочна стимулација (DBS) кај Паркинсоновата болест и за антиамилоидните терапии со леканемаб и донанемаб во раната фаза на Алцхајмеровата болест. Се разговараше и за предусловите за нивно воведување во Македонија.

„Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест не се само дијагнози. Тоа се години живот, на пациентот и на семејството што се грижи за него. Ниту една од овие терапии не е за секого. И двете бараат внимателно избрани пациенти, обучени тимови, дијагностика и долгорочно следење. Затоа прашањето не е само дали, туку како: безбедно, стручно и одржливо“, изјави министерот Клековски.

Во националниот здравствен систем се регистрирани околу 24.000 лица со деменција, а проценките се дека до 2050 година бројот може речиси трипати да се зголеми. Со Паркинсонова болест живеат околу 8.000 граѓани, најголемиот дел од нив се згрижени дома, од своите семејства.

Министерот истакна дека Министерството е подготвено да ја слушне струката и очекува од дискусијата конкретни препораки: што недостига, по кој редослед и за колку време.

Клековски им се заблагодари на гостите од Љубљана за двегодишната соработка меѓу клиниките од Љубљана и Скопје, која се реализира преку програмата „Mentor–Mentee“ на Меѓународното друштво за Паркинсонова болест и нарушувања на движењето (MDS).

На панелот учествуваа, проф. д-р Звездан Пиртошек, независен експерт на ОН за остварување на сите човекови права на постарите лица, проф. д-р Дејан Георгиев, асист. д-р Јован Божиновски, директор на Универзитетската клиника за неврологија, и д-р Љуљзим Агани, директор на Универзитетската клиника за неврохирургија. Модератор беше проф. д-р Габриела Новотни, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина

Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.

Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина

Во Кривичниот суд денеска од почеток почна судењето за предметот „Онкологија 2“, кое се води против поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.

Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет. Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот.

Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер