СветОбединетите нации одбележуваат осум децении постоењеОрганизацијата на Обединетите нации одбележува осум децении постоење, на денот кога стапи во сила Основачката повелба на ОН.Политика Организацијата на Обединетите нации одбележува осум децении постоење, на денот кога стапи во сила Основачката повелба на ОН. Во 1947 година беше усвоена одлука 24 октомври, датумот на стапување во сила на Основачката повелба на ОН, да се одбележува како Ден на ОН, инаку потпишана на 26 јуни 1945 година на Конференцијата во Сан Франциско. По повод јубилејот, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, забележа дека организацијата чијашто смисла на постоење е светскиот мир, односно меѓународната соработка со цел постигнување општа благосостојба, се наоѓа пред нови предизвици. - Осум децении подоцна, може да се повлече директна линија меѓу создавањето на Обединетите нации и спречувањето на третата светска војна, рече Гутереш. И денес, под покровителство на ОН обезбедено е присуство на илјадници припадници на мировните сили на 11 кризни жаришта ширум светот, со речиси 30 договори за разоружување, како и отстранување на над 55 милиони нагазни мини. Од основањето до денес, ОН беа и се единствена институција со мисија за постигнување договор, унапредување на мирот, спроведување одржлив развој и заштита на човековите права, со примарна цел да помогнат во ставање крај на ужасите на војната и да обезбедат одржлив мир. ОН, исто така, ги документираат кршењата на човековите права ширум светот, промовирајќи го почитувањето на меѓународните норми и стандарди, со поддршка на владите во нивните реформски напори во над 90 земји. На стапувањето во сила на основачкиот акт на Повелбата на ОН, пред 80 години, му претходеше ратификацијата на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, Британија, Франција, САД, Советскиот Сојуз и Кина, која тогаш беше предводена од националистичката влада на Чанг Кај Шек. Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации во 1947 година усвои одлука датумот на стапување во сила на Повелбата на ОН да се одбележува како Ден на ОН, додека за меѓународен празник, 24 октомври, Денот на Организацијата на Обединетите нации, беше прогласен во 1971 година. Повелбата, како и целиот концепт на Организацијата на Обединетите нации, произлегоа од искуството на Втората светска војна. Сојузниците, поучени од ужасните искуства што ги донесе таа војна, имаа намера да формираат тело што ќе ги регулира последователните односи меѓу државите, со надеж дека на тој начин, колку што е можно, ќе се спречат можните опасности во иднина. Не стануваше збор само за политичките принципи и односи, туку и за мерките за меѓународна економска соработка кои исто така требаше да оневозможат, во иднина, големи економски превирања, а со тоа и потенцијално политички опасни ситуации. Така беа формирани Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и други слични тела. Идејата беше да се создаде суштински поефикасно тело од меѓувоеното Друштво на народите кое, формално, ќе биде распуштено на 18 април 1946 година. Претходно, Повелбата на ОН беше разгледана и обликувана за време на Конференцијата во Сан Франциско, која почна на 25 април 1945 година. Повелбата потоа, по двомесечна работа, беше потпишана од претставници на 50 земји, на 26 јуни истата година, во Сан Франциско. Таа содржеше толкување на целите на ОН, разработка на структурата и телата на организацијата која тогаш се основаше. Прецизирани беа главните органи, како Советот за безбедност, Генералното собрание, Меѓународниот суд на правдата, Економскиот и социјалниот совет, Старателскиот совет. Со Повелбата, членките се обврзани да негуваат мир, меѓународно право, безбедност, но и да усогласуваат економски и социјални мерки, да ги почитуваат човековите права. Документот почнува со преамбула и содржи вкупно 111 члена распоредени во 19 поглавја. Преамбулата содржи општа изјава за целите на организацијата и ја прокламира обврската членките да се придржуваат до договореното. Обликувана е главно по моделот на уставните начела на САД. Понатаму, во 19 поглавја се разработени сите детали за функционирањето на ОН. Рамката на подоцнежните Обединети нации беше создадена на повеќе собири на претставници на сојузничките земји за време на Втората светска војна, почнувајќи од Конференцијата одржана во Лондон на 12 јуни 1941 година, кога беше објавена заедничка Изјава на тема цели и принципи на заедничката борба. Составен дел беше и визијата за светот по завршувањето на војната. Уште тогаш беше нагласена потребата во подоцнежниот свет да се изгради економска и социјална стабилност за сите. Во таа смисла беше прокламирана потребата од меѓусебна соработка на „слободните народи“ како во воените напори, така и во градењето на повоениот свет. Два месеца подоцна следуваше заедничка изјава на Соединетите држави и Обединетото Кралство, која донесе разработка на споменатите начела. Тој документ влезе во историјата под името Атлантска повелба. Осумте точки на тој документ ги содржеа, повеќе или помалку, сите клучни одредби кои ќе бидат внесени во основачките акти на Организацијата на Обединетите нации. Првиот ден од наредната 1942 година, претставници на 30 сојузнички земји ја потпишаа Декларацијата на Обединетите нации, со која беа повторени наведените принципи со акцент на заедничката борба против земјите на Оската. Со тој документ се појави изразот Обединети нации. Декларацијата ја потпишаа и претставници на Владата на Кралството Југославија. За време на Конференцијата во Дамбартон Оукс, во Џорџтаун во близина на Вашингтон, летото/есента 1944 година (21 август 1944 – 7 октомври 1944) принципите на подоцнежната меѓународна организација беа дополнително разработени и прецизирани. Тогаш главно беше усогласена структурата на системот на ОН. Понатамошното усогласување следеше за време на сојузничката Конференција на Јалта во февруари 1945 година. Во таа прилика беше прецизирано како ќе функционира Советот за безбедност. Првата седница на Генералното собрание на ОН се одржа во Лондон, на 10 јануари 1946 година, додека првото собирање на Советот за безбедност се случи една недела потоа.Тагови: Обединетите нации Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДемонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата. Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија. Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле. Zurich: Clashes in the city. Under the slogan «We are fed up» and citing the unrest in Europe, mostly hooded individuals are rioting. Police deploy water cannons, tear gas, and rubber bullets to bring situation under control. #SchoolProtests #StudentProtests https://t.co/MvWXWUWfT6 — LIVE1 (@LIVE1TV) November 1, 2026 Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња. Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата. Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил. Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице. Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер. Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.Тагови: демонстранти Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook