Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС
2Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС
3Балканска актерката зборува шест јазици, омажена со холивудска ѕвезда, живее во Америка во вила вредна 4,5 милиони.
МакедонијаО. Битола: Јавен повик за финансиски средства за унапредување на туризмотОпштина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства на Здруженија кои спроведуваат активности во врска со унапредување на туризмот во Општина Битола.Распределбата на средствата од Буџетот е согласно Програмата за туризам на Општина Битола. Во критериумите за аплицирање кои што треба да ги исполнуваат Здруженијата е да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, да имаат седиште во Општина Битола и да имаат во програмата и целите на здружението област туризам. Јавниот повик кој е објавен на веб-страницата на Општина Битола ќе трае до 06.10.2026 година, а детали за повикот можете да прочитате на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/turizam-2026/ Општина БитолаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДизелот од полноќ поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапуваат за 1 денар за литарЗа 4,5 денари поевтинува дизелот, додека бензините поскапуваат за еден денар. РКЕ ги објави новите цени на нафтените деривати, според кои од полноќ литар дизел ќе се продава за 100 денари, бензинот еуросупер 95 за 100, а еуросупер 98 за 102 ценари. Новите цени доаѓаат откако Владата денеска одлучи за уште две недели, односно до 12 октомври, да ја пдоролжи мерката за намалената стапка на ДДВ на дизелот од 18 на 10%. - Со одлуката се обезбедува продолжување на мерката со која се овозможува намалена даночна стапка, со цел да се обезбеди стабилност и заштита на животниот стандард на граѓаните. Владата продолжува внимателно да ги следи состојбите и движењата на цените, со цел навремено преземање соодветни мерки во интерес на граѓаните и економијата. – соопштија од Владата. Продолжувањето на мерката во моментов има економско оправдување, смета универзитетскиот професор Борче Треновски. Тој објаснува дека Македонија како мала и отворрна економија, која значаен дел од нафтените деривати ги обезбедува од увоз, не може да го избегне надворешниот ценовен шок, туку само да го ублажи, па оценува дека намалената стапка на ДДВ то за дизелот заедно со намалените акцизи за дизелот и бензините, засега претставува добар амортизер на нестабилните цени на светските пазари. Сепак тој предупредува дека во услови на јавен долг од околу 60 проценти, секоја мерка треба да има јасна цел, рок и пресметка колкав фискален трошок може да издржи државата.. -Мерката која е донесена, заедно со мерката која беше со намалување на акцизата на дизелот и на бензинот, во моментот привремено има оправдување затоа што претставува еден вид на амортизер кој ќе го намали влијанието на зголемувањето на глобалните цени на нафтата. Иако мора да кажеме, тоа е амортизер кој ќе го намали влијанието, а не е целта да ја контролира целосно цената или ефектот да го елиминира целосно, од причина што, на една страна, ваквите мерки имаат и значаен фискален трошок и фискален ризик. -Борче Треновски – универзитетски професор. Доколку кризата потрае, според Треновски, фокусот постпено ќе треба да се префрли кон таргетирана помош за секторите каде поскапувањето на горивата најсилно се пресенува врз остнататите цени..На подолг рок, оценува Треновски одговорот нема да може да се бара само во даночни интервенции туку и структурни промени со кои земјата постепено ќе ја намалува зависноста од увоз на енергија и храна и со тоа ќе биде помалку изложена на идни надворешни ценовни шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИСПовеќе лица се приведени во Скопје во акција на МВР и АНБ, поради сомнение за кривични дела од областа на тероризмот. Акцијата се спроведува на повеќе локации, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Засега не се откриваат многу детали, од обвинителството повеќе информации најавуваат по завршување на акцијата. -Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК на територија на Скопје во тек е акција на МВР и АНБ на повеќе локации. Приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот. -ОЈО ГОКК. Според неофицијалните информации акцијата доаѓа по претходни сознанија на полицијата дека на територијата на Македонија дејствува група. При претреси биле пронајдени оружје и други предмети но и симболи на ИСИС. Инаку само пред неколку месеци, ОЈО ГОКК отвори истрага против пет лица од Скопје, на возраст од 22 до 34 години, за кривично дело „терористичка организација“. Според обвинителството, тие преку интернет канал и група ширеле содржини со кои се промовирала и поддржувала идеологијата на ИСИС и други идеолошки поврзани терористички организации. Дали денешната акција е поврзана или е продолжение на тој предмет, од обвинителството засега не откриваат. И во декември 2024 четири лица беа упасени поради сомнежи за активности поврзани со тероризам. Според тогашните сознанија на АНБ, лицата биле идеолошки поврзани со „Исламска држава/ИСИС“, а биле преземани активности за радикализација на млади и подготвителни дејствија за насилни активности. И во годините наназад беа спроведени повеќе слични акции а најпознати се случаите Ќелија 1 и 2 од 2015 и 2016 година со над 20 упасени лица кои имаа и судски епилог. Дел од обвинетите ја признаа вината и беа осудени, додека за други постапките продолжија откако станаа достапни за органите на прогонот.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето на обвинетиот сериски убиец Трајко БојковскиСо сведочења на вештаци, лекари, психијатри, во Основниот суд во Куманово продолжи судењето на Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој според обвинението, убивал во серија, најчесто стари и изнемоштени жени.Обвинет е за четири убиства и два обиди за убиства на жени, а на рочиштето тројцата психијатри кои со недели ја испитувале неговата психичка состојба го образложуваа вештачењето пред судот.... Во наодот, вештаците утврдуваат дека Бојковски имал некрофилски нагони, како и отсуство на каење и емпатија кон жртвите. Во исто време, нивниот заклучок е дека тој е пресметлив и знаел што прави. Токму околу пресметливоста се води и спорот меѓу одбраната и обвинителството. Адвокатот на бојковски, кој му е доделен по службена должност, бара наместо затворска казна да му биде изречена мерка за безбедност со престој и лекување во психијатриска установа. Барањето го темели на проценката дека постои опасност од повторување на кривичните дела. Обвинителството се спротивставува на ваквиот предлог, повикувајќи се на вештачењето според кое обвинетиот е целосно пресметлив и точно знае што прави... На претходното рочиште пред судот сведочеа две преживеани жртви, постари жени кои со страв и тешкотии раскажуваа за нападите што ги преживеале во своите домови. Едната од нив сведочеше дека бојковски околу еден час ја удирал и ја допирал по телото, по што побегнал откако слушнал звук како некој да доаѓа....Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, уапсени се неколу лица, пронајдено оружје и знаме на ИСИС15:00
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07