Објавена нова голема анализа - Трамп го поврзува аутизмот со употребата на парацетамол во бременоста - Канал 5

Објавена нова голема анализа - Трамп го поврзува аутизмот со употребата на парацетамол во бременоста

Темата за поврзаноста на употребата на парацетамол во текот на бременоста...

Објавена нова голема анализа - Трамп го поврзува аутизмот со употребата на парацетамол во бременоста

Темата за поврзаноста на употребата на парацетамол во текот на бременоста со дијагнозата аутизам или со синдромот на нарушено внимание и концентрација (ADHD) кај децата се најде во фокусот на јавноста откако американскиот претседател Доналд Трамп во септември им порача на бремените жени „лавовски да се борат“ и да го избегнат земањето на овој лек против болки, наведува Euronews.

Не постојат цврсти научни докази

Новата голема анализа, објавена во Британскиот медицински журнал (BMJ), ја спроведоа научници од водечки универзитети и институции во Велика Британија, Австралија и Шпанија како директен одговор на неодамнешните дебати. Нивните заклучоци се надоврзуваат на сè поголемиот број извештаи од научни и глобални регулаторни агенции кои потврдуваат дека парацетамолот е безбеден за употреба во бременоста.

Сомнителен квалитет на постојните студии

Во анализа објавена во BMJ, истражувачите испитувале девет постоечки системски прегледи на оваа тема. Иако сите девет прегледи известувале за поврзаноста помеѓу употребата на парацетамолот во бременоста и аутизмот или ADHD, истражувачите во Британскиот медицински журнал откриле дека многу од овие студии не ги зеле предвид важните животни и здравствени фактори, а исто така истакнале дека квалитетот на многу од прегледите кои биле опфатени во повеќето студии бил низок.

Дополнително, седум од деветте прегледи советуваа претпазливост при толкувањето на сопствените наоди поради потенцијалниот ризик од пристрасност и влијание на други фактори што би можеле да ги нарушат резултатите. Заклучокот на истражувачите е јасен: довербата во постојните наоди е „ниска до критично ниска“, што значи дека доказите не се доволно научно потврдени за да докажат дека парацетамолот ги предизвикува овие состојби.

Генетски и фактори на животната средина

Анализата сугерира дека забележаната поврзаност може да биде предизвикана од генетски и фактори на животната средина или други варијабли како што се менталното здравје на родителите, нивното потекло и нивниот начин на живот. Истражувачите истакнуваат дека во неколку студии што ги земале предвид овие фактори, врската помеѓу парацетамолот и ризикот од аутизам и ADHD исчезнала или била значително намалена.

Парацетамолот, познат и како ацетаминофен, е еден од ретките лекови што се продаваат без рецепт и се препорачува за бремени жени при лекување на болка и треска.

Потенцијално сериозни последици

Интересно е што, во времето на изјавата на Трамп, Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA) препорачала промена на етикетите на пакувањата со парацетамол за да се укаже дека „доказите сугерираат дека употребата на ацетаминофен кај бремени жени може да биде поврзана со зголемен ризик од невролошки состојби кај децата, како што се аутизам и ADHD“.

Авторите на најновата анализа повикаа на спроведување на повеќе висококвалитетни студии кои би зеле предвид и други фактори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци.

Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност.

Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци.

Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер