ОБСЕ апелира на деескалација и заштита на дипломатските мисии во Украина - Канал 5

ОБСЕ апелира на деескалација и заштита на дипломатските мисии во Украина

Парламентарниот тим за поддршка на Украина на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПСУ) денеска изрази сериозна загриженост за ескалацијата на безбедносната ситуација во Украина .

ОБСЕ апелира на деескалација и заштита на дипломатските мисии во Украина

Парламентарниот тим за поддршка на Украина на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПСУ) денеска изрази сериозна загриженост за ескалацијата на безбедносната ситуација во Украина и повика на итна деескалација, заштита на дипломатските мисии и почитување на меѓународното право, се вели во заедничкото соопштение.

Тимот, предводен од Ненси Фезер од Германија, оцени дека неодамнешните изјави на високи руски претставници за можна употреба на оружје за масовно уништување и интензивирање на нападите врз Киев придонеле за зголемен ризик од понатамошна ескалација.

Во соопштението, исто така, се наведува дека предупредувањата на Москва до странските држави да го повлечат дипломатскиот персонал од Киев, заедно со заканите за „систематски напади“ врз украинскиот главен град, дополнително ја загрозуваат стабилноста и ги поткопуваат напорите за деескалација.

ПСУ потсети дека дипломатските мисии мора да бидат заштитени во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи и дека цивилите, цивилната инфраструктура и културното наследство мора да бидат заштитени според меѓународното право.

Исто така, беше нагласено дека суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници мора да се почитуваат.

Парламентарниот тим ги поздрави напорите на Соединетите Американски Држави, земјите-учеснички во ОБСЕ и другите меѓународни партнери за намалување на тензиите.

Во соопштението се повикува Руската Федерација да се воздржи од понатамошно ескалирање на реториката и заканите, да ја обезбеди безбедноста на дипломатските мисии, целосно да ги почитува своите обврски според ОБСЕ и меѓународното право и конструктивно да се вклучи во процесите за намалување на тензиите.

Руското Министерство за надворешни работи претходно објави дека руската војска започнува систематски напади „врз објекти на украинскиот воено-индустриски комплекс, центри за донесување одлуки во Киев и командни места“.

Руското министерство ги повика странските државјани, вклучително и персоналот на дипломатските мисии, што е можно поскоро да го напуштат Киев и ги предупреди жителите на градот да се држат подалеку од воената и административната инфраструктура, објави РИА Новости.

Во соопштението се вели дека „последната капка“ што довело до одлуката за започнување на таков напад бил нападот на украинските сили врз Старобилск во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), кога загинаа повеќе од 20 лица, а повеќе од 40 беа ранети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре отворен ден во О. Карпош

Во среда (29.07.2026), од 13:00 до 17:00 часот, во холот во Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски и раководителите од општинските сектори, ќе одржат средба со граѓаните на Карпош. 

Утре отворен ден во О. Карпош

Отворениот ден во Општина Карпош , ќе се реализира по втор пат изминатиот период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Силен земјотрес во Јапонија: Има повредени; железничкиот сообраќај е во прекин

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала денеска го погоди Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Видео: Силен земјотрес во Јапонија:  Има повредени; железничкиот сообраќај е во прекин

Епицентарот на земјотресот бил на островот Кјушу на југот од земјата, на длабочина од 10 километри и на 25 километри од градот Кумамото.

Според јапонските медиуми, неколку лица се повредени.

По земјотресот, железничкиот сообраќај во регионот Кјушу, вклучително и оној на брзиот воз „Шинкансен“, беше прекинат, соопшти компанијата „Кјушу рејлвеј“, пренесе агенцијата Кјодо.

Компанијата „Кјушу“ соопшти дека не се утврдени неправилности во нуклеарните централи „Генкаи“ во префектурата Сага и „Сендаи“ во префектурата Кагошима. Исто така, беше соопштено дека нивоата на радијација околу мерните станици не претрпеле промени.

Американскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) соопшти дека опасноста од цунами по земјотресот поминала и дека не постои закана од цунами за јапонскиот брег.

Според сведоштва објавени на веб-страницата на EMSC, се почувствувало нишање што траело неколку секунди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на Франција

Легендарниот фудбалер Зинедин Зидан официјално стана новиот селектор на Франција.

Зинедин Зидан официјално преставен како нов селектор на Франција

Она што беше објавено уште во ноември, сега доби официјална потврда.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, легендарниот Французин Зинедин Зидан, го наследи Дидие Дешам на клупата на „триколорите“, со што заврши една од најдолгите и најуспешните ери на селекција во модерниот фудбал.

Во соопштението се наведува дека Зидан ќе биде селектор на Франција до крајот на Светското првенство во 2030 година. Дешам ја водеше Франција 14 години. Својот најголем успех го постигна со освојувањето на Светското првенство во 2018 година, додека со репрезентацијата ја освои и Лигата на нации во 2021 година.

Зидан е без тренерски ангажман уште од 2021 година, кога го напушти „Кралскиот клуб“. Со популарниот Зизу како играч, започнаа годините на доминација на француската репрезентација.

Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“ – повторно со Зидан во составот – стигнаа и до финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија. Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство. Пред него е задачата да ја одржи таа континуираност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер