Обраќање на премиерот Заев на средбата по повод пописот

„На нашата држава ѝ требаат како неопходни сите податоци што ќе се добијат од пописот“, вели Заев.

Во продолжение целосното обрачќање на премиерот Заев:

„Почитуван Претседател на Република Македонија, Пендаровски,

Почитуван Претседател на Собранието на Република Македонија, Џафери,

Почитувани министри,

Почитуван претседател на ЗЕЛС,

Почитуван директор на Државниот завод за статистика,

Почитувани градоначалници,

За нешто повеќе од два месеци нашата земја ќе ја спроведе најважната статистичката операција - Попис.

Инсистирам на терминот „статистичка операција“ затоа што со законските решенија пописот ќе се реализира исклучиво како статистичка операција согласно стандардите на Обединетите Нации и Евростат, односно според врвните глобални и европски стандарди и практики –за никогаш повеќе да не се третира како политичко прашање.

Пред нас стои големата задача да го поддржиме спроведувањето на пописот на населението, на домаќинствата и на живеалиштата, кој ќе даде реална фактографска слика за состојбата во државата. Со неговото успешно спроведување конечно ќе ги исправиме и последиците заради кои ги има предизвикано огромната недозволива пауза од 20 години од последниот релевантен попис.

И кога зборуваме за ризиците и за заканите кои се уште го демнат пописот, тука, уште на почетокот од ова мое обраќање до вас, сакам да ја адресирам најавата за нова неодговорна постапка на опозицијата, односно најавата за бојкот на пописот од страна на опозицијата.

Сметам дека тоа е најлошата одлука што може да ја донесе некој политички субјект бидејќи, освен што е правно недозволив, бојкотот носи само конфузија меѓу граѓаните, сериозна штета за државата и ништо добро, ништо позитивно.

Повикот за бојкот. Без разлика дали е лажно спакуван како повик за неучество или повик за минирање на најважната статистичка операција за земјата, е неодговорно однесување и отсуство на елементарна свест дека со неспроведувањето на пописот стануваме единствена земја којашто нема да може да планира каков било развој од економски, образовен, културен аспект.

Таквиот став е свесно туркање на земјата во провалија и закана дека ќе останеме црна дупка во светот како изолирана земја која што не поседува податоци за да може да ги испланира следните 5, 10, 50 или 100 години од сопствената иднина. Кому му одговара да имаме иднина планирана врз погрешни податоци стари повеќе од 20 години? Кому му одговара да имаме промашени планови за развој? Никој не сака таква земја за партнер. Ниту еден инвеститор нема да покаже интерес да инвестира кога ќе види дека земјата ги нема основните статистички податоци за нејзините ресурси за официјалната работна сила, за пазарот, за потрошувачките навики.

Оттаму, тука сме пред вас, за да укажеме колку е важно државата и сите нејзини институции и чинители на централно и локално ниво, да дадат поддршка на Државниот завод за статистика, за успешно да ја спроведе стратегиски важната статистичката операција - Попис 2021.

И тоа од многу аспекти.

На нашата држава ѝ требаат како неопходни сите податоци што ќе се добијат од пописот.

Пописот не е само операција која треба да даде слика за етничката состојба во земјата, туку опфаќа многу сегменти, факти, податоци, бази од кои може да се согледаат развојот, стагнацијата или уназадувањето на едно општество.

Пописот на граѓани, домаќинства и живеалишта е од клучно значење за секој сегмент од животот на граѓаните, а по него ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки.

Важно е да се утврди точниот број на населението во земјата, не само вкупниот, туку и во секој плански регион, во секоја општина, населба... но исто толку важно е и да ја добиеме целосната слика по сите основи - на која возраст ни е населението, со какво образование, со какви квалификации, местото на живеење. Или на пример кога се во прашање домаќинствата, живелиштата, становите - пописот ќе ни даде одговор колку од зградите во кои живееме се енергетско-ефикасни, дали имаат пристап за лица со попреченост, колку од домаќинствата се греат на дрва, колку на струја, колку на парно...

Ова се, почитувани, податоци кои живот значат.

Податоците од пописот се од огромно значење и за локалните власти. Тие се суштински кога станува збор за планирање на развојот на заедницата, бројот на учениците визави образовните капацитети, бројот на деца од претшколска возраст наспроти градинките како установи за згрижување на децата.

Од значење за општините се и податоците за структурата на постоечките индустриски капацитети, но уште повеќе на потенцијалите за развој на овие капацитети кои исто така можат да се идентификуваат од статистичките податоци.

Податоците од пописот ги откриваат и можностите на општините за развој на локалните пазари, туристичките потенцијали.

Не случајно минатата година Европскиот ден на статистиката се одбележа под мотото „Подобри податоци, Подобар живот“.

Да не заборавиме дека пописот е и наша обврска како држава кандидат за членство во ЕУ, бидејќи поглавјето статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите и затоа во април треба сите да дадеме придонес ова прашање успешно да го затвориме.

Сите да покажеме одговорно однесување и да придонесеме кон пописот како државничка одговорност - сите ние кои сме на лидерските позиции во општеството на централно или на локално ниво, за да може придобивките од статистичките показатели да му се вратат на народот со успешни политики.

Со учеството во пописот секој граѓанин ќе да даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Тоа е наше задолжение, наша обврска кон државата, кон нас самите и кон нашите деца.

Почитувани градоначалници, ве охрабрувам и ве повикувам да се вклучите во сите аспекти на пописот, да помогнете колку можете повеќе, да спроведеме 100% успешна статистичка операција – Државниот завод за статистика ги има сите професионални и стручни капацитети, се што е потребно е да ги следиме нивните насоки, да дадеме максимум поддршка и на крајот да имаме заеднички резултат – успешен ПОПИС 2021.

Благодарам.“

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донел Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“. 

Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донел Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата.

-Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје (ФДУ), каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси, соопшти ФДУ.

Цели на Фондацијата, како што е наведено во соопштението, ќе бидат заштита и негување на оставината на делото на нашиот најголем современ драмски автор Горан Стефановски, како трајна културна вредност, публикување на објавени и необјавени негови трудови, во печатен и електронски формат, подобрување на достапноста на неговото творештво на сите светски јазици, градење на културата – посета на театар и однос кон драмските уметности кај новите генерации, но и проекти за промоција и поттикнување на македонското драмско творештво воопшто.

-Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории, информираат од ФДУ.

Великанот на македонската драмска уметност, Горан Стефановски, почина пред пет години во Кентбери, Англија, на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми: „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“ и на повеќе филмски сценарија. Завршил Филолошки факултет во Скопје – англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година ја основал Катедрата за театарска и филмска драматургија и бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Добитник е на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“.

Одлуката, на предлог на Ректорската управа, денеска, во очи на роденденот на овој великан на македонската драма – 27 април, ја донесе Сенатот на УКИМ, по што ќе започне постапката за носење на основачките акти и избор на органите на Фондацијата.

Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија. Во органите на Фондацијата, освен претставниците на академската заедница и на семејството на Стефановски, ќе партиципира и Драмскиот театар од Скопје, на чија сцена драмите на овој автор ги доживеаја најголемите успеси.

Цели на Фондацијата ќе бидат заштита и негување на оставината на делото на нашиот најголем современ драмски автор Горан Стефановски, како трајна културна вредност, публикување на објавени и необјавени негови трудови, во печатен и електронски формат, подобрување на достапноста на неговото творештво на сите светски јазици, градење на културата – посета на театар и однос кон драмските уметности кај новите генерации, но и проекти за промоција и поттикнување на македонското драмско творештво воопшто.

Фондацијата ќе обезбеди стипендирање на образованието во сите степени на талентирани ученици и студенти во областа на драмските уметности, поддршка и унапредување на талентираните ученици, студенти и млади кои аматерски се занимаваат со филм и театар. Исто така, таа ќе го поттикнува и поддржува неформалното образование за создавање драми, ќе организира едукативни дебати, работилници и семинари, уметнички и научни конференции, како и хуманитарни проекти од сценскоизведувачка и аудиовизуелна природа за поддршка на ранливи категории.

Великанот на македонската драмска уметност, Горан Стефановски, почина пред пет години во Кентбери, Англија, на 66-годишна возраст. Автор е на култните драми: „Диво месо“, „Лет во место“, „Јане Задрогаз“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Демонот од Дебар маало“ и многу други. Беше еден од креаторите на популарната ТВ-серија „Бушава азбука“ и на повеќе филмски сценарија. Завршил Филолошки факултет во Скопје – англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград, каде што и магистрирал на тема: „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет“. Работеше во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во 1986 година ја основал Катедрата за театарска и филмска драматургија и бил професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Добитник е на наградите: „Стале Попов“, „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „Стериина награда“. Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

Маричиќ-Герасимов: Македонија и Молдавија ги поврзуваат заедничките вредности

Заедничката цел за влез во ЕУ е дополнителна причина за зацврстување на сојузништвото помеѓу Скопје и Кишињев.

Македонија и Молдавија ги поврзуваат заедничките вредности и определбата за што побрз влез во Европската унија, и на тој пат соработката и споделувањето на искуствата и практиките се од особена важност истакнаа молдавската вицепремиерка за европски прашања Кристина Герасимов и нејзиниот домаќин и колега Бојан Маричиќ на заедничката прс-конференцијата во медија центарот на Владата.

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека заедничата цел на двете земји е дополнителен поттик за зацврстување на сојузништвото помеѓу двете земји.

-Со оглед на тоа дека земјата се наоѓа во фаза која ние ја поминавме, а тоа е скринингот, на вицепремиерката и пренесов дека Македонија ќе го стави на располагање целото знаење и искуство на нашите колеги во процесот на скринингот. Тоа е израз на една европска пријателска слидарност и поддршка и пријателство како европски вредности. Двете држави сериозно претендираме за членство при првото наредно рпоширување на ЕУ, тоа проширување добива на значење и во забрзување заради геостратешките и безбеднсоните аспекти, подвлече Маричиќ.

Додаде дека споделувањето на искуството во изодувањето на патот кон ЕУ е од големо значење.

Вицепремиерката Герасимов рече дека денешната посета е основа за започнување на многу продуктивен дијалог и за разменување на ставови и пракси.

-Мило ми е што имавме можност денеска да го започнеме она што ќе биде основа за многу продуктивен дијалог за Моладивија и Македонија за европските работи онака како што се движиме кон достигнување на нашата цел евроинеграцијата, ги споделуваме истите цели и вредности, како и силна посветеност на слободата безбедноста и демократијата. Република Молдавија силно го поддржува процесот на проширување врз заслуги. Истовремено сум убедена дека судбината на демократијата во источното соседство на ЕУ како и на Западниот Балкан е еден ден да станат членови на европското семејство. Тука се покажани аспирациите на нашите граѓани за постигнување на просперитетна иднина. Затоа сметаме дека зааедно сме посилни и навистина сме заинтересирани да продолжиме да ги разменуваме ставовите и најдобрите пракси онака како што ќе напредуват преговорите, истакна Герасимов.

Дискусијата на одржаната средба таа ја оцени како продуктивна.

-Го уверувам мојот колега дека ќе се обидеме да дознаеме повеќе како вашата јавна администрација и општество успеа да се справи со обврската да го пренесе европското законодавство во националното, да ги воведе реформте со цел и ние да можеме да го достигнеме стандардот на живеење во ЕУ, воедно отворени сме да ги споделиме и нашите искуства за тоа како ние ги кооридинираме интерните процеси, порача Герасимов.

притисни ентер