Обраќање на директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" – Скопје

​Светот признава постоење на над 6 500 јазици. Само неколку стотини од нив се издигнале на ниво на службен јазик на еден народ во една држава. Јазикот на Македонците е еден од избраните.

Уште во деветтиот век браќата Кирил и Методиј, со помош на глаголицата, како оригинално писмо, ги превеле црковните книги на јазикот на македонските Словени од околината на градот Солун (во науката познат како старословенски и старомакедонски). Со благослов на папата, овој јазик станува четвртиот признат јазик во светот што е достоен за Библијата и за Бога. Подоцна, постапно, кирилицата го зазема своето место во писмената традиција.

По многу векови, со прогласувањето на Федерална Македонија како држава, АСНОМ, на своето Прво заседание на 2 август 1944 година, донесува решение за воведувањето на македонскиот како службен јазик. Со објавувањето на македонската азбука на 5 мај и со усвојувањето на македонскиот правопис на 7 јуни 1945 година од Народната влада на Федерална Македонија, се случува кодификација на современиот македонски литературен јазик.

Така, македонскиот јазик повторно се вбројува во избраните јазици на светот.

Затоа, ја поздравуваме одлуката на Владата што ја донесе на својата 130. седница во април 2019 година (по препорака на Советот за македонски јазик) за востановување на 5 мај за Ден на македонскиот јазик.

Институтот за македонски јазик, преку работата на своите проекти, преку постдипломските и докторските студии, како и преку објавените дела, веќе седма деценија ја промовира и ја потврдува азбуката, како и основните принципи за фонетски правопис, за застапеност на граматичките форми и „живите наставки" (Блаже Конески) од централните говори и за збогатување на речникот од сите дијалекти (за што сведочат и нашите објавени изданија).

Седумдесет и петгодишната практика на македонската азбука и на правописот придонесе за успешна борба против неписменоста, за квалитетно образование, за поквалитетен живот на граѓаните, за промовирање на културната разновидност на Македонците и за зачувување на традицијата од нашите предци.

Со пиетет се потсетуваме на сите претходници, кои, со своето дело, низ вековите се вградиле во писмениот македонски јазик. Меѓу нив е визионерот што прв ја обзнани азбуката, нашиот патрон Крсте Мисирков, кој нè потсетува дека „јазикот е наше духовно благо", зашто „јазикот е средство со кое ние познаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот соговорник". Тука задолжително ќе го споменеме кодификаторот на македонскиот јазик, најголемиот афирматор на македонската азбука, правопис и речник, нашиот омилен професор Блаже Конески, кој ни порача „јазикот ни е нашата единствена неподелена татковина".

Македонската азбука е официјално и единствено писмо на македонскиот јазик, со кое на македонски јазик се напишани и објавени илјадници книги што се читаат од Македонците, но и од припадници на другите нации кај нас и по светот.

Институтот за македонски јазик достојно останува на задачите за афирмација, негување и за проучување на македонскиот стандарден јазик.

За да придонесеме за афирмација и за негување на македонскиот јазик, во услови на светска пандемија и вонредни мерки во државата, второто чествување на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик го правиме преку електронско објавување на десет книги, исцрпени изданија на Институтот што се многу барани од читателите и не губат од својата актуелност. Станува збор за:

– „За македонскиот јазик", книга 11 од Посебните изданија на ИМЈ, објавена во 1978 година под редакција на Тодор Димитровски, на Блаже Конески и на Трајко Стаматоски;

– Осум зборници (почнувајќи од книга 2) од едицијата „Денови на Благоја Корубин", основач и главен редактор: Снежана Велковска. Најновите зборници ги има на веб-страната на Институтот, а останатите електронски недостапни изданија се во подготовка за објавување;

– Фототипско издание на „Речникот на презимињата кај Македонците", во два тома (од 1994 и 2001 година) од авторите Марија Коробар-Белчева, Олга Иванова, Маринко Митков и Трајко Стаматоски и под редакција на Трајко Стаматоски (кому на овој начин му го одбележуваме 95. роденден).

Да потсетиме, електронското издание на „Правописот на македонскиот јазик" е подарок до народот од Владата, од Институтот, од НУБ и од авторите.

Време е 4 200 страници од „Толковниот речник на македонскиот јазик" да станат достапни во електронска форма за народот и за светот, за што ја бараме поддршката од Владата и од релевантните институции. Време е за дигитализација и за електронско издаваштво!

Годинешниот Ден на македонскиот јазик нека биде уште еден поттик за тоа!

Нека ни е честит и вековит Денот на македонскиот јазик!

проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на

ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков" – Скопје

Видео: Новак Ѓоковиќ ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Најдобриот и најтрофејниот светски тенисер во историјата, мегапопуларниот  Новак Ѓоковиќ, неодамна по петти пат во кариерата ја освои престижната награда Лауреус наменета за најдобриот светски спортист.

По тој повод Новак доби интересно прашање.

Имено, на изјавата дека „многу се зборува за тоа дека тој ќе биде новиот Џејмс Бонд“, односно по конкретното прашање „Дали си ти следниот Џејмс Бонд?“, славниот Ноле изјави:

- Дали сум јас? Зарем не е очигледно? Не знам зошто им требаше толку време, но ако ова е официјална понуда - подготвен сум! Го сакам мојот лик на Новак Ѓоковиќ, мислам дека уживам во него, се забавуваме, но веројатно би го оставил Новак за Џејмс Бонд. Мислам дека е време да ја подигнам мојата актерска кариера на повисоко ниво – изјавил Ноле со насмевка на лицето.

https://www.instagram.com/reel/C6LUlS5NUCp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Објавена причината за смртта контроверзниот О.Џ. Симпсон

Објавена причината за смртта на поранешниот американски фудбалер и актер: Симпсон имал рак на простата.

Објавена е официјалната причина за смртта на контроверзниот џетсетер О.Џ. Симпсон .

Според TMZ, поранешниот американски фудбалер, кој во 1995 година беше ослободен од обвинението за убиство на сопругата и нејзината пријателка во случај кој предизвика голем интерес кај американската јавност, починал од рак на простата.

Тој прво откри дека се бори со ракот, иако не прецизираше со кој, во мај 2023 година, но посочи дека ја победил болеста. Сепак, тој изгледаше многу изнемоштено на неговите последни јавни појавувања, дури и одеше со бастун во јануари 2024 година.

О.Џ. Симпсон почина на 10 април на 76-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер и актер избегна да замине во затвор откако беше прогласен за невин за смртта на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман, кои наводно ги избодел со нож во 1994 година во Лос Анџелес.

Симпсон подоцна одлежа девет години во затвор во Невада, откако во 2008 година беше осуден за 12 точки од обвинението за вооружен грабеж и киднапирање на двајца дилери на спортски сувенири под закана со пиштол во хотел во Лас Вегас.

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Во 15-годишната истрага за практиката на давање седативи на луѓе за време на апсења во САД, и поддржана од експерти за спроведување на законот, покажа дека стратегијата, наменета за намалување на насилството и спасување животи, доведе до многу смртни случаи кои можеле да се избегнат.

Најмалку 94 луѓе умреле од 2012 до 2021 година, откако полицијата им давала седативи обидувајќи се да ги задржи, а околу половина од жртвите биле црнци, според наодите на АП во соработка со Фронтлајн ПБС и Хауард Центарот за истражувачко новинарство, јавија американските медиоуми.

Главната причина за толку многу црни жртви е спорната наводна медицинска состојба наречена „возбуден делириум“. Критичарите велат дека нејзините наводни симптоми, кои вклучуваат „натчовечка сила“ и висока толеранција на болка, се во овнова во расистичките стереотипи за црнците и водат до пристрасни одлуки за тоа кому треба да му се даде седатив.

Беше невозможно да се одреди улогата на седативи во секоја од 94-те смртни случаи бидејќи многу од случаите вклучуваа употреба на потенцијално опасна сила врз луѓе кои биле дрогирани или пијани и затоа што истрагата обично се фокусирала на дејствијата на полицајците, а не на медицинските лица кои им помагаат.

АП пронашла докази за луѓе кои биле насилно држени на стомак од полицијата, многумина со лисици на рацете додека полицајци седеле на нивните грбови, а кои се мачеле да дишат и се обидувале да се ослободат. Повикувајќи на отпор при апсење, болничарите им давале седативи, што дополнително го забавувало нивното дишење.

Срцевиот и респираторниот застој често се случувале во рок од неколку минути.

притисни ентер