3Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
МакедонијаОд август во Охрид ќе патролираат и српски полицијаци–договорија Тошковски и Дачиќ Борбата против транснационалниот криминал, миграцијата и олеснување на преминот на граничните премини меѓу Македонија и Србија – ова се темите на кои во Белград разговарале министрите Тошковски и Дачиќ. Двајцата како што соопштија, се договориле да се активира веќе постоечката работна група меѓу двете држави, за да се најде начин за поедноставување на процедурите кои веќе постојат на граничните премини. Дополнително, тие информираа и дека од август четири српски полицајци ќе бидат присутни на македонска територија, конкретно во Охрид каде доаѓаат голем број на српски туристи, а српскиот министер посочи дека постои опција и за Македонија да испрати полицајци на територијата на нашиот северен сосед, доколку земјава тоа го побара. -За нас е круцијално во заедничка соработка да се бориме во спречување на организираниот криминал. А освен борбата против тоа беше и подобрување на соработката во граничните премини. /Се договоривме да имаме резултати кои ќе не доведат до проверки на една позиција на границата, а не на две позици, во суштина да го примениме системот за да го подобриме транзитот на нашите граѓани.- - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи . -Основната идеја е да направиме и повторно да ја активираме таа некоја оперативна работна група која треба да се занимава со поедноставување на процедурите кои постојат на тој заеднички граничен премин. Со цел навистина да имаме една контрола и тоа да трае што е можно пократко. Ние од август ќе поченеме со таа пракса која до сега ја немавме, а тоа е еден дел од нашите полицајци, а немаме ништо против тоа да биде и кај нас, да биде присутен за време на туристичката сезона таму каде што има доста наши туристи, а тоа е охридското езеро. - Ивица Дачиќ – Министер за внатрешни работи на Србија. Средбата Тошковски – Дачиќ доаѓа ден откако двајцата беа на граничниот премин Табановце каде ја промовираа превентивната кампања „Вози одморен“ за одговорно возење, со цел да се спречат сообрачајните несреќи кои се присутни во летниот период. Двајцата најавија едношалтерски систем и дигитализирање на границата. Граничниот премин Табановце инаку за време на летниот период е еден од најфреквентните заедно со Богородица на јужната македонска граница, а за време на летото чести се и големите гужви кои се создаваат од туристите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаСекое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијатаСекое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво, покажува извештајот од резултатите од истражувањето „Disrupting harm“Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а во 57 отсто од случаите сторителите биле возрасни лица, наспроти 22 отсто во кои биле вклучени врсници. Во 39 отсто од случаите бил вклучен сегашен или поранешен интимен партнер или лице кон кое детето чувствувало симпатии, додека во 27 отсто бил вклучен член на семејството. Во 52 отсто од случаите биле вклучени платформи на социјалните медиуми, додека 30 отсто се случиле преку платофрми за онлајн игри. Најчеста форма е изложувањето на децата на сексуална содржина без нивна согласност, а друга форма вклучувала барања децата да споделат слики или видеа на кои се прикажани нивните интимни делови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со ПутинДиректорот на ЦИА, Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во ненајавена посета на Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков..-Не. Средба со претседателот немаше, одговори Песков на прашање на руските медиуми, без да одговори дали за време на посетата му пренел на Путин некаква порака од американскиот колега Трамп. Песков само кусо посочил дека неговиот престој во Русија бил поврзан со „контакти меѓу тајните служби“.. A convoy with US diplomatic license plates was spotted in Moscow following the arrival of a US military aircraft. At the same time, the Kremlin stated it had no information regarding the aircraft, while Peskov assured that no meetings with US administration representatives were… pic.twitter.com/1VehaaaMe8 — WarTranslated (@wartranslated) August 25, 2026 Ретклиф, вчера тајно ја посети Москва, откако податоците од следењето на летот потврдија дека голем американски воен авион слетал на аеродромот Внуково во Москва. Ова се смета за прва посета на актуелниот шеф на ЦИА и на највисоко рангиран функционер на администрацијата на Трамп на Русија.. Светските медиуми шпекулираат дека целта на неговата посета е нов обид да се издејствуваат преговори за постигнување мировно решение во Украина..Тагови: москва ЦИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот заливАмерикански воени авиони кои се ангажирани во операциите на Блискиот Исток ги користат македонските аеродроми, открива премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за американскиот „Брајтбарт Њуз“...Мицкоски ваквата соработка ја става во поширокиот контекст на стратешкото партнерство меѓу Скопје и Вашингтон. „Американското воено воздухопловство ги користи нашите аеродроми, така што секој ден авиони на американското воено воздухопловство слетуваат и полетуваат од нашите аеродроми. Некои од нив ги користат нашите аеродроми за паркирање, за малку одмор, а потоа повторно заминуваат кон заливот. Имаме отворено небо за американските авиони, за воените авиони, и горди сме и стоиме на располагање да обезбедиме таква поддршка за американското воено воздухопловство“, вели Мицкоски и додава дека кога на САД им била потребна поддршка од сојузниците, Македонија „не се криела во толпата“, туку застанала на американска страна и кога тоа носело политичка цена.Тагови: САД Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter