Од денеска Кипар е новиот претседавач со Советот на Европската Унија со фокус за поголема европска автономија - Канал 5

Од денеска Кипар е новиот претседавач со Советот на Европската Унија со фокус за поголема европска автономија

Од денеска па во наредните шест месеци, Кипар е новиот претседавач со Советот на Европската Унија – фокусот ќе биде поголема автономија на Унијата преку зголемување на нејзините безбедносни и одбранбени капацитети.

Од денеска Кипар е новиот претседавач со Советот на Европската Унија со фокус за поголема европска автономија

-Ќе работиме како чесни посредници со решителност, зајакнувајќи ја одбраната и безбедноста на Европа, што вклучува безбедност на водата, поморска безбедност и справување со миграцијата на сеопфатен начин, но исто така и подобрување на подготвеноста на Унијата за кризни ситуации. Нашата поддршка за Украина за поддршка на меѓународното право, територијалниот интегритет и суверенитет ќе остане цврста и непоколеблива.- Никос Христодулидес, претседател на Кипар

Проширувањето на ЕУ, вклучувајќи го и Западниот Балкан, е најмоќната геополитичка алатка на Унијата, а Кипарското претседавање ќе промовира веродостојна агенда за проширување со цел постигнување на опипливи резултати, порача претседателот на Кипар.

-Западниот Балкан останува стратешки важен и составен дел од безбедноста и стабилноста на Европа, особено со оглед на еволуирачката геополитичка состојба. Претседателството ќе се стреми да ја зајакне улогата и видливоста на ЕУ во регионот, да ја зајакне нејзината отпорност и активно да ги поддржи партнерите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ.- Програма на Кипарското претседавање

Христодулидес потенцираше дека Кипар е членка на ЕУ додека се наоѓа под воена окупација, што за Никозија ја подразбира поддршката и помошта за Украина како врвен приоритет. Кипар го превзема ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ по 14 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

BMW го враќа V8 моторот

BMW го враќа V8 моторот: Новиот X5 добива верзија што љубителите долго ја очекуваат.

BMW го враќа V8 моторот

Новиот X5 ќе влезе во историјата како првиот сериски модел на BMW што ќе има пет вида погонски склопови: бензински, дизел, plug-in хибриден, електричен и водороден.

Сепак, нешто сè уште недостасува - барем при лансирањето: добриот стар V8.

Првично, луксузниот SUV ќе биде достапен само со шестцилиндрични мотори со внатрешно согорување, но имаме добри вести: осумцилиндричниот мотор продолжува да живее.

Соопштението за медиумите во врска со петтата генерација на овој луксузен SUV произведен во Спартанбург потврдува дека поголемиот мотор е на пат. Не е изненадувачки што BMW го резервира двоен турбо 4,4-литарскиот V8 за M верзијата на својот ажуриран X5.

„Сепак, треба да се напомене дека ова нема да биде целосен X5 M, туку модел M Performance“, објавува Motor1.

Иако сè уште нема официјално име, врз основа на достапните информации се претпоставува дека ќе се вика X5 M60.

Да, без буквата „i“ на крајот, бидејќи BMW ја исфрла таа ознака од своите модели со бензински мотори. Ова веќе се случи кај многу модели, вклучувајќи ги и верзиите „40“ на новиот X5.

Во иднина, ознаката „i“ ќе биде резервирана исклучиво за електрични возила. Прочитајте повеќе: BMW го најавува новиот X5: Пристигнуваат целосно нов дизајн и пет опции за погонски систем За новиот X5 M60 ќе биде потребно малку трпение, бидејќи нема да биде достапен веднаш при лансирањето, заедно со својот ривал Audi Q7. BMW планира да ја претстави верзијата со V8 мотор некаде во 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон на трибините на Вимблдон?

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон е во центарот на вниманието овие денови откако се појавија шпекулации на социјалните мрежи дека суптилно ги задевала принцот Хари и Меган Маркл за време на нејзината посета на Вимблдон.

Кејт Мидлтон на трибините на Вимблдон?

Кејт Мидлтон присуствуваше на еден од мечевите на престижниот Грен слем во Лондон, каде што разговараше со посетителите и делеше билети за Вимблдон.

Сепак, вниманието на јавноста го привлече еден детаљ што некои интернет корисници веднаш го поврзаа со војводата и војвотката од Сасекс.

Имено, принцезата од Велс не седеше во кралската ложа, туку гледаше дел од мечевите меѓу другите гледачи на трибините, што многумина го протолкуваа како порака дека се чувствува безбедно меѓу луѓето.

- Кејт седи блиску до местото каде што луѓето можат безбедно да поминат без страв од безбедноста. Ова е идната кралица на Англија - напиша еден корисник на социјалните мрежи, објавува списанието OK!.

Набрзо се појавија бројни други коментари на социјалните мрежи.

- Во тоа е разликата. Кетрин не прави драма, за разлика од парот од другата страна на океанот, на кои им треба обезбедување насекаде, а истовремено сакаат да ја зачуваат својата приватност – гласеше еден од коментарите. Друг корисник додаде: - Таа исто така не го зафати просторот околу себе и го остави преминот слободен.

Прекрасна дама. Имаше и такви кои отидоа чекор понатаму.

-Не би се изненадил ако ова е суптилна порака, а искрено, ми се допаѓа – напиша друг корисник. Сепак, треба да се нагласи дека не постојат докази оти Кејт Мидлтон намерно сакала да испрати порака до Хари и Меган.

Тврдењата за наводно „тролање“ се засноваат исклучиво на толкувањата на корисниците на социјалните мрежи и одредени таблоиди, додека принцезата не ги коментираше овие наводи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бонга оди во Реал – 7,5 милиони евра!

Репрезенативецот на Германија, досегашниот член на Партизан, Исак Бонга ќе стане нов кошаркар на Реал Мадрид.

Бонга оди во Реал – 7,5 милиони евра!

Откако настапуваше во НБА за Лејкерс, Репторс и Визардс, Исак Бонга му се приклучи на Баерн Минхен, а потоа премина во белградски Партизан, под водство на Жељко Обрадовиќ.

Откако Партизан остана без најтрофејниот тренер во историјата на европската кошарка, Бонга одлучи истото лето да плати 700.000 евра, да ја активира откупната клаузула и да ја промени средината.

Според порталот „Енсестадо“ (Encestado), тој ќе остане во Европа и ќе потпише договор со Реал Мадрид. Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Бонга тригодишен договор вреден 7,5 милиони евра, што изнесува околу 2,5 милиони евра по сезона! Педро Мартинез се обиде да го доведе Бонга во Валенсија уште минатата сезона, но тоа тогаш не беше изводливо, па една година подоцна неговата желба ќе се оствари.

Инаку, Реал Мадрид имаше „опасна“ конкуренција во лицето на Панатинаикос и Барселона, но се чини дека сепак кралевите ја добиле битката за одличниот германски кошаркар.

Бонга има 26 години, а оваа сезона беше еден од најважните играчи на Партизан, како во одбраната, така и во нападот. Тој забележа просек од 9,9 поени, 5,6 скока и 1,5 асистенција во Евролигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер