Објавени се резултатите од обдукцијата на новороденчето, најдено во замрзнувач во Србија - Канал 5

Објавени се резултатите од обдукцијата на новороденчето, најдено во замрзнувач во Србија

Во Институтот за судска медицина во Србија заврши обдукцијата на бебето чие тело кон крајот на јануари годинава беше пронајдено во замрзнувач на куќа во Земун.

Објавени се резултатите од обдукцијата на новороденчето, најдено во замрзнувач во Србија

Обдукцијата покажала дека женското дете е родено мртво, како што тврдела мајката на детето во текот на истрагата.

"Бебето беше женско, утврдено е дека е родено мртво. Се очекува решение за притвор на мајката, како и прекинување на истрагата за овој случај. Се уште не е постигнато решение", соопштија од полицијата..

Лидија М.(47), мајката на бебето кое било пронајдено во куќата во која живее со нејзиниот сопруг Зоран М.(62) и нивните четири деца, на распитот признала дека новороденчето е нејзино и рече дека го родила мртво.

„Лидија призна дека бебето е нејзино, но рече дека го родила мртво. Рекла и дека го сокрила телото бидејќи никој од нејзиното семејство не знаел дека е бремена. Не знаела што да прави, па затоа мртвото бебе го ставила во замрзнувач.Набргу по тоа породување Лидија си заминала и го оставила семејството“, вели соговорник близок до истрагата во интервју за Телеграф.

Да потсетиме, телото на бебето во замрзнувач го пронашол нејзиниот сопруг Зоран кога, како што рекол, сакал да го исчисти. Зоран рекол дека тој и неговата сопруга имале несогласувања и дека таа се гледала со други мажи.

„Сопругата што замина и јас имавме несогласувања, имаме четири деца... Сопругата не живее тука од мај, а јас живеам од кога е изградена куќата, 60 и нешто години“, им рекол Зоран на истражителите.

"Видов кеса со крпа во неа. Прво помислив дека е леб. Кога ја отворив кесата, видов бебе. Почнав да одам во шок. Веднаш го повикав син ми и полицијата. Не знам дека имаше такво нешто во замрзнувачот, јас се уште сум потресен. Не знам што да мислам за сето ова“, заклучил тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Влада донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Владата на денешната седница, донесе Одлука со која ДДВ се намалува од 18% на 10%, со цел директно да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Согласно пресметките на Владата, со намалувањето на ДДВ од 18% на 10% значително ќе се ублажи очекуваното зголемување на цените на горивата.

Кај нафтата, наместо редовното очекувано зголемување од околу 5 денари, со оваа мерка се очекува намалување од околу 2 денари. Тоа значи вкупно ублажување на ценовниот удар од околу 7 денари, при што новата цена би изнесувала околу 99 денари за литар.

Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, односно 102,5 денари за литар за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98.

Повластената даночна стапка од 10% ќе се применува од 00:01 часот на 15 септември 2026 година до 24:00 часот на 28 септември 2026 година.

Со оваа одлука Владата презема конкретна и навремена мерка за заштита на животниот стандард на граѓаните, намалување на финансискиот товар и поддршка на стопанството во услови на кризна состојба.

Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите на пазарот на нафтени деривати и да презема мерки во интерес на граѓаните и економијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се здружуваат – бараат право на референдуми за независност

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска во понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што треба да потпишат заедничка декларација со која ќе го потврдат правото на нивните нации на самоопределување и ќе побараат можност граѓаните на референдуми да одлучуваат за својата иднина.

Според „Телеграф“, ова ќе биде прв заеднички настап на тројца лидери на Шкотска, Велс и Северна Ирска кои отворено се залагаат за промена на сегашниот уставен статус во рамките на Обединетото Кралство.

По состанокот се очекува нивните партии да потпишат и меморандум за соработка во четири области – економијата, енергетиката, европа и меѓународната соработка и самоопределувањето.

Сите три политички опции имаат и европска агенда. Шкотската национална партија и Плајд Камри се залагаат независните Шкотска и Велс во иднина да станат членки на Европската Унија, додека Шин Фејн бара обединување на Северна Ирска со Република Ирска.

Шкотскиот премиер Џон Свини смета дека политичките промени покажуваат дека сегашната состојба не може да трае бесконечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер