Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
1Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
ЗдравјеОбезноста причина за хронични болести, во Центарот за менаџирање на дебелина 730 пациентиВо Центарот за менаџирање на дебелината на Клиниката за еднокринологија, дијабетес и метаболички заболувања, од почетокот на септември, кога почнува со работа овој Центар, заклучно со 27 март, прегледени се 730 пациенти.Обезноста е сериозна комплексна хронична болест и доколку не се препознае навреме, може да доведе до појава на околу 200 други хронични болести, предупредуваат експертите. Апелираат да се разбие стигмата околу обезноста, да се подигне свесноста дека секое обезно лице треба навреме да се јави на лекар од примарното здравство за навреме да се дијагностицира, третира и превенира, во најмала рака, преминувањето на натхранетост, во обезност. Препораките се дека дури и на бремените жени треба да им се кажува дека просечно околу девет килограми е прифатливо да ја зголемат телесната тежина во текот на бременоста. Во Центарот за менаџирање на дебелината на Клиниката за еднокринологија, дијабетес и метаболички заболувања, од почетокот на септември, кога почнува со работа овој Центар, заклучно со 27 март, прегледени се 730 пациенти. Директорот на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички заболувања - Скопје, Арѓент Муча за МИА открива дека најобезниот пациент регистриран досега во овој Центар, имал 225 килограми и боди маст индекс 73,5 што спаѓа во класата на морбидна обезност. - Нашето искуство вели дека повеќето од пациентите ги почитуваат советите на докторите. Кога доаѓаат, најчесто прашање е „за колку време ќе ослабам и колку ќе биде тоа?“. Нашата цел е за 10 месеци, тие да изгубат 10 отсто од нивната телесна тежина. Има случаи каде изгубиле и повеќе, но, има и случаи каде изгубиле помалку. Најважна е мотивацијата, не треба да се демотивираат, вели Муча за МИА. Најчестите причини за дебелината, како што посочува, е начинот на живот, односно недоволната физичка активност, внесувањето на храна богата со калории, но и хормоналните нарушувања. Според претседателот на Научното здружение за обезност - „Обем“, доцент доктор Ирфан Ахмети, дебелината како хронична болест е во пораст, како во светски рамки, така и кај нас, а предвидувањата се песимистички, односно се очекува пандемиски раст на оваа болест. Тој подвлекува дека превенцијата е многу важна и дека таа се однесува на промена на животниот стил, поголема физичка активност, здрав начин на живот, ослободување од лошите навики, особено кај децата и адолесцентите. - Навременото дијагностицирање е многу важно. Бројките кај нас, за кои можам да кажам дека се само претпоставки, е дека околу 28 проценти од популацијата се обезни. Исто така обезноста е во подем кај децата и адолесцентите, околу 30 отсто се натхранети и обезни, зборувам натхранети затоа што доколку не се интервенира, тие преминуваат во обезни. Обезни деца има околу 13,5 проценти, појаснува Ахмети. Машкиот пол во поголем ризик од женскиот Професор доктор Игор Спироски вели дека според информациите што ги објавуваат како Институт за јавно здравје и Македонско здружение за исхрана и здравје, може да се констатира дека сме високо меѓу државите, пред се во европскиот регион, особено во детската дебелина. Спироски нагласува дека според најновите согледувања, 30 проценти од децата од шест до деветгодишна возраст кај нас, се со зголемена телесна тежина, додека 13,8 отсто живеат со дебелина или со екстремна дебелина. Споменувајќи ги храната, намалената физичка активност, седење пред компјутер, тој се осврнува и на најновите податоци што зборуваат и за социоекономски карактеристики, во земји со двојна оптовареност со дебелината. - Околу 28,4 проценти од возрасните во Македонија, имаат само дебелина, а над половина од населението над 18 години, е или со зголемена телесна тежина или со дебелина. Во однос на полот, машките се во поголем ризик од женските лица. Децата од урбаните средини се уште се со поголем ризик од оние што живеат во руралните средини, но и тој дел полека почнува да се менува, на штета на руралното, посочува Спироски. Храната богата со калории најчеста причина за дебелина кај децата Според професор доктор Елена Шукарова Ангелова, загрижувачки се податоците за овој проблем кај децата и адолесцентите. - Според податоците со кои се располага, во светот околу 150 милиони деца се со екстремна дебелина. Децата обично доаѓаат со родители, кои исто така се дебели, со мисла дека е генетски. Генетската причина може да ја има, но сепак најчесто во нашата средина се среќаваме со деца кои се со дебелина предизвикана од храната. Некои од нив успеваат да се справат со дебелината со помош на семејството и средината, но некои не успеваат. Намалуваат, но повторно и се враќаат на тежината, посочува Шукарова-Ангелова. Улогата на општеството, според неа, е во тоа да најде можности за да се превенира повторната дебелина кај овие деца. - Затоа апелираме до матичните лекари, градинките и училиштата да се таргетира овој проблем. Само на тој начин можеме да го намалиме прогресот на тежината кај децата, истакнува Шукарова-Ангелова, додавајќи дека треба да се менуваат и навиките во семејствата. Дебелината не е индивидуален проблем, подвлекува, туку колективна грижа. - Сите заедно да се вклучиме во борбата, да се превенира. Децата купуваат енергетски пијалаци, а никој не ги контролира. Потребна е колективната едукација, децидна е таа. Скоро 50 проценти од обезните имаат ортопедски проблеми Обезноста е еден од клучните ризик фактори за појава на кардиоваскуларните заболувања. Вишиот научен соработник, доктор Ирена Митевска нагласува дека има докази оти кардиоваскуларните заболувања, за жал, се водечка причина за компликации и смртност кај овие пациенти. - На општествено ниво, треба да се мотивираат пациентите за промена на животниот стил, нагласува Митевска. На мултидисциплинарната панел-дискусија, организирана од Научното здружение за обезност - „Обем“, беше кажано дека покрај другите компликации, скоро педесет проценти од обезните пациенти имаат и ортопедски проблеми. Според професор доктор Антони Новотни, многу е важен пристапот кон овие пациенти, односно психолошкиот пристап со кој ќе се убедат да го променат животниот стил. - Мораме да работиме на тоа дека единствено успешно менаџирање на обезноста би било подигнување на мотивацијата и сигурна соработка на пациентот. Тој треба да го направи тоа постепено менаџирање, нагласува тој. Експертите посочуваат дека исхраната и физичката активност се многу важни, како и мотивацијата да се намалат килограмите. - Да им се даваат на пациентите реалистични и достижни цели затоа што дебелината влијае врз квалитетот на живот. Овие луѓе често се и депресивни. Но, треба да се внимава и на терапијата што им се препишува, затоа што постојат разлики од случај до случај. Да се читаат етикетите на производите. Потребна е промоција на здрави навики, превенција и скриниг, беше нагласено на панел-дискусијата. Експертите сметаат дека треба да се сменат и размислувањата дека маж без 120 кила, не е маж, ако имаш висина, не си дебел и дека дебело дете е здраво дете. Некои сметаат дека треба да ја мери тежината кај децата барем еднаш годишно и штом се забележи зголемување, да се препратат во соодветен центар. Покрај двата центра за менаџирање на обезност, во ГОБ „8 Септември“ и на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички заболувања, најавено е отворање и на трет на Детската клиника, наменет за деца и адолесценти, со оглед на тоа што надлежните забележуваат пораст на обезни лица кај овие старосни групи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВетеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на теренБела работна униформа и чизми оставија ветеринарите пред владата на мирниот протест како симбол дека ветеринарите ја напуштаат професијата која е исклучително значајна за целокупното здравје. Ветеринарите преку мирниот протест пред владата и пред Ахв порачаа дека е крајно време да се разговара за финансиките проблеми но и со проблемите со контролата на болеста на терен со кои се соочуваат. Едно од најургентните барања на средбата во Ахв им било ветено дека за неколку дена ќе се среди е тоа да се одболкира процесот на контрола на земените примероци на крв со кои се вршат контролите на болестите на стоката од цела земја Од барањата кои ги има упатено писмено до владата и до Ахв се и намалувањето на ддвто на ветериантните услуги што крајно ќе придонесе за помали давачки на сточарите како и зголемување на буџетот за ветеринарните ставки кој според нив за следната година е трикратно намален. Дека состојботе во ветрианраниот сектор се крајно лоши беше нотирано и во последниот извештај од европската комисија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗДУИ обвинува за непочитување на Законот за употреба на јазиците во државните институции, посочувајќи го како последен пример Институтот за јавно здравје. Од партијата тврдат дека директорката Марија Андоновска наредила службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски јазик, а раководителите на секторите добиле инструкции преку телефонски пораки да ги известат вработените дека двојазичните документи повеќе нема да се прифаќаат. Бараат Владата и инспекторатот за употреба на јазиците да утврдат одговорност за функционерите, кои според нив, се поставуваат над законот. -Со кое право директорка на државна институција си дозволува да прогласува за неважечки документи што го содржат албанскиот јазик? Кој ѝ дал надлежност да се поставува над законот. Затоа, денес директно ѝ се обраќаме на Владата на Македонија. Внимателно и темелно преиспитајте ги постапките на вашите функционери, кои се осмелуваат да се поставуваат над законот. Бараме конкретна одговорност за непочитувањето на Законот за употреба на јазиците, изјави Хоџа. Директорката на Институтот за јавно здравје, Андоновска, пак, категорично ги отфрла ваквите тврдења од ДУИ. Во изјава за Канал 5 ги оцени како лаги и политички притисоци. Децидна е дека во Институтот целосно се почитува Законот за јазици, а тоа според неа го потврдиле и од Инспекторатот за употреба на јазиците во контролата што ја извршиле во неодамна. -Апсолутно ги отфрлам тврдењата на ДУИ. Во институтот доследно се почитува Законот за јазици. Тоа не е само моја изјава, туку ние имавме и посета од страна на инспектори во изминатиов период од Инспекторатот за употреба на јазиците и тие не утврдија никакви неправилности туку напротив, потврдија дека во Институтот доследно се почитуваат јазиците. Ваквите искази од ДУИ имаат за цел некои други мотиви. ДУИ не можат да разберат дека нема повеќе „како и до сега“. Поминаа времињата кога се земаше плата и не се одеше на работа, изјави Андоновска. Според Андоновска не е првпат ДУИ да политизира нешто кадешто нема политика. Слични реакции од партијата на Ахмети имаше и во јуни кога реагираа поради промовирање натписи или содржини во институтот кои биле испишани само на македонски јазик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехникаНа иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката. Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои АД МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка. Со оваа програма ќе бидат опфатени по тројца студенти од пет соодветни факултети во земјава: Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“. „Нашата цел не е само да им обезбедиме финансиска поддршка на студентите, туку да ги запознаеме најдобрите и најмотивираните млади луѓе со работата и можностите што ги нуди МЕПСО. Сакаме да го поддржиме нивниот професионален развој и да создадеме услови тие утре да бидат дел од нашиот колектив“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи. Иницијативата на министерката Божиновска е директно надоврзување на позитивните искуства на Министерството со програмите за практикантска работа и вработување на млади инженерски кадри. „Верувам дека иднината на македонската енергетика зависи од можностите што денес им ги даваме на младите. Сакам студентите уште за време на студиите да видат како знаењето од факултет се применува во пракса, да учат од луѓе со искуство и да добијат можност да работат на вистински проекти. Затоа ми е важно универзитетите и компаниите да соработуваат. Сакам младите да ја видат својата професионална иднина тука, во својата земја, и да знаат дека имаат место во развојот на македонската енергетика“, истакна министерката Божиновска. Министерството за енергетика останува цврсто посветено на градењето долгорочни мостови меѓу образованието и енергетскиот сектор. Вложувањето во знаењето на младите инженери е наш врвен приоритет за обезбедување енергетска независност, одржлив развој и задржување на најдобрите кадри во нашата земја. Продолжуваме со креирање политики и иницијативи што ќе отвораат нови можности за стручно усовршување и професионална реализација на младите во македонскиот енергетски систем. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: АД МЕПСО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter