3Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
2Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
ЖивотОбјавен извештајот на ИПЦЦ за климата: Црвен аларм за човештвотоМеѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) објави значаен извештај, одобрен од делегатите од 195 земји. Оваа анализа е извршена по итна постапка, поради пожарите што избиваат низ целиот свет, и се темели врз 14.000 ревидирани истражувања за климатските промени, пренесува Дојче веле. Она што извештајот го заклучува е изненадување – човекот ја уништи планетата и таа сега изгледа непрепознатливо во споредба со пред 500 години. Една од главните причини за пожарите е огромното загадување со јаглерод, и според нивното мислење, прагот од дозволените 1,5 степени на глобално затоплување во следните 100 години ќе биде надминат веќе во следните 15 години, пренесува ДВ. -Овој извештај е проверка на реалноста, изјави Валерија Мејсон-Делмот, копретседавач со работната група на панелот што го изготви истражувањето. Со согорување на фосилните горива и ослободувањето на гасови кои ја загреваат Земјата, преку таканаречнатата стаклена градина, луѓето веќе ја загреале планетата за околу 1,1 степени Целзиусови. Извештајот покажува дека ова доведе до топлотни бранови и обилни дождови низ целиот свет. Уделот на тропските циклони со голема брзина на ветерот е зголемен. Во многу региони, сушите, исто така, траат многу подолго од вообичаеното. Од последниот голем извештај на IPCC во 2014 година, научниците станаа се посигурни дека климатските промени предизвикаа индивидуални пожари, поплави и бури. Според извештајот, постои едноставно решение за овој проблем, запирање на согорувањето на фосилните горива. Меѓутоа, владите, бизнисите и поединците не го прават тоа доволно брзо. -Кога ги гледам резултатите за климатските екстреми, би рекла дека сме во климатска криза, изјави Соња Сеневиранте, научничка од Институтот за атмосферски и климатски науки при ЕТХ Цирих во Швајцарија и коавтор на извештајот. „Навистина имаме голем проблем", додаде таа. Во 2015 година, светските лидери ветија дека ќе го ограничат затоплувањето до два степени до крајот на векот, или идеално еден и пол степени, поради глобалните напори да се избегне ескалација на катастрофата. Но, место тоа, тие водеа политика што доведе до затоплување од дури три степени Целзиусови. Доколку целта од 1,5 степен се постигне за неколку децении, температурите би можеле да се вратат во „нормала" до крајот на векот. Покрај брзата декарбонизација на глобалната економија, ова би вклучувало отстранување на големи количества јаглерод диоксид од атмосферата. Но, технологијата што може да го стори тоа е екстремно скапа и не постои гаранција дека навистина би го овозможила тоа. -Многу е полесно да се избегнат емисиите сега отколку кога има премногу јаглерод, тогаш би морале да отстраниме многу од неговите емисии од атмосферата, смета Малти Мајхаузен, научник од Потсдамскиот институт за климатски промени и коавтор. на извештајот. „Таа цена е повисока од многуте достапни плодови што денеска ги имаме", рече таа.сд/ Во 2015 година, светските лидери ветија дека ќе го ограничат затоплувањето до два степени до крајот на векот, или идеално еден и пол степени, поради глобалните напори да се избегне ескалација на катастрофата. Но, место тоа, тие водеа политика што доведе до затоплување од дури три степени Целзиусови. Доколку целта од 1,5 степен се постигне за неколку децении, температурите би можеле да се вратат во „нормала" до крајот на векот. Покрај брзата декарбонизација на глобалната економија, ова би вклучувало отстранување на големи количества јаглерод диоксид од атмосферата. Но, технологијата што може да го стори тоа е екстремно скапа и не постои гаранција дека навистина би го овозможила тоа. -Многу е полесно да се избегнат емисиите сега отколку кога има премногу јаглерод, тогаш би морале да отстраниме многу од неговите емисии од атмосферата, смета Малти Мајхаузен, научник од Потсдамскиот институт за климатски промени и коавтор. на извештајот. „Таа цена е повисока од многуте достапни плодови што денеска ги имаме", рече таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаПроблеми во Формула 1: Возач на Хаас е отстранет од тимот на четири трки до крајот на сезоната Естебан Окон дефинитивно ја заврши својата епизода во тимот на Хаас. Францускиот возач нема да се врати за следните четири трки, а ова е резултат на големи несогласувања и дискусии што ги имал со тимот. Ова е официјалната одлука на Хаас, потврдена од шефот на тимот, Ајао Комацу: - Овие одлуки не се донесуваат лесно, како што беше случајот во Мексико Сити, но како и тогаш, веруваме дека ова е најдобро за тимот. Разговорите што се водеа меѓу тимот и Окон ќе останат интерно прашање и ние ќе продолжиме да ја почитуваме доверливоста и приватноста на сè што се случува зад затворени врати - рече Комацу. Поради оваа причина, Хаас го премести Рафаел Камара, бразилски возач кој веќе се натпреварува во Формула 2, во Хаас. Бразилецот дефинитивно ќе биде возач на овој тим во 2027 година, а ќе добие шанса да дебитира во својата татковина, на легендарната патека Интерлагос.Тагови: Формула Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и БугаријаБилатералните прашања не треба да го попречуваат пристапниот процес, посочи известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната седница на Комитетот за надворешни работи на европскиот Парламент. Тој ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека директниот дијалог меѓу двете влади е единствениот начин за излез од застојот. Посочи и дека тоа го бара бидејќи мотивацијата за разговори меѓу Скопје и Софија не била секогаш на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Балкан„Го нарекуваше брат, а го уби“- се огласи синот на убиениот бизнисмен од Бугарија Калојан Бинев напиша емотивни зборови на социјалните мрежи по убиството на неговиот татко Слави Бинев. Синот на бизнисменот и претседател на федерацијата за теквондо откри дека обвинетиот за убиството, Ејуп Темиз, бил исклучително близок со својот татко и семејството, пишува порталот 24chasa.bg. „Тој ден, еден човек, семеен пријател кој го нарекуваше мојот татко свој брат, уби не само една личност, туку илјадници луѓе на овој свет. Бидејќи во секого што го допре, мојот татко остави дел од себе! Да, беше строг, и тоа исклучително. Но, тоа не значеше дека сакаше помалку или дека не му е грижа. Тој беше човек со огромно срце и насмевка што ништо и никој не можеше да ја избрише! Човек од чест, со огромно достоинство! Тато, не го заслужуваше ова! Сите те сакаме и ни недостигаш.“ Слави Бинев беше убиен со еден истрел во својот дом на 24 октомври. Еден час подоцна, полицијата го уапси турскиот бизнисмен Ејуп Темиз, кој работи во Бугарија. Тој е обвинет за убиство и е во притвор од страна на Градскиот суд во Софија. Во последните денови стана познато дека Ејуп и неговата сопруга, архитектката Нија Темиз, ќерка на покојниот главен архитект на Софија Стојан Јанев, биле семејни пријатели со Бинев. Можеби затоа тој се согласил да посредува во спор за недвижности меѓу Нија Темиз и познатиот архитект професор Калин Тихлов. Двајцата имале деловен спор. Сепак, како што стана јасно на рочиштето за мерката притвор за Ејуп, мотивот сè уште не е разјаснет. Според неговата одбрана, тој се плашел за своето семејство откако во спорот се вмешале трети лица, имено Пламен Дисков - Кела, човек чија биографија е контроверзна низ годините.Тагови: бизнисмен Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00