Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
1Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
МакедонијаОбвинителството ќе ја чека писмената пресуда на Ферати па ќе одлучува за жалбаОбвинителството ќе ја чека писмената пресуда со која судијата Ељведин Ферати му досуди само две години затвор на Менсур Пајазити кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово, па ќе одлучи дали ќе поднесе жалба.Обвинителството ќе ја чека писмената пресуда со која судијата Ељведин Ферати му досуди само две години затвор на Менсур Пајазити кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово, па ќе одлучи дали ќе поднесе жалба, иако според информациите на Канал 5, обвинителот во случајот првично смета дека има основ на жалба. Менсур Пајазити се гонеше по член 300 од КЗ Тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот со смртни последици, но по ставовите дека делото е сторено од небрежност, казната се движи од една до 5 години затвор, за разлика од случајот со Фросина Кулакова каде обвинетиот Васил Јованов се гони по членови кои предвидуваат минимум 4 години затвор, до максимални 20. Адвокатката на семејството на Теодора, Наташа Ѓорчевска не гледа пропусти во постапувањето на тетовските судии кои ја водеа првичната и повторената постапка, туку во одлуките на гостиварска апелација и Врховен суд, со што Менсур Пајазити во повторената постапка признал вина на старт на судењето кое судот го сметал како олеснителна околност. -Во одмерувањето на казната никогаш не можеме да бидеме задоволни. Апелациониот суд Гостивар и Врховниот суд на РМ му дадоа можност на Менсур да си ја повтори постапката и отпочеток да си даде некое си признание на вина пред судот во Тетово и на тој начин да се смета како олеснителна околност. Во првата постапка тој не даде признание на вина во моментот како што предвидува ЗКП на првото прашање од судот, туку тоа го направи во завршен збор и затоа беше одмерена таа висина на казната. Со повторувањето на постапката која како можност му ја даде Врховниот суд на РМ тој го даде признанието сега на почетокот на постапката и тоа судот го рачуна како олеснителна околност,- изјави - Наташа Ѓорчевска – Адвокат. Пајазити првично е осуден на 3,6 години затвор, казна која Апелација Гостивар ја намалува на 2 години откако вишата обвинителка Вјолца Елмази предложила да му се уважи жалбата на Пајазити и да му се изрече поблага санкција. Но, по жалбата на обвинетиот, и оваа пресуда Врховен ја укинал откако утврдил недоследности околу признанието на вина и изведувањето на доказите. Повтореното судење, по неколку одлагања, заврши со едно рочиште, откако Пајазити призна вина, а судот му одреди казна од 2 години – исто колку што Апелација му ја намали во претходната постапка. По реакциите во јавност Судскиот совет најави дека ќе изврши увид во пресудата што ја одреди судијата Ељведин Ферати, а останува незивесно дали Обвинителството ќе ја обжали на Апелација.Тагови: Теодора Ристовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврскаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир. Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните. „Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев. Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена. Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации. „Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски. На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за растВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст. За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план. Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски. Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции. За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски. Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија. ВЛЕНТагови: ВЛЕН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаБројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуелШкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook