Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“
2Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“
Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
2Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
Кинезите претставија хуманоидни роботи, кои имаат кожа на лицето и работат како презентери, асистенти, фитнес тренери (ВИДЕО)
2Кинезите претставија хуманоидни роботи, кои имаат кожа на лицето и работат како презентери, асистенти, фитнес тренери (ВИДЕО)
МакедонијаOбраќање на претседателката Сиљановска-Давкова на осмиот Париски мировен форумТранскрипт од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Транскрипт со превод на македонски јазик од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на посебниот панел „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните генерации“ со којшто модерираше Мишел Дикло од „Институтот Монтејн“, а во рамки на нејзиното учество на осмиот Париски мировен форум. Модератор Мишел Дикло: Дами и господа, добро утро. Големо задоволство и чест ми е да Ве поздравам, госпоѓо претседател. Ви беше даден избор и Вие ја избравте темата „Младите и процесот на интеграција во Европската Унија“. Младите во Вашата земја и во регионот на Западен Балкан. Можеби моето прво прашање ќе биде многу едноставно. Зошто ја избравте оваа тема? Зошто ова e важно од Ваша гледна точка? Претседателката Сиљановска-Давкова: Веројатно сите го слушнавте прашањето, зошто ја избрав оваа тема. Дозволете ми, да објаснам зошто. Неодамна имав предавање на Универзитетот „Колумбија“, а насловот на моето предавање беше „Маратонот на Западен Балкан кон Брисел или Чекајќи го Годо“. Зошто ја избрав оваа тема? Бидејќи е добро познато дека ние, на Балканот, отсекогаш сме биле дел од Европа, не само географски, туку историски и културно. Значи, ја сметам оваа поделба, Исток и Запад, за вештачка и мислам дека денес ова е сосема нормален предизвик за оние во семејството на ЕУ да нè прифатат назад во нашиот дом и затоа интеграцијата ја нарекувам реинтеграција или повторно обединување. Тоа е толку нормално и го сметам тој политички влез во ЕУ за круна и затоа не ги заведував моите студенти учејќи ги, можеби не знам повеќе од 30 години, за инспиративниот, sui generis политички систем на ЕУ, не на држава, туку и верував во тоа. Имено, она во што верувам се Копенхагенските критериуми и она во што верувам е владеењето на правото наместо владеењето на човекот. Затоа, како поранешен долгогодишен член на Венецијанската комисија, минатата недела, во мојот говор реков дека се боревме против владеењето на човекот или против Шајлоци или против венецијанските трговци. Затоа денес, соочени со безбедносни проблеми, бидејќи не зборуваме само за прашањето на проширувањето, бидејќи денес ЕУ мора да биде поголема, посилна, подлабока и ние сме први на тој пат до неа бидејќи Западен Балкан е тука, и покрај фактот дека можеби некој би можел да ми го објасни значењето на оваа синтагма „Западен Балкан“. Навистина не знам што значи бидејќи прво, во 2000 година, се дефинираше како поранешни југословенски држави коишто не беа дел од НАТО и од ЕУ. Потоа, кога Словенија влезе во ЕУ, можете ли да замислите промена на географијата? Минус Словенија плус Албанија, потоа минус Хрватска плус Косово и денес не знам што значи, веројатно Вие знаете подобро од мене, како експерт за геополитика, а јас ја сметав и сè уште ја сметам за периферија на периферијата на Европа. Но, кога велам дека припаѓаме на Европа, го имам на ум дури и името. Европа, малата Европа е од овој регион, од балканскиот регион, и беше киднапирана од Зевс, како што знаете, кој беше трансформиран во бик. Значи, нормално, мислам дека бевме и би сакале да бидеме во ЕУ. И по толку години, за време на комунистичкиот период, охрабрувајќи се да се стави крај на таа транзиција кон комунизам, утописка транзиција, навистина верувам дека не влегуваме во друга транзиција. Но, мојата земја стана или доби или и беше даден статус на кандидат во 2005 година. Значи, бебињата сега се 20-годишни студенти, мои студенти и сè уште чекаат одговор на нашето основно прашање. Заглавени сме, сме во прокрустов кревет, ние сме, не знам што, пред вратата на Брисел и навистина многу политичари би сакале или не би сакале, да звучам многу како поетите коишто велат дека ЕУ е недовршена симфонија без Западен Балкан или дека е Ахилова пета. Но, јас сум во Париз и не очекувам на оваа конференција, Ахил да биде погоден од Парис како што беше во митологијата. Модератор Мишел Дикло: Но, каква е важноста на младите во тој поглед? Претседателката Сиљановска-Давкова: Точно, младите во Западен Балкан не се или не персонифицираат бунтовници без причина, туку бунтовници со причина. Всушност, учејќи ги не само компаративно уставно право, туку и компаративни политички системи, дури и за време на поранешна Југославија тој предмет постоеше на нашите факултети, тие се препознаваат себеси како Европејци. Нивната перцепција е и моја перцепција ‒ ние се перципираме себеси како Европејци. За жал, се соочуваме, сите овие 30 години, со егзодус ‒ најпаметните студенти, најдобрите студенти заминуваат од Западен Балкан. Можеби една третина од населението го напушти Западен Балкан. Зошто? Водени од мотото ubi bene, ibi patria. Ако е подобро во Франција, тие се подготвени да одат во Франција. Тоа е една од причините. Но, искрено, кога влеговме во транзиција и во демократска консолидација, заборавивме на она на што еднаш предупреди Дарендорф, дека може да се промени Уставот, можеби може да се воведе и либерална економија, но за функционална демократија се потребни децении. И влеговме како lupus in fabula, неподготвени. Товарот беше авторитарното наследство или можеби титоизмот, како бонапартизмот, на пример. Потоа политичката култура, многу патријархализам и парохијализам. Потоа кревко граѓанско општество. Потоа партитократија, италијански систем, модел којшто вели дека не можете да видите каде завршува партијата, а каде почнува државата. Два моќни поединци и ранливи или кршливи институции. Значи, процесот на донесување одлуки се наоѓа во одредени личности. А потоа предупредувањето на Лорд Актон дека секоја моќ се заканува да корумпира. Апсолутната моќ апсолутно ги корумпира луѓето. Потоа профилот на лидерите ‒ криза на лидерите. Лидери коишто не беа посветени на Res publica, туку сакаа да се збогатат преку ноќ. Исто така, во овој процес на поделба на власта, моќта најчесто беше во извршната власт, во владата. Британските научници или луѓе велат дека премиерот е luna inter stellas minores, дека е месечина меѓу мали ѕвезди. Но, на Балканот, понекогаш тие беа како Амон Ра, како Сонцето, толку моќни. Исто така, меритократијата беше нешто заборавено и се појави расипан систем. Понекогаш кога сакам да звучам цинично, велам, што би сакале? Она што би го сакале, можеби, затоа што во Америка, имаше еден убиен претседател, Гарфилд, од страна на незадоволен член, можеби, не знам, кој го поддржуваше. И потоа го усвоија Законот Пендлтон, велејќи дека, да, како што имате тука одлично училиште. Видов во Вашата биографија дека бевте таму. Значи, она што ни треба е меритократија наместо расипан систем. Затоа што тогаш посветени војници на партиските лидери ги заземаат најважните позиции, а најдобрите студенти ја напуштаат земјата. Морам да кажам дека ја изгубија надежта што секогаш умира последна или никогаш не умира. Зошто? Чекање, чекање да започне или чекање да стане членка на ЕУ. Тоа е обесхрабрувачко за нив. А, можете ли да замислите, во моментов видов некои податоци, 40, повеќе од 45 проценти од младите македонски лица мислат дека никогаш нема да станеме членка на ЕУ. 48 проценти. Но, ако го споредите ова со 90-тите, тогаш процентот беше поголем. Зошто? Поради двојните стандарди, односно поради нешто што професорот Џозеф Вајлер, Американец, добро го знаете, вели дека понекогаш овој процес на проширување го потсетува на игра меѓу богат и сиромашен брат, а богатиот вели: слушај и прави. Но, тој исто така мисли, и се согласувам со него, дека можеби ние, кандидатите за ЕУ или кандидатите за кандидати, исто така се грижиме за ЕУ и можеби имаме некои идеи коишто би можеле да бидат слушнати. Модератор Мишел Дикло: И да дадете придонес. Претседателката Сиљановска-Давкова: Да. Модератор Мишел Дикло: Што мислите дека би било потребно за да се оди побрзо, да се деблокира сегашниот ќор-сокак, барем многу бавно движење во овој процес? Претседателката Сиљановска-Давкова: Прво, многу ми се допаѓа она што Макрон го кажа пред студентите на Сорбона во 2024 година, дека ЕУ не е само бирократска или политичка машинерија. Дека ЕУ е филозофија. Целосно се согласувам со ова, како и со тоа дека ЕУ и нејзината работа, постоење, се засноваат на вредности и принципи. Тоа е она што понекогаш се занемарува. Секогаш велам, Ве молам обрнете внимание на Договорот за ЕУ, на Преамбулата, алинеја 6, во која се вели дека ЕУ го почитува националниот и културниот идентитет на државите и на народите. Исто така, дека ЕУ е единство што ја почитува различноста. Потоа, член 4, којшто вели дека ЕУ ги почитува уставните структури. Исто така, една одредба во членовите на Преамбулата вели дека ЕУ го почитува достоинството и интегритетот. Исто така, дека ЕУ ги охрабрува членките на ЕУ да склучуваат или да потпишуваат договори со соседите врз основа на принципот на реципроцитет. Дури и да постои посветеност на принципите и на вредностите од Лисабонскиот договор, член 7 вели дека во случај на кршење на основните принципи и вредности од страна на членките на ЕУ, една третина од пратениците во Парламентот или Комисијата би можеле да поведат постапка пред Европскиот совет. Зошто? Да се суспендираат или да се ограничат правата на земјата што ги крши принципите. Многу пати сме се соочиле со кршење на принципите од страна на некои членки на ЕУ. Зошто? Затоа што ни се закануваат со вето „ако не го промените Уставот“ или „ако не го направите ова или она, нема да станете членка на ЕУ“. Мојот предлог или препорака е секогаш: Да се обидеме да бидеме малку како Скандинавците бидејќи Шведска, Норвешка и Финска дадоа толку силна поддршка за балтичките држави, па затоа сум навистина изненадена. Очекувам разбирање од соседите и поддршка од членките, но тоа не се случува. Значи, веќе споменав двојни стандарди. Мислам дека ЕУ мора да ги потсети членките на Копенхагенските критериуми бидејќи тоа е она што ни треба мене, на моите студенти, на младите ‒ владеење на правото, поделба на власта, независно судство, процес на донесување одлуки во силни институции, партиципативна политичка култура, либерална економија. Тоа се принципи што нам ни се очајно потребни. Но, користењето на членството во ЕУ за ревидирање на историјата е спротивно и на основните правила, основните принципи и вредности на ЕУ, но и на нашите устави, и тоа е спротивно на Повелбата на ООН, а исто така и на основните документи на ООН. Модератор Мишел Дикло: Има уште три минути. Дали има прашање од публиката? Многу кратко, Ве молам. Прашање: Добро утро. Прво, би сакал да се заблагодарам на госпоѓата претседател за посетата на Париз. Моето прашање е за двајцата. Дали сметате дека она што ги блокираше македонските преговори со ЕУ во 2019 година беше новиот процес на проширување? Во тоа време, Република Северна Македонија беше подготвена да преговара, но Бугарија стави вето на ова. Каква гаранција можеме да имаме дека земја членка на ЕУ нема да го стори истото од билатерални причини во иднина? Модератор Мишел Дикло: Имате една минута за ова тешко прашање. Претседателката Сиљановска-Давкова: Не, не е тешко. Инспиративно е. Потпишавме таканаречен Договор за пријателство и добрососедски односи со Бугарија во 2017 година. А во 2019 година, го сменивме не само Уставот, туку и нешто што никогаш не е сменето ‒ името. Зошто? Бидејќи тогаш го потпишавме и ратификувавме Преспанскиот договор. Во овој договор има член којшто вели дека можеме да организираме референдум. Дозволете ми да Ви го кажам прашањето за референдумот. Многу интересно прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и во НАТО со потпишување на овој договор?“ Како професор по право, мојот коментар е дека кога некој ме прашува дали сум за членство, тоа значи дека оние во ЕУ се за мое членство. А сега што им треба? Легитимитет којшто произлегува од граѓаните. Влеговме во НАТО, но ЕУ не е само далеку од нас затоа што тогаш беше членство. Сега, повторно, мора да го смениме Уставот, тоа е барањето, ако сакаме да започнеме преговори. Сите нè потсетуваат на pacta sunt servanda дека навистина мора да ги почитуваме двата договора. Дозволете ми да ви кажам нешто. Постои член 7 во Преспанскиот договор кој вели: терминот Македонија за втората страна, безимена страна, значи територија, народ со сопствена историја, култура и јазик. А сега мора да разговараме со Бугарија за нашата историја, култура и јазик. Немам одговор, навистина. Доколку постои Договор за добрососедство и пријателство, Ве молам обидете се да го проверите овој Договор за добрососедски односи и пријателство. Нема член за промена на Уставот, но сега мора да го промениме Уставот. И замислете, ова барање е вклучено во преговарачката рамка и во заклучоците за нас. Значи, навистина, како да кажам, in dubio res. Модератор Мишел Дикло: Ви благодарам многу, госпоѓо претседател. За жал, мора да престанеме тука, иако ова беше многу интересен разговор. Претседателката Сиљановска-Давкова: Ви благодарам, и мене ми беше чест да бидам со Вас. Кабинет на Претседател на РМТагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотБаба Ванѓа со морничаво претскажување за 2027. – се споменуваат и луѓе со необични способности Меѓу наводните пророштва на Баба Ванѓа за 2027 година се издвојува една необично прецизна бројка. Цената на златото, според тврдењето кое кружи на интернет, би можело да скокне меѓу 25 и 40 отсто, а како причина се споменува развојот на вештачката интелигенција. Засега не постои веродостоен запис кој би ја поврзал таа прогноза со пророчицата. Вангелија Пандева Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа, почина во 1996 година, а три децении подоцна нејзиното име се појавува на списоците со предвидувања за секоја наредна година. Како што пренесува Вечерњи лист, повикувајќи се на Sky History, во приказните кои сега се поврзани со 2027 година се споменува и нов извор на енергија, светски конфликт и луѓе со необични способности. Зошто вештачката интелигенција се споменува во приказната за златото? Оние кои го пренесуваат тврдењето за растот на цената на златото го поврзуваат со проширувањето на центрите за обработка на податоци. Според ова толкување, развојот на вештачката интелигенција би ја зголемил побарувачката за електронска опрема, а со тоа и за златото што се користи во одредени компоненти. Сепак, и во таа верзија на приказната има отворено прашање. Како што пренесува Вечерњи лист, соговорниците од индустријата укажуваат дека повисоките цени би можеле да ги поттикнат производителите да бараат поевтини алтернативи. Колку навистина би се променила побарувачката и каков ефект би имала врз вкупната цена на златото не може да се заклучи од изјавата споделена на мрежите. Опсегот од 25 до 40 проценти ѝ дава на приказната изглед на точност. Но, тоа не е придружено со проверлива пресметка што би ја поддржала прогнозата, ниту запис од кој би се видело дека Баба Ванѓа воопшто зборувала за цената на златото во 2027 година. Друга верзија на приказната споменува нов извор на енергија Заедно со прогнозата за злато, се тврди и дека во 2027 година би можел да се развие нов извор на енергија. Во некои толкувања се споменува нуклеарна фузија, иако во пренесениот текст нема оригинален цитат кој би покажал дека Баба Ванѓа зборувала за таа технологија. И терминот „нов извор на енергија“ остава многу простор за толкување. Може да означи експериментален резултат, технолошки напредок или почеток на практична примена. Верзиите што се споделуваат на мрежите не прецизираат на што се однесува тврдењето, па врската со фузијата е сведена на претпоставка. Светскиот конфликт повторно се појавува на списокот Приказната за голем светски конфликт веќе се појави на списоците со наводни пророштва за 2026 година. Во верзиите за 2027 година се додадени поконкретни сценарија. Едниот тврди дека Кина може да ја преземе контролата врз Тајван, додека другиот споменува директна конфронтација меѓу Соединетите Американски Држави и Русија. Не постои проверлив запис за тие тврдења кои би ги поврзале со изјавата на Баба Ванѓа, ниту е јасно кога првпат биле поврзани со 2027. Повторувањето на истиот мотив во списоците за различни години покажува колку содржината на тие списоци се менува од една верзија во друга. Приказната за натчовечките способности веќе кружи Меѓу тврдењата кои повторно се споделуваат е и она на луѓе кои, наводно, по некоја мистериозна болест или генетски експеримент, би можеле да развијат натчовечки способности. За таа приказна веќе пишувавме на порталот Ona.rs. Ниту во новата верзија нема детали за какви способности станува збор, а немањето конкретни податоци отвори простор за шпекулации за тајни лаборатории. Тие шпекулации се непотврдени, како и самото тврдење дека приказната е од Баба Ванѓа. Од каде прогнозите за поединечни години? Дел од изјавите кои и се припишуваат на Баба Ванѓа се пренесени преку луѓе кои ја познавале, меѓу кои била и нејзината внука Красимира Стојанова. Кога таквите изјави се пренесуваат низ годините, тешко е да се одреди каде завршува она што се слуша и каде започнува последователното толкување. Уште потешко е да се одреди кога е додаден точен датум или конкретна бројка на приказната. За прогнозите за златото, енергијата, светските конфликти и натчовечките способности во пренесениот текст, нема оригинален запис или снимка што би потврдила дека Баба Ванѓа ги зборувала и ги поврзувала со 2027 година. Токму затоа и најточниот детал на листата, порастот на цената на златото до 40 отсто, го има истиот статус како и другите- непотврдено тврдење на интернет.Тагови: баба Ванѓа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДвојникот на Хитлер во Германија е осуден поради славење на фиреротСуд во германскиот град Минстер го осуди Холанѓанецот Стефан Вајкамп (59) на условна осуммесечна затворска казна за величење на Адолф Хитлер и поттикнување омраза.Судијата му наложи да плати казна од 1.000 евра и да ги плати судските трошоци, велејќи дека неговите јавни изјави сериозно ги навредиле жртвите на нацистичкиот режим и го нарушиле јавниот ред и мир, објави денес NL Times. Вајкамп, кој е од Остербек, дојде на суд облечен како двојник на Хитлер. Тој е активен и во крајно десничарските кругови со децении и редовно учествува во неонацистичките демонстрации во Северна Рајна-Вестфалија. На митингот во Минстер минатата година, тој отворено го пофали нацистичкиот лидер во снимка што сè уште е достапна онлајн. „Тој беше брилијантен. Хитлер беше гениј. Го восхитувам. Мојата љубов кон Германија се вика Адолф Хитлер“, рече тој. На суд, Вајкамп ги повтори тие зборови и изјави дека „го сака Фирерот“. Додека се пушташе снимката од демонстрациите, тој постојано климаше со главата во знак на согласност, објави германскиот јавен радиодифузен сервис WDR. Условната казна вклучува тригодишен пробен период, а тој може да се жали на пресудата.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТалибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“Талибанските власти на во северната авганистанска провинција Балк ги забранија имињата на жените во официјалните документи, вклучително и медицинските досиеја и рецептите. Здравствените работници и другите јавни службеници добија наредба, наместо со нивните имиња, да ги нарекуваат жените со „Биби“, термин кој традиционално се користи за обраќање кон жените, што може да значи и „баба“. Според сведоштвата на авганистанските жени и активисти, некои талибанци им се обраќаат на жените и со погрдни термини како „коза“ и „крава“. Авганистанските активисти стравуваат дека забраната за употреба на женски имиња може да се прошири на целата земја. Активистите предупредуваат на опасност за женските пациенти Авганистанскиот активист Лалах Османи предупреди дека забраната може да има сериозни последици за здравствената заштита. Ако под исто име се чуваат десетици медицински досиеја и рецепти, се зголемува ризикот од промена на пациентите и медицински грешки. Ситуацијата дополнително се усложнува со ограничувањата според кои машките лекари не смеат да прегледуваат женски пациенти без да исполнуваат посебни услови. Талибанците исто така им оневозможија на жените да студираат за здравствени професии. Зубаида Акбар од организацијата за заштита на правата на жените Фемена предупреди дека талибанците претходно ги прошириле ограничувањата воведени на локално ниво на целата земја. Нејзината организација забележала повеќе од 144 одлуки со кои талибанците ги ограничиле правата на жените. Жените со години се борат за правото на сопственото име Во Авганистан долго време постои обичај да се изостават женските имиња од надгробните споменици, поканите за свадби и одредени официјални документи. Жените често се идентификуваат исклучиво според нивниот однос со машките членови на семејството, како нечија сопруга или ќерка. Османи во 2017 година ја започна кампањата „Каде е моето име?“ со која бараше имињата на мајките да бидат запишани во изводите на нивните деца. Во 2020 година, тогашната авганистанска влада овозможи доброволно внесување на тие податоци. По враќањето на власт во август 2021 година, талибанците им забранија на девојчињата од средно образование, пристапот на жените до универзитети и работа во бројни професии и значително ја ограничија нивната слобода на движење и учество во јавниот живот.Тагови: талибанци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31