Објавен е новиот трејлер за продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“ (ВИДЕО) - Канал 5

Објавен е новиот трејлер за продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“ (ВИДЕО)

Остануваат уште две недели до премиерата на „Ѓаволот носи Прада 2“ во светските кина.

Објавен е новиот трејлер за продолжението на филмот „Ѓаволот носи Прада“ (ВИДЕО)

Остануваат уште две недели до премиерата на „Ѓаволот носи Прада 2“ во светските кина, како долгоочекувано продолжение на оригиналниот наслов што се појави на екранот пред дваесет години и постепено ја освои публиката, обликувајќи ги тогашните и идните генерации.

Кога станува збор за медиумската кампања за новиот филм, засега ништо не се менува, главните актери започнаа турнеја од Мексико, Шангај, Сеул, планирана е Токио, а светската премиера ќе се одржи во Њујорк, каде што се одвива филмот. Засега се чувствува пулсот на потенцијалната публика, а актерите и авторите разговараат со обожавателите, се забавуваат, играат делови од ексклузивни сцени од филмот.

Да потсетиме дека филмот „Ѓаволот носи Прада“, базиран на книгата на Лорин Вајсбергер, ја следи Миранда Пристли, уредничката на модното списание „Писта“, позната по својата ароганција кон своите директни соработници, за да ја заврши својата работа професионално. Нејзините асистенти ги балансираат своите приватни и професионални животи, а лојалната Енди на крајот одлучува да создаде нов живот, отфрлајќи ги вредностите што ги усвоила во претходната средина.

Истиот тим сценаристи како и во претходниот филм, режисерот Дејвид Франкел и сценаристката Алин Брош Мекан, наведуваат дека филмот дошол во вистинско време, иако во претходните години се разгледувало продолжение на сценариото. Сега кога печатеното новинарство е во криза, се поставува прашањето како уредничката Миранда Призма, фантастично отелотворена од Мерил Стрип, може да го одржи во живот она што губи влијание и културно значење. Сега ѝ се потребни парите на огласувачите за да преживее на пазарот, а нејзината поранешна асистентка Емили има важна позиција во таква компанија. Објавен е и новиот трејлер:

YouTube video

Продолжението на познатиот филмски хит повторно ја собира оригиналната екипа, претходно споменатата Мерил Стрип, без која, како што наведува режисерот на филмот, новото снимање не би било можно, потоа Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи, но и воведува нова листа на ликови што ги играат актерите Кенет Брана, Сајмон Ешли, Луси Лиу и други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%.

Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји.

Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа.

И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Четворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. 

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко..

Повредени се 12 лица.

Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти.

Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер