Од 1 август, кој вози брзо оди во затвор: Оваа земја воведе нови и построги сообраќајни правила. - Канал 5

Од 1 август, кој вози брзо оди во затвор: Оваа земја воведе нови и построги сообраќајни правила.

Од 1 август 2025 година, Полска значително ги заострува казните за несовесните возачи.

Од 1 август, кој вози брзо оди во затвор: Оваа земја воведе нови и построги сообраќајни правила.

Новите правила се однесуваат на сите – како на домашните, така и на странските возачи, вклучувајќи туристи и професионални возачи.

Полската влада реши да одговори на сè поголемиот број сообраќајни несреќи со воведување построги правила, вклучувајќи и затворски казни за сериозно пречекорување на брзината и нелегални трки. Според новите законски измени, брзото возење и загрозувањето на другите учесници во сообраќајот ќе се третираат како кривични дела.

Можеби ќе ве интересира: Ви тече течност под автомобилот? Еве како да препознаете за што се работи

Доколку возачот ја пречекори дозволената брзина за повеќе од 50% на автопат или брза сообраќајница, или двојно на обични патишта, и притоа ги загрозува другите, може да заврши во затвор до пет години. Во случај на несреќа со смртни последици, казната се зголемува на дури десет години затвор. Можно е и трајно одземање на возилото.

Досегашната казна со одземање на возачката дозвола на три месеци за пречекорување од 50 км/ч, која важеше само во населени места, отсега ќе се применува и на отворени патишта.

Можеби ќе ве интересира: Бројот на регистрации на нови автомобили во Европа со остар пад во јуни

Странците не се исклучени – без разлика дали доаѓаат туристички или професионално, правилата важат еднакво за сите. Полицијата може веднаш привремено да ја одземе возачката дозвола, дури и ако е издадена во странство, и да ја предаде на амбасадата. Доколку возачот ја прекрши забраната, може да му биде изречена доживотна забрана за возење во Полска.

Казните над 70 евра може да се наплатат и во земјата од која потекнува возачот, преку меѓународна соработка на надлежните институции, пренесува Fenix.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер