АвтомобилизамВи тече течност под автомобилот? Еве како да препознаете за што се работиДамка под автомобилот е глетка што ниту еден возач не сака да ја види. Добрата вест е дека постои сценарио за кое можете да воздивнете со олеснување.Ако течноста што истекува од под автомобилот е целосно бистра, без мирис и не е мрсна на допир, тоа е обична вода. Ова најчесто е кондензација од системот за климатизација, што само значи дека вашиот клима уред работи правилно. Неколку капки вода може да се појават и на издувната цевка, што е исто така нормално. Меѓутоа, ако течноста има боја, мирис или е масна, треба да бидете внимателни. Можете да пробате да го идентификувате проблемот според неговата боја, мирис, густина и локација. Како да направите разлика помеѓу течностите? Бидејќи многу автомобилски течности, со тек на време, потемнуваат и стануваат кафеави, бојата не е секогаш најсигурен показател. Сепак, постојат неколку насоки што може да ви помогнат. Течноста за ладење (антифриз): Ако дамката е светло зелена, портокалова, розова или сино-зелена и има сладок мирис, речиси сигурно е дека истекува течноста за ладење. Најчесто се појавува под предниот дел на автомобилот. Причината може да биде лабава стега на цревото, која можете сами да ја поправите со неколку алатки. Ако тоа не го реши проблемот и треба да го однесете автомобилот во сервис, проверете го нивото на течност во резервоарот и дополнете доколку е потребно. Црвена течност: Црвената дамка обично укажува на истекувањето масло за автоматски менувач или течност за серво волан. Бидејќи хидрауличните системи за серво волан стануваат се поретки кај новите возила, овој проблем е помалку веројатно да се појави кај нив. Најлесниот начин е да ја утврдите локација. Ако дамката е под предниот дел на автомобилот, веројатно е течноста за серво волан. Ако е во средината или кон задниот дел, проблемот веројатно е во менувачот. Во секој случај, посетата на механичар е неизбежна. Сина течност: Ретка, лизгава, сина течност обично е знак на истекување во системот за миење на шофершајбната. Може да биде напукнат резервоар, оштетено црево или лошо спојување. Ова не е итна состојба, но посетата на сервисниот центар ќе помогне да се дијагностицира и реши проблемот. Протекувања кои треба веднаш да се сервисираат Постојат течности чие протекување е знак за предупредување и бара итна реакција за да се избегне опасност и поголеми штети. Маслото за сопирачки е една од најважните течности во вашиот автомобил. Додека е ново, може да биде бистро или жолтеникаво, но проверката на густината и мирисот е клучна. Течноста за сопирачките е лизгава и мрсна на допир и има карактеристичен, малку непријатен, мирис на риба. Ако се сомневате дека има протекување на течноста за сопирачки, не возете го вашиот автомобил. Најбезбедно е да се јавите во служба за влечење и веднаш да го однесете кај механичар. Друга клучна течност е моторното масло. Новото масло е златно-кафена боја, но со текот на времето станува темно кафеаво или целосно црно. Дамка од масло ќе се појави под моторот, а ќе го препознаете и по силниот, непријатен мирис. Поради својата густина, создава масни дамки што се многу тешки за чистење од подот на гаражата или влезот. Протекувањата најчесто се предизвикани од напукнат картер, истрошени дихтунзи или оштетен капак на вентилот. Ова е уште еден потенцијално опасен проблем што ја прави посетата на механичар итна и неизбежна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20