3СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?
БалканОчите на САД вперени кон ГрцијаКон грчките води се приближува ирански танкер. САД и дава до знаење на Атина дека доколку има настојување да му се помогне на иранскиот танкер, кој плови кон грчките води , би можело да има последици.Иранскиот танкер кој беше запленет во водите кај Гибралтар пред повеќе од еден месец, конечно исплови од пристаништето и се упати кон грчките води. Штом танкерот со нафта испловил, од Техеран е пратена порака до Вашингтон, ни случајно да не се обидуваат да го запленат танкерот. Меѓутоа САД денес и се заканува на Грција, кон чии води се приближува танкерот. Како што наведуваат од Стејт департментот „САД јасно ставија до знаење секакво настојување да се помогне на иранскиот танкер, кој плови кон грчките води откако е ослободен во Гибралтар, значи поддршка за оние кои САД ги смета за терористи и може да има и потенцијални кривични последици. Од САД тврдат дека танкерот носи нафта за Сирија и дека со превозот на нафтата се помага на Исламската револуционерна гарда која САД ја смета за терористичка организација. Танкерот „Adrian Daria 1“ отплови од гибралтарското пристаниште доцна во недела и податоците за следење на бродови покажуваат дека плови кон Каламати во Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБразилскиот селектор Анчелоти повика 15 фудбалери помлади од 23 години Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, денес го објави составот за пријателските натпревари против Јапонија и Сингапур во ноември.Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, денес го објави составот за пријателските натпревари против Јапонија и Сингапур во ноември, продолжувајќи го процесот на подмладување на националниот тим по разочарувачкиот настап на Светското првенство. На 14 ноември, Бразил ќе игра против Јапонија во Сингапур, додека три дена подоцна ќе се соочи со домаќинот. Во составот има девет играчи на олимписка возраст и вкупно 15 фудбалери помлади од 23 години, што потврдува дека Анчелоти продолжува со подмладувањето на тимот. Стручниот штаб реши да ги поштеди играчите на клубовите кои се борат за трофеи во домашните натпреварувања, па на списокот нема играчи од Палмеирас, Фламенго и Атлетико Минеиро. Список на Бразил: Голмани: Бенто (Ал Наср), Лукас Пери (Торино), Педро Мориско (Коритиба) Одбрана: Артур Диас (Атлетико Параненсе), Карлос Аугусто (Интер), Даглас Сантос (Зенит), Габриел Магалес (Арсенал), Жаир Куња (Нотингем) (Нотингем) Витор Реис (Манчестер Сити), Весли (Рома) Среден ред: Андре (Коринтијанс), Андреј Сантос (Манчестер Јунајтед), Бруно Гимараеш (Арсенал), Данило (Ботафого), Габриел Бонтемпо (Сантос), Жоао Гомеш (Астон Вила), Марлон Гомеш (Шахтар Сити), Атанак (Шахтар) Естевао (Челзи), Рафиња (Барселона), Рајан (Борнмаут), Ендрик и Винисиус Јуниор (Реал Мадрид).Тагови: Бразил Карло Анчелоти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБез јасен победник на изборите во Кнесетот. Претстојат преговори за обезбедување мнозинствоПо пребројувањето на гласовите од парламентарните избори во Израел нема јасен победник, двата главни блока се далеку од мнозинство во Кнесетот со 120 места.Блокот предводен од партијата ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху доби 53 места во Кнесетот, додека опозицискиот блок, предводен од партијата Јашар на поранешниот началник на генералштабот на изреаелската армија - Гади Ајзенкот, доби 48. Арапските партии обезбедија рекордни 19 места. Овој резултат значи дека Израел се соочува со веројатно тежок период на преговори за формирање влада, а не се исклучува и влада на национално единство бидејќи голем дел од еврејските партии одбиваат да коалицираат со арапските. Израелскиот претседател Исак Херцог ќе одржи консултации со лидерите на партиите избрани во кнесетот пред да ја додели задачата за формирање на влада на кандидатот за кој верува дека има најдобри шанси да обезбеди доволна поддршка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождовиВо познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната. Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу. Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат. Nevşehir Kapadokya'da peribacası çöktü. ▪️Ölü ve yaralılar olduğu bildiriliyor. https://t.co/4Kw3iBNdtV — Notify (@notifyhome) October 29, 2026 Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook