Објавена е снимка од трагичната несреќа, во која загина турски фудбалер (ВИДЕО)

Поранешниот турски репрезентативец и поранешен фудбалер на Галатасарај Ахмед Чалик загина утрово, а турските медиуми објавија видео од трагичната сообраќајна несреќа.

Чалик имаше 27 години и беше фудбалер на Коњаспор за кој сезонава одигра 18 натпревари, а почина откако изгуби контрола над возилото и излета од патот.

Тој бил сам во возилото, а брзата помош можела да констатира само смрт по пристигнувањето на местото на несреќата. Претходно настапуваше за Генчлербирлиги, а осум пати играл за Турција.

На видеото се гледа дека Чалик со голема брзина го престигнал камионот, по што брзо излетал од патот и трагично загинал.

Град Скопје и фондацијата ,,Конрад Аденауер" договорија соработка

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска се сретна со официјалниот претставник на Фондација „Конрад Аденауер” во Скопје, Даниел Браун .

Арсовска денеска воспостави комуникација и договори конкретна соработка со официјалниот претставник на Фондација „Конрад Аденауер” во Скопје, Даниел Браун и програмскиот менаџер на фондацијата Давор Пашоски.

Во разговорот, Арсовска изрази очекување дека оваа средба ќе биде поттик за воспоставување на активна соработка и силно партнерство помеѓу Градот и Фондација „Конрад Аденауер”, преку конкретни заеднички чекори и активности кои ги промовираат демократските вредности, заедништво и солидарност, со цел градење на модерно Скопје.

Град Скопје

Влада: Наставата во основното и средното образование ќе трае 172, односно 158 наставни денови

Владата на денешната трета седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе Одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности.

Со оваа одлука бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови, што значи дека зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни 2022 година.

Одлука со истата содржина е донесена и за средните училишта, што значи дека и во овие образовни институции бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови односно 158 наставни денови за завршната година на средното образование, зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни.

Одлуката за почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта за први февруари годинава е донесена на претходната седница на Владата и по препораката на Главниот координативен кризен штаб согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Со денешната одлука се овозможува соодветна адаптација на наставните програми со цел запазување на датумот 10 јуни како краен рок за завршување на учебната година.

Мајкрософт ја откупува компанијата, автор на Call of Duty за 68,7 милијарди долари

Microsoft објави дека ја купува Activision Blizzard за 68,7 милијарди долари. Трансакцијата, пишува Ројтерс, била извршена одеднаш..

Ова е огромна и изненадувачка вест што може драстично да влијае на иднината на растечката индустрија на видео игри. Activision е познат по серијата Call of Duty, но и по многу други популарни наслови.

Покрај Call of Duty, Activision Blizzard ги има следните наслови: Warcraft, World of Warcraft, Diablo, Crash Bandicoot, StarCraft, Tony Hawk, Overwatch, Candy Crush, Guitar Hero, Spyro ...

Тоа е најголемата аквизиција во историјата на индустријата за игри.

Сè уште не е можно да се знае, но лесно е можно оваа аквизиција да има огромно влијание врз иднината на индустријата за игри. Имено, Microsoft е сопственик и производител на популарната конзола Xbox, која со години води голема битка со поуспешниот и се уште популарен PlayStation. Со оваа аквизиција, Xbox сигурно ќе добие огромен замав, имајќи предвид дека сите горенаведени игри, како и многу други произведени од Activision Blizzard, би можеле да бидат ексклузивни за конзолата на Microsoft.

Тоа, се разбира, е само можност. Но, секако гејмерската индустрија се соочува со огромни промени после ова.

За почеток, претплатниците на Xbox Game Pass наскоро ќе ги добијат повеќето од гореспоменатите наслови.

„Ќе ги ставиме сите наслови на Activision Blizzard на Game Pass на конзолите и компјутерите на Xbox“, рече Фил Спенсер, шеф на Xbox.

Веста доаѓа нешто повеќе од една година откако Microsoft ја купи ZeniMax Media за 7 милијарди долари, давајќи не само Bethesda Game Studios туку и Arkane Studios, id Software и Machine Games во еден потег.

Поради овој потег, Microsoft има игри од сериите Elder Scrolls, Fallout, Doom, Dishonored и Wolfenstein. Ова се исто така некои од најпопуларните игри на сите времиња.

притисни ентер