Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола
Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
1Николоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-Битола
2Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
Други спортовиОбединување на народите преку заеднички вредности - фокус на Медитеранските игри 2026Медитеранските игри во Таранто 2026 година претставуваат уникатна можност за обединување на народите преку спорт, културна размена и промоција на заеднички вредности. Ова беше истакнато на семинарот под наслов „20. Медитерански игри Таранто 2026: Наследство од спорт, одржливост и мултикултурен дијалог“ што се одржа во Арагонската тврдина во четвртокот во организација на АМАН Алијансата и Организацискиот комитет на Игрите. Овој спортски настан од 21 август до 3 септември следната година ќе донесе во Таранто 5.000 спортисти од 26 земји и три континенти што граничат со Средоземното Море. На меѓународниот семинар организиран од Алијансата на медитерански Новински агенции присуствуваше и Македонската информативна агенција МИА. Во рамки на одржување на семинарот, во Villaggio IN Italia пристигна и бродот „Америго Веспучи“, тренинг брод на Италијанската морнарица, кој моментално е закотвен во Таранто како дел од неговата светска турнеја и ќе остане таму до 22 април. На настанот присуствуваа министерот за спорт и млади на Италија, Андреа Абоди, министерот за европски прашања Томазо Фоти, Масимо Ферарезе, специјален комесар и претседател на Организацискиот комитет на XX Медитерански игри Таранто 2026, како и Стефано Де Алесандри, претседател на АМАН и извршен директор на Италијанската новинска агенција АНСА. Според министерот Абоди, смислата на Медитеранските игри е да се поврзе спортското натпреварување со вредностите на спортот. - Смислата на Медитеранските игри, како и на Олимписките и Параолимписките игри, е да се поврзе спортското натпреварување со вредностите на спортот, со добра политика и со идеја за геополитика која обединува луѓе и знае како да ги надмине проблемите што се толку очигледни и насилно присутни во секојдневните вести, истакна тој. Верува дека Медитеранските игри 2026 ќе бидат прекрасно поглавје не само за спортот, туку и за културната размена, бидејќи не се работи само за натпреварување, туку и за вистинско и длабоко пријателство меѓу народите. Нагласи дека изградбата на објектите за Медитеранските игри напредува и дека во следните месеци ќе биде многу поочигледна. Воедно, најави и дека Владата на Италија ќе додели дополнителни 25 милиони евра за организација на игрите, покрај веќе доделените 25 милиони евра. Оптимизам за навремено завршување на спортските објекти изрази и специјалниот комесар Ферарезе. - Ова ќе биде најважниот настан во историјата на Јужна Италија бидејќи никогаш досега не биле вложени 350 милиони евра во ваков настан и затоа имаме должност да работиме со голема сила и одлучност. И имавме и среќа што бродот Веспучи е тука, најубавиот брод на светот, и со него ќе се стремиме да ги промовираме и истакнеме Игрите низ целиот свет, нагласи Ферарезе. Вели дека преку соработката со АМАН сакаат да го претстават градот Таранто како централна точка на Медитеранските игри 2026 и да ја покажат интензивната работа што се прави за да се обезбеди врвно гостопримство за сите учесници: спортисти, делегации, медиуми и спортски ентузијасти. Извршниот директор на Италијанската новинска агенција АНСА и претседател на Алијансата на медитерански новински агенции (АМАН), Стефано Де Алесандри изјави дека АМАН со моменталното претседателство на АНСА, има за цел да ја зајакне соработката меѓу агенциите од регионот и да ги споделува основните вредности на Медитеранските игри: пријателство, мир и почит. - Обединувањето на повеќе од 20 новински агенции во Таранто во пресрет на 20. Медитерански игри, заедно со присуството на „Америго Веспучи“ е можност да се промовираат заеднички вредности и да се продлабочи мрежата на размена на информации низ медитеранскиот басен, вели тој. Медитеранските игри, основани во Александрија, Египет во 1951 година, претставуваат прослава на спортската извонредност, дијалогот и културното единство меѓу народите кои ги делат бреговите на Медитеранот. Приближувајќи се до своето XX издание во Таранто 2026 година, игрите гордо носат наследство од 74 години. Со текот на времето, тие ги надминале границите на чистата конкуренција за да станат динамична арена за меѓукултурна размена, платформа за млади таленти во развој и жив симбол на извонредната разновидност на медитеранскиот басен. Следното издание на Игрите ќе се одржи од 21 август до 3 септември 2026 година во Таранто, во регионот Апулија, земја позната по своите длабоки историски корени, живописни традиции и автентичниот медитерански дух. На Медитеранските игри, спортистите се натпреваруваат во голем број спортови, кои се менуваат од година во година. Северна Македонија има свои претставници на игрите, а на последните игри учествуваше со 77 спортисти во 10 спортови, вклучувајќи ракомет, одбојка, таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, атлетика, мечување и стрелаштво.Тагови: Медитерански игри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаНиколоски: Околу 1200 нови добро платени работни места се отвараат со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп-БитолаСо забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат нови околу 1200 нови добро платени работни места .Со забрзување на изградбата на автопатот Прилеп -Битола се отвараат нови околу 1200 нови добро платени работни места и тоа за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи и друг тип на работници, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на денешниот саем за вработување во Прилеп, во организација на Бехтаел-Енка. Ова е огромна можност за млади луѓе кои завршуваат градежен или архитектонски факултет, за млади инженери, но исто така и за квалификувани и неквалификувани работници да најдат работа во рамки на овој проект, рече вицепремерот Николоски. “ Со забрзување на динамиката на изградба на автопатот Прилеп-Битола, се отвораат некаде околу 1.200 нови работни места, можност за вработување на околу 1.200 луѓе, што за целиот Пелагониски регион претставува огромна можност. Огромна можност за многу луѓе да најдат работно место, но исто така и да стекнат искуства и знаења коишто е ретка прилика да се стекнат, затоа што не се гради секој ден автопат. Ќе ги прочитам и точно професиите: за градежни и сообраќајни инженери, геодети, технички и лаборантски кадар, оператори на градежни машини, возачи, квалификувани и неквалификувани градежни работници”- изјави Николоски. Саемот за вработување ќе трае неколку дена, а како што што потенцира Николоски, компанијата Бехтел и Енка котира како конкуретна градежна компанија во земјата и во знаење и во добро платени работни места. “Секако, ова е само почеток и е прв ден. Можноста ќе биде отворена, еве, повторувам уште еднаш, се отвораат 1.200 работни места. Она што исто така сакам да го кажам е дека двете компании, Бектел и Енка се на врвот кога ќе го видите просекот на исплатена месечна нето плата. Имено, просек за 2025 година е 137.000 денари, а тие немаат плата под 60.000 денари. Што значи, зборуваме за исклучително добро платени работни места и затоа би сакал да ги мотивирам сите жители на Прилеп, но и на останатите општини, на Могила, на Новаци, на Росоман, на Кривогаштани, на Крушево, на Демир Хисар, на Ресен, на Битола, да аплицираат и да си го најдат своето работно место овдека, имајќи предвид дека во наредните три години ќе има доста интензивни активности “ – изјави Николоски. Тој, заедно со претставниците од Бехтел и Енка, со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, заменик министерот за економија Марјан Ристески и пратеници, ги презентираа можностите, условите за вработување, како и динамиката за изградба на автопатот Прилеп-Битола, соопшти МТ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаКосовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа.На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.И.(31) од Скопје, патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Љ.(59) од Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, запрено од Ш.Ш.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка Ф.Љ.(63) од Косово, додека со телесни повреди другите двајца возачи П.И. и Ш.Ш., констатирани во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ и Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституцијаНа 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово.На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна сопруга. Исто така, според пријавеното, тој ја принудувал да оди со други мажи и да не се враќа без пари дома, а парите што ги имала од питачење била принудена да му ги дава. За настанот бил известен Центарот за социјални работи Тетово кој ќе се погрижи за нејзино сместување, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter