3Трамп може да одлучи да го објави прелиминарниот договор за завршување на војната со Иран пред петок
3Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот
МакедонијаО. Карпош: Во тек обнова на чешми за пиење вода Во Општина Карпош во моментов се обновуваат чешмичките за пиење вода на неколку локации на локалната самоуправа. Изминатите денови, старите чешмички беа заменете со нови во населбата Бардовци, Карпош 3 и Влае на плоштадот Делфина. Станува збор за веќе постоечи чешми кои беа нефункционални, скршени и не беа во состојба за користење. Целта на оваа акција е карпошани да имаат достапна вода за пиење на локациите каде што се поставени чешмите, каде можат да се разладуваат во овие топли летни денови. Промената на чешмите ја врши фирмата ,,Хидротек”, а средствата се обезбедени во рамки на Програмата на Секторот за екологија и енергетска ефикасност. Карпош продолжува секојдневно со инвестирање и преземање активности за подобрување на квалитетот на животот на своите жители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаЈанчев: Денес, со длабока почит го одбележавме споменот на дванаесетте ваташки младинци Денес, со длабока почит го одбележавме споменот на дванаесетте ваташки младинци – симбол на храброста, непокорот и љубовта кон слободата, напиша на Фејсбук, градоначалникот Митко јанчев кој положи свежо цвеќе на споменикот на 12 ваташки младинци.-На 16 јуни 1943 година, бугарскиот окупатор изврши едно од најтешките злосторства во македонската историја, одземајќи дванаесет млади животи од Ваташа. Но, и покрај суровоста на злосторството, не успеа да ги уништи идеалите во кои тие веруваа. Нивната жртва останува вечен сведок за стремежот кон слобода, правда и достоинство. И по 83 години, споменот на ваташките младинци живее во колективната меморија на нашиот народ. Нивната приказна не е само дел од нашата историја, туку и обврска да ја чуваме вистината, да ги почитуваме жртвите и да ги пренесуваме вредностите за кои тие се жртвуваа на идните генерации. Како општина и како народ, должни сме да паметиме. Затоа што народот што ја негува својата историја и ги почитува своите херои, гради посигурна и подостоинствена иднина. Нека е вечен споменот на дванаесетте ваташки младинци. Нека е вечна нивната жртва. Слава им.- стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаНа Врховен му фалат половина судии, покажува ревизорскиот извештајНа Врховен му фалат половина судии, а вработените го тужат и бараат околу 70 илјади евра, покажува ревизорскиот извештај.Највисокиот суд во државава се соочува со сериозен недостиг на судии, финансиски проблеми, но и со тужби од вработени кои во судски постапки бараат околу 70 илјади евра, - покажува конечниот извештај за извршена ревизија на Врховниот суд за 2024 година. Во документот се наведува дека во тек се 28 судски постапки што се водат пред надлежните судови, кои не се завршени и не може да се пресмета за колку пари ќе биде кусок судот кој обезбедува единствена примена на законите од страна на судовите.. И покрај тоа што е забележан позитивен тренд на зголемување на бројот на решени предмети, ревизорите предупредуваат дека ефикасноста е ограничена поради недостиг од судии. Од предвидени 28 судиски места, на крајот на 2024 година биле пополнети само 11, кои подоцна се зголемиле на 14. Дополнителен проблем претставува и нефункционирањето на клучни административни позиции. Врховниот суд од септември 2023 година нема судски администратор, што директно влијае врз организацијата и управувањето со судската служба. Во делот на судската полиција, ревизијата утврдува дека се надминати законските ограничувања за прекувремена работа. Исплатени се 781 час повеќе од дозволениот годишен максимум, што укажува на недостиг на кадар. Ревизијата предупредува дека ваквата состојба може да ја загрози независноста и стабилноста на судската власт, како и да го забави спроведувањето на реформите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп може да одлучи да го објави прелиминарниот договор за завршување на војната со Иран пред петокТрамп може да одлучи да го објави прелиминарниот договор за завршување на војната со Иран пред петок, изјави американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, откако американскиот претседател изјави дека договорот веќе е потпишан.Венс го опиша меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран како„многу општ“ документ на страница ипол. Високи американски претставници, исто така, почнаа да даваат некои детали за договорот, брифирајќи дека Ормутскиот теснец ќе биде повторно отворен во петок - истиот ден кога договорот официјално ќе биде потпишан во Женева. Ова се случува во време кога Трамп присуствува на самитот на Г7 во Франција, на кој денеска ќе се одржи посебна сесија за Иран на која ќе присуствуваат лидерите на Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook