Објавен Јавен повик за поддршка на земјоделските задруги - Канал 5

Објавен Јавен повик за поддршка на земјоделските задруги

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година за поттикнување на здружувањето.

Објавен Јавен повик за поддршка на земјоделските задруги

Право на аплицирање имаат земјоделските задруги регистрирани за вршење на земјоделска дејност.

Целта е поттикнување на здружување на земјоделските стопанства преку формирање на земјоделски задруги, со што ќе се подобри конкурентноста, организацијата на производството и пласманот на земјоделските производи.

-Објавен е Јавен повик бр. 02/2026 за доставување на барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година. Преку Мерка 131 – Економско здружување на земјоделски стопанства, подмерка 131.1, се обезбедува поддршка за поттикнување на здружувањето. Право на аплицирање имаат земјоделските задруги регистрирани за вршење на земјоделска дејност согласно Законот за задругите и евидентирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, велат од МЗШВ.

Барањата за користење на средствата се поднесуваат согласно пропишаните обрасци со целосна документација, а деталните информации, условите и формуларите за аплицирање се достапни на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одреден притвор за сопственикот на „Алта банка“ Давор Мацура

Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ имал и двајца помагачи.

Одреден притвор за сопственикот на „Алта банка“  Давор Мацура

Вишиот суд во Белград му одреди притвор во траење до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Давор Мацура, кој се сомничи дека од трезорот на банката изнел повеќе од 45 милијарди динари, со помош на уште две уапсени лица.

На директорот на секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., и на соработникот за трезорски операции во „Алта банка“, И. П., им е одреден притвор, соопшти денеска судот.

Според Мацура, на Г. М. и И. П. им е одреден притвор за да не влијаат врз сведоците и за да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, а исто така, според Мацура, мерката е одредена и поради опасност од бегство.

Се сомнева дека Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите се сомничат за истото кривично дело, извршено преку помагање.

Како што претходно соопшти обвинителството, постои сомневање дека Мацура го сторил делото во претходниот период, заклучно со 31 октомври, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања.

Притоа, осомничените Г. М. и И. П. му помогнале создавајќи услови за извршување на кривичното дело – во својство на лица одговорни за непосредно ракување со вредности во трезорот на „Алта банка“ – со тоа што му предавале картички за влез во трезорот, или пак, користејќи ги сопствените картички и своето присуство, му овозможиле неовластен влез во трезорот „Депо“.

На овој начин, како што се сомнева, Мацура извлекол пари од трезорот и се стекнал со незаконска имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

За Алта банка целата одговорност е кај Христијан Мицкоски и Трајко Славески, тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија која сега е под стечај.

СДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија

Граѓаните во Македонија не можат да дојдат до своите пари, до своите заштеди, луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата.

Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови. Само на компаниите им овозможија слободно да префрлаат пари.

Владата на Мицкоски го отвори патот за влез на Алта банка во Македонија, а гувернерот Славески даде согласност за преземањето на Стопанска банка Битола. СДСМ предупредуваше за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци.

Славески уверуваше дека се е во ред а ништо не е во ред. Сега носи погрешни одлуки на штета на граѓаните.

Она што скандалот со Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас.

За овој скандал, за оваа финансиска афера мора да има одговорност.

Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат дурги штетни негови одлуки.

Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор.

По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски.

Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер