Објавена е листа на најопасни земји во Европа- Македонија е на 13. место - Канал 5

Објавена е листа на најопасни земји во Европа- Македонија е на 13. место

Истражувачката платформа Numbeo го објави најновото рангирање на европските земји според индексот на криминал за 2025 година, кое не се базира на официјални полициски податоци, туку исклучиво на искуството и перцепцијата на самите граѓани.

Објавена е листа на најопасни земји во Европа- Македонија е на 13. место

Прашањата во анкетата го опфаќаат чувството на лична безбедност, стравот од насилство, кражба, корупција и проблеми со дрога, објави Дневник.

На врвот на листата на најопасни земји во Европа е Франција, по што следат Белгија, Белорусија, Ирска, Обединетото Кралство и Шведска. Од друга страна, најбезбедни земји се Андора, Островот Ман, Естонија и Монако.

Според оваа листа, Македонија е на 13-то место. Ова значи дека Македонија е во долниот дел од листата во однос на степенот на опасност, што укажува на релативно високо ниво на субјективно чувство на безбедност кај населението.

Таа е подобро позиционирана од повеќето земји од ЕУ и регионот. Иако не се на врвот на најбезбедните земји како Андора или Естонија, македонските граѓани во просек имаат повисоко чувство на лична безбедност од жителите на Франција, Белгија или Шведска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.

Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Од 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер