Обвинувања и контраобвинувања - трагедијата во Кочани и натаму ги бранува партиите - Канал 5

Обвинувања и контраобвинувања - трагедијата во Кочани и натаму ги бранува партиите

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебните прозивки за трагедијата во Кочани. 

Кочани

Опозициската СДСМ бара од власта неселективна одговорност за сите поранешни, но и сегашни функционери и службеници и прашуваат зошто актуелниот директор на ДПИ не е опфатен со истрагата. Од ВМРО-ДПМНЕ со одговор дека СДСМ повторно ја користи трагедијата за политичка пресметка, но недлежни продолжуваат со напорна работа и истраги, без оглед на политичка или етничка припадност.

- Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се опфатени со истрагата поради наводно непостапување. Логично се наметнува прашањето зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски не е опфатен со истрагата? Иако носи дури и поголема одговорност за надзорот врз објектот „Пулс“ во период пред и за време на кривично-правниот настан, изјави Фрчкоски.

- Кога СДС зборува за селективна правда, треба да одговори и зошто никој не беше одговорен за смртта на 14 пациенти во модуларната болница во Тетово? Зошто ниту еден министер не поднесе оставка по трагедијата во Бугарија со автобусот на Беса Транс? Зошто обвинителството тогаш громогласно молчеше додека државата тонеше во корупција? Одговорот е еден: затоа што се беше под нивна целосна контрола во функција на грабеж на Македонија. реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ, пак, продолжија со критики до власта и премиерот за политички прогон наместо, како што велат, неселективна истрага, по апсењето на екс министерот од нивните редови, Крешник Бектеши.

-Ова е политички прогон, а не истрага. Наместо да се соочи со прашањето како објектот работел цела година со фалсификувана лиценца, преполн со малолетници, со пиротехника и без дозвола, власта апси поранешен министер – кој одамна нема надлежност – само затоа што не е „нивни“. Во држава каде што целото општество е во тага, Премиерот на јавна сцена демонстрира вулгарни закани, влечење за уши и нарачува апсења пред камера. Не за да донесе правда – туку за да ја прикрие вистината, велат од ДУИ.

Наместо да се извинат и да помогнат се обидуваат да го политизираат и етнизираат случајот, им одговори премиерот Мицкоски на „интегративците“ кој изрази жалење што ДУИ не излегла од матрицата која што ја гледаме повеќе од 20 години.

-Наместо да изрази сочувство и да се вклучи во истрагата и да помогне, тие се обидуваат да го политизираат и етнизираат. Се обидуваат на глодарски начин да добијат политички поен. Нека им служи на чест, а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да се грижиме и да се бориме против ваквото девијантно однесување. Ќе претресеме се и ќе извадиме се за она што се случувало во минатото. ДУИ повеќе од 20 години беше дел од системот во минатото и барем едно извинување требаше да им даде на граѓаните. Очекував поголемо сочувство од нив, кажа Мицкоски.

Во одбрана на Бектеши јавно застана и неговиот сопартиец и поранешен шеф на дипломатијата Бујар Османи кој на социјалните мрежи напиша дек тој е политички затвореник и, како што вели, редок случај каде Албанците и Македонците се согласуваат за неправдата што му се прави. Неодамна на социјалните мрежи се огласи и сопругата на Бектеши со порака дека нејзиниот сопруг ниту бил причина за пожарот, ниту бил на должност во моментот кога се случила трагедијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралицата Елизабета напишала писмо кое што не смее да се отвори до 2085.- ниту семејството не знае што напишала

Секој ден, илјадници жители и туристи минуваат низ мермерните аркади на зградата „Кралица Викторија“ (QVB), во срцето на Сиднеј. 

Кралицата Елизабета напишала писмо кое што не смее да се отвори до 2085.- ниту семејството не знае што напишала

Меѓу луксузните излози, звукот на чекорите и светлината што се филтрира низ украсните витражи од 19 век, малкумина забележуваат дека над нивните глави, во заштитен простор во близина на централната купола, се наоѓа временска капсула од кралската историја.

Станува збор за рачно напишано писмо од кралицата Елизабета II, составено во ноември 1986 година. Откако било запечатено, неговата содржина останала една од најдобро чуваните тајни на Комонвелтот. Според сведоштвата и историските записи, дури ни најблиските советници на британскиот монарх и членовите на дворот не знаеле точно што е напишано писмото на хартијата.

Единствената трага за тоа за кого било наменето писмото се наоѓа на надворешната страна од пликот, на кој самата кралица оставила јасна, речиси церемонијална инструкција до тогашниот градоначалник на Сиднеј и идните жители на овој австралиски град.

„На ден што ви одговара, во 2085 година од нашата ера, ве молам да го отворите овој плик и да ја пренесете мојата порака до луѓето од Сиднеј“, напиша кралицата.

Под овие редови е нејзиниот потпис: „Елизабет Р.“

Споменик што избегна уривање

За да се разбере значењето на овој гест, потребно е да се осврнеме на турбулентната историја на самата зграда.

Зградата „Кралица Викторија“, која зафаќа цел градски блок ограничен со улиците Џорџ, Маркет, Јорк и Друит, е отворена во 1898 година. Изградена е во чест на кралицата Викторија, прапрабаба на Елизабета II, и е дизајнирана како архитектонски симбол на градот.

Особено е забележлива нејзината двојна централна купола, од која едната е обложена со стакло одвнатре и бакар однадвор, како и оригиналното скалиште од 19 век кое доминира во внатрешноста.

Во текот на децениите, зградата ја променила својата намена и сместувала различни објекти - од концертни сали и кафулиња до изложбени простори, деловни канцеларии и магацини.

Сепак, до средината на 20 век, нејзината поранешна слава почна да бледнее. Зградата „Кралица Викторија“ беше на работ на уривање, бидејќи плановите за модернизација на Сиднеј предвидуваа нејзино срамнување со земја.

За да се спречи ова, беше потребна упорна борба на граѓаните, архитектите и активистите, кои се залагаа за зачувување на овој историски споменик.

Во 1986 година, по големиот проект за реставрација што ја врати зградата во нејзиниот оригинален сјај, кралицата Елизабета II напиша писмо за да го означи завршувањето на работите.

Изборот на 2085 година не беше случаен. Овој датум се совпаѓа со истекот на 99-годишниот закуп на имотот, кој беше потпишан во тоа време, што на некој начин ја поврзува иднината на зградата со пораката на британскиот монарх.

Чекање што трае речиси еден век

Кралицата Елизабета II почина во септември 2022 година, на 96-годишна возраст, со што заврши нејзиното историско седумдецениско владеење.

Оттогаш, запечатеното писмо во Сиднеј доби нова, подлабока емоционална и историска димензија. Тоа повеќе не е само порака од жив монарх, туку еден вид мост помеѓу минатиот век и светот што допрва доаѓа.

Градоначалникот на Сиднеј ќе мора да почека уште шест децении пред да го отвори пликот во 2085 година и да открие што кралицата сакала да им каже на граѓаните.

Што ќе прочитаат жителите на градот тогаш? Историчарите и кралските набљудувачи шпекулираат дека писмото би можело да содржи изрази на благодарност до граѓаните на Сиднеј кои се бореле да го зачуваат овој архитектонски бисер, но и желби за мир, напредок и просперитет за Австралија во 21 век.

Дотогаш, писмото ќе остане заклучено во својата заштитена стаклена кутија, подалеку од љубопитните очи.

Во време кога информациите се шират речиси веднаш, а приватноста и тајните се сè потешки за чување, пораката на кралицата Елизабета II нè потсетува на вредноста на трпението и исчекувањето - и дека постојат приказни за кои вреди да се чека речиси еден век за да бидат раскажани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседaтелката Сиљановска Давкова утре ќе учествува на надзорната расправа за „Алта банка“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре ќе присуствува на надзорната расправа посветена на „Алта Банка“. 

Претседaтелката Сиљановска Давкова утре ќе учествува на надзорната расправа за „Алта банка“

Како што потврдија од нејзиниот кабинет за Канал 5, нејзината агенда била прилагодена да може да биде присутна на расправата, која почнува во 11 часот во Комисијата за финансирање и буџет, а потоа да се посвети на активностите за состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони в петок, а чиј домаќин е таа. Денеска од СДСМ ја прозваа Сиљановска дека по втор пат не одговорила на поканата за присуство на надзорната расправа.

На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте со предупредување: Подгответе се за војна

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повикува земјите-членки да ги подготват не само своите вооружени сили, туку и нивното цивилно население за евентуална војна!

Руте со предупредување: Подгответе се за војна

Според него, подготвеноста бара соработка меѓу компаниите, државните институции, локалните заедници и граѓаните, објави Илталехти.

Руте зборуваше за ова прашање на состанокот на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин. Покрај Финска, тој ги наведе Норвешка, Шведска и Данска како примери, кои, според него, се пред другите земји во однос на подготвеноста.

„Можеме да учиме од најдобрите примери во НАТО, а мислам дека тоа се сè уште Норвешка, Шведска, Данска и Финска.“

Руте повика граѓаните да бидат јасно информирани за тоа како да дејствуваат во случај на војна, како и да се подобри соработката меѓу полицијата, службите за итна медицинска помош и службите за спасување со вооружените сили.

Руската закана сè уште постои

Руте, исто така, предупреди дека заканата што ја претставува Русија нема да исчезне дури и ако заврши војната во Украина. Според него, руската воена индустрија работи со полн капацитет, а воената економија на земјата продолжува да расте.

Руте, исто така, се осврна на непријателските активности насочени против земјите од НАТО. Тој, меѓу другото, спомена палење фабрики, саботажи на железници и аеродроми, напади врз бродови и сајбер напади.

Тој, исто така, особено го истакна падот на руските ракети на полска територија и упадите во поморските простори на Романија и Бугарија.

Генералниот секретар, исто така, повика на зголемување на производството на оружје. Според него, земјите од НАТО би можеле да произведат околу четири милиони артилериски гранати следната година, што е речиси двојно повеќе во споредба со 2025 година.

Производството треба да се зголеми и кога станува збор за системи за воздушна одбрана, беспилотни летала и средства за нивно неутрализирање, како и прецизно оружје со долг дострел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер