О’Брајен : Анкара ќе се соочи со санкции , доколку не се ослободи од руските системи

Во пресрет на посетата на Ердоган на Вашингтон , советникот за национална безбедност на Белата куќа , Роберт O’Брајан порача дека Анкара се соочува со санкции , доколку не се ослободи од руските ракетни системи.

САД се многу загрижени што Турција набави руски одбранбени системи и би можеле да воведат санкции кон Анкара доколку „не се ослободи“ од тие системи, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан.

„Турција ќе ги почувствува последиците од тие санкции“, рече О’Брајан за Си-би-ес.

Тој додаде дека евентуалниот предлог за санкции кон Турција ќе добие убедлива поддршка и на републиканците и на демократите во Конгресот, во согласност со американскиот Закон за борба против американските противници преку санкции, пренесува Ројтерс.

Според британската агенција, забелешките на О’Брајан се појавија пред посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Вашингтон во среда, кога тој ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за голем број прашања што ги нарушуваат односите на двете земји, сојузници во НАТО.

Клучна точка на расправа е турската набавка на руските антиракетни системи С-400, за кои САД тврдат дека не се компатибилни со борбените авиони Ф-35, што Анкара исто така ги сака во својата флота и веќе ги нарача од американската компанија Локид Мартин.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

Ден на македонската дипломатија - 55 години од основањето на МНР

 Во Министерството за надворешни работи денеска се одбележува 55 години од неговото постоење. 

По повод Денот на Министерството за надворешни работи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе одржи прес-конференција, а вчера дипломатскиот клуб од Скопје го одбележа Денот на македонската дипломатија со садење дрво пред зградата на МНР и посета на Меморијалниот музеј на АСНОМ во Пелинце.

Македонската дипломатија своите почетоци ги има во Бирото за односи со странство формирано во 1969 година. Република Македонија имаше свои дипломати кои работеа во југословенската дипломатија во Белград и во странство, како и во републичкиот орган за односи со странство. Во 1991 година овој орган прерасна во Министерство за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи ги врши работите што се однесуваат на надворешните работи и надворешната политика на Република Северна Македонија.

Една од најзначајните дипломатски активности на ова Министерство беше претседавањето со ОБСЕ кое ја одбележа изминатата 2023 година кога нашата држава беше домаќин на Самитот на ОБСЕ.

притисни ентер