Тројца уапсени, 13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме
„Напред, либералдемократи!“ – Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година наваму
1Тројца уапсени, 13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме
2„Напред, либералдемократи!“ – Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година наваму
3Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
Веб ТВОд 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5Од вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТројца уапсени, 13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме13 нарушувања на јавниот ред и мир за време на прославата на Денот на албанското знаме, три лица лишени од слобода.За време на прославата на Денот на албанското знаме, на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Скопје, Тетово, Охрид и Куманово, регистрирани се 13 нарушувања на јавниот ред и мир. Министерството за внатрешни работи презема интензивни мерки за целосно расчистување и документирање на сите настани. Досега се поднесени две кривични пријави за кривичните дела „безобѕирно управување со моторно возило“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, изготвени се 10 записници за констатирани прекршоци, а три лица се лишени од слобода. На подрачјето на СВР Скопје регистрирани се седум нарушувања на јавниот ред и мир, на подрачјата на Бит Пазар и Ѓорче Петров. Изготвени се седум записници за прекршоци против четири лица, од кои три за отстранување, кинење или оштетување на државни симболи и симболи на заедниците, еден за карање, викање или непристојно и дрско однесување, како и три прекршоци од областа на безбедноста на сообраќајот – управување возило без возачка дозвола, управување со брзина поголема од дозволената и движење во спротивен правец. Поднесена е и кривична пријава против едно дете за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. При преземањето мерки за расчистување на настаните, две лица биле лишени од слобода На подрачјето на СВР Тетово регистрирани се две нарушувања на јавниот ред и мир од страна на деца, со употреба на пиротехнички средства на Градскиот плоштад во Тетово, како и настан во кој било поставено албанско знаме на полициско возило. Се преземаат мерки за целосно документирање на настаните и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. На подрачјето на СВР Охрид регистрирани се две нарушувања на јавниот ред и мир, во Кичево и Струга. Во Кичево, на градскиот плоштад биле поставени неколку знамиња на Република Албанија, по што е составен записник за сторен прекршок. Во Струга, во основно училиште биле поставени знамиња на Република Албанија, без да биде истакнато знамето на Македонија. По преземените мерки, ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка против одговорното лице во училиштето. На подрачјето на СВР Куманово регистриран е еден настан за време на дефиле со возила низ централното градско подрачје. Полициски службеници забележале две лица, од кои едното се дало во бегство, додека другото било задржано. При извршен преглед кај него бил пронајден пиштол марка „Црвена Застава“ и рамка со пет куршуми. Лицето е лишено од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“ по член 396 од Кривичниот законик. МВР продолжува со преземање мерки за целосно расчистување на сите регистрирани настани и постапување согласно законските надлежности, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Напред, либералдемократи!“ – Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година навамуДеветтиот конгрес на Либерално-демократската партија (ЛДП), се одржа во Скопје под слоганот „Напред, либералдемократи!“ .На Деветтиот конгрес на Либерално-демократската партија (ЛДП), кој се одржа во Скопје под слоганот „Напред, либералдемократи!“ на која присуствуваа над 400 делегати и претставници од политичките партии, граѓанските организации, дипломати и останати гости , Моника Зајкова побара да се испита потеклото на имотот на сите избрани и именувани функционери од осамостојувањето до денес. Таа предложи да се утврди што поседувале пред да стапат на функција, што стекнале потоа и дали стекнатиот имот одговара на нивните законски приходи. „Родена сум во 1991 година, годината кога Македонија ја стекна својата независност. Токму од таа година барам да се испита потеклото на имотот на сите избрани и именувани функционери, по јасни законски правила и без селективност“, рече Зајкова. Таа нагласи дека проверката треба да ги опфати и функционерите од ЛДП. „И за нас да важат истите правила“, порача Зајкова. Зајкова зборуваше и за условите што им се потребни на младите за да изградат живот во Македонија. Го посочи субвенционираниот студентски оброк како пример за иницијатива на ЛДП што станала законско решение. Како следни чекори ги издвои усогласувањето на износот на субвенцијата со трошоците за живот и поддршката за младинското претприемништво. Млад човек не треба да избира меѓу својата професија и својата држава“, рече пред присутните Зајкова. Свења Хан, претседателка на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и европратеничка од Германија, во своето видеообраќање ја нагласи поддршката за европската перспектива на Северна Македонија. Хан порача дека земјата ѝ припаѓа на Европа и дека нејзиниот пат кон членство во Европската Унија мора да остане веродостоен и остварлив. „Ви го честитам вашиот деветти конгрес. ЛДП со години ги брани либералните вредности во Северна Македонија“, потенцираше Малик Азмани, потпретседател на АЛДЕ и европратеник од Холандија. Ирена Јовева, европратеничка од Словенија од движењето „Слобода“, се осврна на европската интеграција на земјата и на местото на македонскиот јазик и идентитет во Европа. „Европската иднина на Македонија не смее да биде заложник на билатерални спорови. Но исто така не смее да биде ни заложник на домашни политички пресметки. А македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се пречка за европската иднина. Тие се дел од неа“, истакна Јовева. На конгресот се обратија и Дејвид Чалмерс, претседател на Федералниот комитет за меѓународни односи на британските Либерални демократи, и Маријана Пуљак, пратеничка во Хрватскиот сабор и претседателка на хрватската партија „Центар“. „Без разлика дали Британија е во Европската Унија или надвор од неа, вашата партија има силен и сигурен пријател во британските Либерални демократи. Можеби сме во различни фази на нашиот европски пат, но споделуваме исти вредности, многу заеднички цели и визија за Европа во која сакаме да живеат идните генерации“, рече Чалмерс. „Хрватското искуство нè научи на важна лекција. Влезот во Европската Унија е голема пресвртница, но градењето вистински европско општество е процес што никогаш не завршува. Европа значи слобода, владеење на правото, независни институции и еднакви можности за сите. Тоа се вредностите што нè поврзуваат како либерали“, додвлече Пуљак. Меѓу меѓународните гости беа Јоана Павел од АЛДЕ, Балинт Ѓеваи од Европскиот либерален форум, Кинче Силаш од унгарското движење „Моментум“, Есад Шаиновиќ и Амар Боранчиќ од Либералната партија на Црна Гора, Миодраг Влаховиќ од „Слобода и демократија“, Арис Мовсесијан од Движењето на слободни граѓани и Андреа Беседеш Наѓ, пратеничка во Народното собрание на Србија, како и Елиза Хоџа, Бернард Никај и Бесиане Мусмурати од Демократската партија на Косово. Присуствуваа и претставници на домашните политички партии од власта и опозицијата, дипломатскиот кор, граѓанските организации и медиумите. За придонесот во создавањето и развојот на партијата, ЛДП постхумно им додели плакети на Филип Аврамчев и Велимир Кузмановски. Плакети им беа врачени и на проф. д-р Владимир Петрушевски, Драган Малиновски, Доне Глигориу, Тома Глигориевски и проф. д-р Никола Пановски. Во работниот дел на конгресот делегатите избираат претседател на ЛДП, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаОд 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досегаОд вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... Додека се на боледување, објавуваат слики од плажа или од зимување на планина...Ваквата пракса на злоупотреби што според податоците на Фондот најчесто ги има во државниот сектор надлежните сакаат да ја прекинат, па затоа ги сменија правилата на издавања на боледувања и од вторник, први декември, матичниот нема повеќе од старт да може да потпише една недела дома. Сега матичниот лекар ќе има право првично да даде само пет дена, а за повеќе мора да има преглед и од специјалист за со неговиот извештај и документацијата да може да го продолжи периодот до 15 дена. Од здружението на матични лекари го поддржуваат новиот правилник, но побарале од Фондот да дадат одреден период да се тестира новиот систем како ќе функционира во пракса, бидејќи за одредени боледувања, како што се оние за грижа за дете, може да има технички проблеми. Дали одреден период новиот правилник ќе биде ставен на тест засега не се знае, но покрај построгите критериуми за засилена контрола, новиот правилник предвидува и олеснувања за пациентите. Таков е примерот со олеснувањата за одредени дијагнози за кои нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За тешко болните, неподвижните и тешко подвижните пациенти, како и за лицата кои се на болничко лекување, боледувањето ќе може да се утврди и без физичко присуство на осигуреникот. Според информациите на Фондот најбројни злоупотреби се регистрираат во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во одреден дел како што се јавните болници, статистиката од лани покажува дека секој петти вработен е на боледување, најчесто поради дијагноза - спондоза или болки во грбот. Од ФЗО велат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна анализа, со цел да се осовременат критериумите кои не се сменети речиси 15 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter