Од 1 март завршува мерката „гарантирана цена“

Од 1 март нема продолжување на мерката за гарантирани цени на дел од основните прехрамбени производи. 

Редот во нелојалната конкурецнија и неоправдано високите цени, според Министерството за економија ќе се стави преку носењето на законот за нефер трговски практики, кој треба да доведе токму до намалување на цените на производите.

Законското решение минатата недела го мина првиот собраниски филтер, но засега нова седница за него не е закажана. Мерката, која беше воведена лани во септември, со цел заштита на стандардот на граѓаните, истекува на 29-ти месецов. Но останува отворено прашањето дали законот ќе биде донесен до завршување на мерката, со цел да нема нов скок на цените на храната.

„Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи.“ - Министерство за економија.

Гаранција дека цените нема да одат нагоре, откако ќе се укине мерката, па се до носењето на законското решение, не може да даде никој, оценуваат екпертите. Благица Петрески од Фајненс тинк вели се зависи од побарувачката и понудата. Дополнително смета дека владините мерки, како што се субвенционирањето на струјата и замрзнувањето на цените полека треба да приврушуваат, а токму ова го покажува и последната анализа на Фајнес тинк.

„Во која мера цените ќе реагираат не може да даде никој затоа што тоа е во пазарна економија, реагираат силите на понудата и побарувачката, но и играчите кои што се директно засегнати. Но сметам дека мерката за замрзнување на цените ги исцрпи своите ефекти и останатите мерки кои треба да одат во насока на справување со таквите неповолни појави треба да бидат во рамки на постоечките механизми. “-изјави Благица Петрески – Фајненс Тинк.

Анализата на Институтот за економски истражувања и политики покажува дека владините мерки како субвенционирањето на сметките за струја и замрзнатите цени, иако им помогнале на посиромашните домаќинства, сепак голема корист имале и побогатите, кои сами можеле да си ги подмират торшоците. Па оттука од институтот препорачуваат надлежните во иднина фокусот да го ставаат на поранливите категории граѓани.

Неверојатна сцена: Девојки по сообраќајка, облеани во крв си прават селфи (ВИДЕО)

Бизарна сцена е снимена во мексиканскиот град Куернавака, каде две девојки доживеале тешка сообраќајна несреќа.

Без разлика на повредите и тоа што се облеани во крв, тие решиле да го овековечат моментот и - да позираат за селфи.

Неверојатната сцена е снимена неколку моменти по несреќата, односно откако излегле од превртениот автомобил, пренесува The Sun.

Гледаме девојки како седат на тротоар и позираат за социјалните мрежи. Во заднина е удрено возило со скршени стакла.

Се испоставило дека едно од девојките е тешко повредено и не може да оди. Откако направиле селфи, им пришол полицаец.

На една од снимките, која заврши на мрежите, гледаме друга девојка како прави селфи покрај возило на брза помош, опкружена со лекари и полицајци.

Настраданите се пренесени во болница, додека властите ги истражуваат деталите за несреќата.

Вечерва во Кавадарци победничка еуфорија пред утрешниот натпревар на „Тиквеш“

Победничка еуфорија пред утрешниот историски натпревар!

Не постои кавадарчанец, кој е рамнодушен за овој натпревар. Сите од срце посакуваме победа!

ЛОЗАРИ само не потсетуваат и ни покажуваат што треба да се случи утревечер!

Сите сме за Тиквеш!, ечеше низ Кавадарци вечерва.

На Клоп му аплаудираа сите, освен најскапиот фудбалер на Ливерпул (ВИДЕО)

Јирген Клоп, сега поранешниот менаџер на Ливерпул, беше испратен во последното коло од Премиер лигата на прекрасен начин од навивачите, клупскиот персонал и играчите.

Една од почестите за Клоп беше шпалир, а сите играчи на Ливерпул му аплаудираа освен еден - уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез.

Нуњез е играчот за кого Ливерпул плати највисока сума за дојдовен трансфер - 85 милиони евра. Но, незадоволството на Уругваецот растеше во текот на сезоната. Во еден момент од Инстаграм ги избриша сите фотографии на кои е во дресот на Ливерпул, пишуваше дека се скарал со Клоп и дека на лето ќе го напушти клубот.

притисни ентер