Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери
1Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери
ЖивотОбвинет дека ги убил своите родителиКајл Невин е обвинет дека минатата година ги убил своите родители Џефри и Џенет Невин, откако му се заканиле дека од нив нема да добие никаква финансиска поддршка, бидејќи бил тежок зависник од хероин. Телата на убиените луѓе се пронајдени затрупани со листови во дворот на куќа во Вестон, минатиот октомври, три месеци по исчезнувањето.Кајл се изјаснил дека не е виновен, а денеска на суд треба да соопшти дали ќе се спогоди со обвинителите или ќе се одржи судење. Ако биде потврдена бината, тој оди во затвор до крајот на животот. Телата на Џефри и Џенет Невин биле пронајдени во двор од напуштена куќа минатиот октомври, затрупани со лисје, три месеци откако биле прогласени за исчезнати. Истрагата покажала дека претходно биле застрелани со огнено оружје. Според полицијата, мајката на Кајл била исклучително вознемирена што нејзиниот син станал зависник од дрога. Двајцата родители му се заканиле на Кајл дека ќе го исклучат од тестаментот. / извор: fox61.comКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТурци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек.Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек, а потоа и за принудување да се откаже од градежните работи што ги извршувал во овој град, објави Коха. Според судот, осомничените М. Д, М. Д. Г, С. К, Р. О. и М. П. се товарат за кривични дела лесна телесна повреда, принуда и незаконско лишување од слобода. Се сомнева дека на 1 ноември, околу 7:20 часот наутро, тие го пресретнале мажот по име С. Б. во Призрен, блокирајќи му го патот со комбе. После тоа, наводно физички го нападнале, го удирале со тупаници и клоцале, а за време на нападот користеле и ножеви, нанесувајќи му девет убодни рани и исеченици на несреќниот човек. По нападот, осомничените, според сомневањата на истражните органи, насилно го ставиле во комбе, му ставиле вреќа на главата и го однеле во приватна куќа во Приштина. Таму го држеле против негова волја околу десет часа, заканувајќи се и притискајќи го. Според обвинителството, целта на осомничените била да го принудат мажот да ги запре градежните работи на објектите на компанијата во Призрен, да ги отстрани работниците од градилиштето и да ја напушти земјата. Истиот ден, помеѓу 17 и 17:30 часот, осомничените наводно го вратиле во Призрен, исто така со вреќа преку главата, и го оставиле на улица, по што му била укажана помош во Регионалната болница во Призрен. Случајот бил пријавен во полиција откако на 3 ноември преку оперативни канали било примена снимка од нападот од надзорни камери, на која се гледа како пет лица физички напаѓаат маж, а потоа го насилно внесуваат во возило. Полицијата следниот ден ја идентификувала жртвата и преку интензивна истрага ги лоцирала и уапсила петмината осомничени. Судот им одредил едномесечен притвор по барање на обвинителството, оценувајќи дека постои ризик од бегство, бидејќи осомничените се странски државјани кои привремено работат во Призрен. Исто така, било оценето дека тие би можеле да влијаат врз оштетената страна и потенцијалните сведоци, како и да го попречат понатамошниот тек на истрагата.Тагови: камери Призрен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЌерката на Кетрин Зета- Џонс во проѕирен фустан, ја имитира мајка си (ФОТО)Керис Даглас за состанок во Њујорк избра топ кој е постар од неа. На настанот на „Гучи“ и „Мода Операнди“, 23-годишната девојка носеше проѕирен црн топ од чипка со длабоко деколте, заедно со мини здолниште и хулахопки. Парчето е од времето кога Том Форд дизајнираше за „Гучи“, а Керис не го бараше во продавниците за винтиџ. Како што објавува „Пејџ Сикс“, таа го позајмила од плакарот на нејзината мајка, Кетрин Зета-Џонс. Кетрин Зета-Џонс, го носеше истиот топ во 1996 година на премиерата на филмот „Долгото збогување“, но го комбинираше поинаку. Под проѕирната чипка носеше црн топ без прерамки, со панталони направени од истата чипка. Топот на „Гучи“ е од деведесеттите години, но проѕирната црна чипка е во тренд оваа есен. Сен Лоран ја покажа во раскошни вечерни фустани, додека Кајт искомбинираше црн топ од чипка со кадифени панталони. Чипка видовме и надвор од пистата. Зои Кравиц пристигна на ревијата на Сен Лоран во проѕирен црн кардиган со врзување и здолниште од чипка во иста боја, а Хејли Бибер носеше топ од чипка со хулахопки со ист цветен дезен.Тагови: Кетрин Зета-Џонс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо МААЕ се загрижени поради иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан МААЕ не ја знае точната локација или статус на иранскиот објект за збогатување ураниум во Исфахан, ниту дали содржи нуклеарен материјал. Иран го прогласи објектот минатата година, но сè уште не им дозволил пристап на инспекторите, според извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија што го виде Ројтерс. Недостатокот на информации и неможноста за проверка на нуклеарниот материјал се сериозна загриженост во врска со нуклеарната пролиферација, се вели во извештајот. Иран не им дозволил на инспекторите да се вратат во нуклеарните објекти што Израел и САД ги бомбардираа во јуни минатата година, објави Ројтерс. Меѓу целите беше мрежа од тунели во Исфахан, за која дипломатите веруваат дека го содржи Иранскиот објект за збогатување гориво (IFEP). Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, претходно изјави дека значителна количина од високо збогатениот ураниум на Иран веројатно се наоѓа во комплексот на тунели во Исфахан. Агенцијата повторно го повика Иран да обезбеди податоци за своите нуклеарни објекти и залихи на високо збогатен ураниум, како и да им дозволи на инспекторите да се вратат на бомбардираните локации.Тагови: МААЕ ураниум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook