Очекуван пораз на Макс Струмица на гостувањето кај Мешков Брест во СЕХА лигата - Канал 5

Очекуван пораз на Макс Струмица на гостувањето кај Мешков Брест во СЕХА лигата

Ракометарите на Макс Струмица претрпеа нов пораз во натпреварите од СЕХА лигата откако вечерва загубија на гостувањето во Белорусија од Мешков Брест со 39:20. Ова за екипата од Струмица беше 13. пораз во 15-тиот одигран натпревар. За домаќинот ова беше осма победа и тимот од Белорусија се наоѓа на 5.место на табелата во СЕХА лигата. Најефикасен на дуелот беше Дмитри Камшик со 10 голови, а кај Макс Струмица најмногу голови постигна Милан Левов – 8.

Очекуван пораз на Макс Струмица на гостувањето кај Мешков Брест во СЕХА лигата
Следниот натпревар од СЕХА лигата се игра во петок, а македонскиот првак Вардар гостува во Бања Лука кај Борац, додека следниот ден Макс Струмица ќе игра на теренот на шампионот Веспрем. Во сабота на 6 февруари е дуелот меѓу Нексе и Вардар.

Табела: Веспрем 34 бодови, Вардар 34, ППД Загреб 30, Татран Прешов 27, Мешков Брест 24, Нексе 21, Војводина 11, Борац 10, Спартак 10, Макс Струмица 2.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Извештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.

Извештајот на ЕК  пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката. Денеска предмет на собраниска расправа е и работната верзија на предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница. Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска  престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската Унија. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања Очи в очи со народот

ВМРО-ДПМНЕ почнува активности на терен, односно оди во сите населени места да се сретне со граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања Очи в очи со народот

До крајот на годината претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат интензивни посети на општинските комитети на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија смета дека само на директни средби може да се слушне реалната ситуација или постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати.

На средбите ќе се разговара за реализираното, дали е испочитуван рокот бидејќи само така може да следат резултати. А тоа е начин и за подобро функционирање на надлежните и поголемо задоволство кај граѓаните.

Целта е едноставна, да се разговара и да се слушне од граѓаните за она што функционира и за она што не функционира.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која смета дека напредокот мора да се види во реалноста, бидејќи нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери.

И ВМРО-ДПМНЕ нема да сопре тука, на пролет продолжува со трибини меѓу граѓаните од село во село, од град во град, сè со една цел подобра иднина за секој еден граѓанин.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер