Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членството
1 Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членството
Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
2Ќерката на Брижит Макрон во врска со 20 години помлад студент – љубовната приказна потсетува на бракот на нејзината мајка
МакедонијаНуредини на консултативна средба за предлог мерки за спас на Преспанското ЕзероУкажувајќи на суштинската важност на воспоставувањето на трилатералната соработка со државите со кои ги делиме водите на Преспанскот Езеро, министерот Нуредини ја потенцираше важноста на активностите што и ние како држава ќе ги сработиме.Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Арјанит Хоџа и градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски се обратија на јавната трибината која денеска се одржа во Ресен и на која се работеше на изнаоѓање на конкретните активности и мерки за заштита и надминување на алармантната состојба со водостојот на Преспанското Езеро. На трибината се собраа претставници од стручната јавност, државните и општинските институции, проектните единици и меѓународните партнери кои работат на тематски активности во Преспанскиот регион, како и граѓанските организации и иницијативи. Укажувајќи на суштинската важност на воспоставувањето на трилатералната соработка со државите со кои ги делиме водите на Преспанскот Езеро, министерот Нуредини ја потенцираше важноста на активностите што и ние како држава ќе ги сработиме. При тоа, тој нагласи дека голем број на различни проекти, поврзани со Дримскиот Базен, со самото Преспанско Езеро или со природата во Преспа Паркот се реализираат во регионот и многу е јасно дека иницијалниот чекор за креирање на соодветни решенија е собирањето на постоечките податоци, споделувањето на сознанијата и консолидација на заклучоците до кои е дојдено во рамките на различните проекти. Различни видувања на проблемот со алармантното намалување на водостојот на Преспанскот Езеро, преку презентации дадоа од Сектор за животна средина на општина Ресен, од Македонското еколошко друштво, Хидробиолошкиот завод во Охрид, од Секторот природа на Министерството за животна средина и просторно плнирање, од тимот за ревизија на планот за управување со Споменикот на природата Преспанско Езеро и од Биотехнички факултет од Битола. Усогласување на методологијата и обезбедување на континуиран мониторинг во трите држави кои го делат Препанскоот Езеро, вклучување и анализа на податоци за земјоделскиот сектор и неговото влијание во правец на испитување на влијанието на потрошувачката на вода за наводнување заради зголемувањето на земјоделскиот сектор во регионот, потребата од изнаоѓање алтернтивни начини на наводнување на земјоделските површини, како и изработка на сериозна научна студија за влезот и излезот на водите во Езерото се главните заклучоци донесени на крајот на дискусијата на сите засегнати страни. Министерство за животна средина и просторно планирање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Европа Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членствотоНе прифаќајте го наративот дека Европската Унија е пропаднат проект. По студениот туш од Исланд, кој пред три дена на референдум ја отфрли можноста да се врати на европскиот пат, еврокомесарката за проширување Марта Кос уверува дека Унијата е најмоќниот глобален политички проект. Во пресрет на 30-ти септември, кога Брисел треба да ја усвои новата стратегија за проширување, Кос од панел на Бледскиот Форум во Словенија објасни која е клучната цел на документот кој предвидува постепена интеграција, построги проверки на земјите кандидатки и нова методологија. -Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки како да се членки, пред да станат земји членки. Денеска треба да имплементирате 100 проценти за да станете членка. Имаме делови како СЕПА И како роаминигот, со кои им овозможуваме да ни се приклучат порано. Можностите се многу поголеми. , изјави Марта Кос, еврокомесарка за проширување. Кос на панелот ја отфрли можноста неколку земји членки од Западен Балкан одеднаш да влезат во Унијата, посочувајќи дека процесот се заснова на заслуги. Ги повика земјите од регионот да ги остават сенките од минатото и да се посветат на иднината. -Западниот Балкан е полн со отворени рани. Понекогаш политичарите наместо да користат бетантен крема за да ги залечат раните, тие ставаат сол, повторно и повторно и повторно за да ги отворат раните. Ве молам не прифаќајте го наративот дека ЕУ е изгубен случај. Toa e најдобриот политички проект што некогаш сме го имале во светот. Секако дека имаме проблеми, дека некогаш сме бирократи. , рече Кос А, токму забелешка дека Брисел проширувањето повеќе го гледа низ бирокатска, наместо низ стратешка логика, синоќа на Бледскиот форум упати и министерот Муцунски. -Вистинска пресвртница би било неколку земји од регионот да станат членки на Европската Унија. Тоа би било доказ дека термините ‘моментум’ и ‘прозорец на можности’, кои ги слушаме веќе неколку години, конечно се целосно разбрани и сфатени. Нашето единствено барање е европската интеграција да се гледа како модел за трансформација на институциите, а не како обид да се трансформира нашиот идентитет. , вели Муцунски. Европските медиуми денеска објавија дека 11 земји членки, меѓу кои и Германија и Франција, побарале да се стави крај на опструктивните вета, односно преоѓање од едногласно во гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаКитановиќ ја избриша објавата за Младиќ и се извини, оставка не поднесуваКитановиќ се извини и ја повлече објавата, Мицкоски не гледа простор за негова одговорност или разрешување од функцијата. Откако Директорот на агенцијата за остварување на правата на заедниците Далибор Китановиќ се извини и ја повлече објавата во која го величаше осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, премиерот Мицкоски не гледа простор за негова одговорност или разрешување од функцијата. Смета дека Китановиќ сватил дека погрешил и го избришал статусот и дека станува збор за индивидувален став, спотивен од владината позиција. „Мислам дека сега не треба да го распнуваме за нешто и да бараме кривична одговорност за нешто за што самиот сфатил дека погрешил, се извини и го повлекол својот став. Владата е демократска, има своја дебата во рамките на коалицијата и кога ќе се донесе став за одредено прашање, сите чинители на Владата треба тој став да го следат“– Христијан Мицкоски, претседател на влада Во меѓувреме од Бошњачкиот демократски сојуз поднесоа кривична пријава против Далибор Китановиќ. Сметаат дека воените злосторства не смеат да бидат предмет на глорификација и дека е недозволиво носител на јавна функција со своите постапки и јавни пораки да ги релативизира воените злосторства и да го навредува достоинството на жртвите. Од опозициската СДСМ пак бараат оставки од Китановиќ и Стоилковиќ и сметаат дека тоа што владата не бара нивна одговорност значи дека ги поддржуваат ваквите ставови. -Далибор Китановиќ како Директор на Агенцијата за правата на заедниците објавува пофалби за човек кој спроведувал етничко чистење на заедниците. Без оставки на Стоилковиќ и Китановиќ значи дека останале на истиот став дека Младиќ е нивен генерал. А со тоа и Мицкоски, како нивен шеф, потврди дека Младиќ е и негов генерал, наведуваат од СДСМ. Претходно од Владата го повика Китановиќ да го повлече ставот од социјалните мрежи изнесен за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка, по што првиот човек на Агенцијата за остварување на правата на заедниците ја повлече објавата им се извини на премиерот и членовите на Владата и порача дека никогаш немал намера да навреди или понижи припадник на кој било народ, вера или етничка заедница. Јавно изнесениот став на Китановиќ наиде на осуда и од владеачката Вреди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаМоторџиите почнале да добиваат казни од „Сејф сити“, техничкиот проблем е надмина, кажа ТошковскиВкупно деветмина моторџии платиле казна за брзо возење со мотоцикл и тоа во текот на првиот ден откако системот „Сејф сити“ започна да ги регистрира овие прекршоци. Министерот Панче Тошковски рече оти сејф сити не ги ловел прекршоците на мотоциклистите поради технички проблеми, но дека тоа веќе е минато и дека ниту еден учесник во сообраќајот во иднина нема да биде амнестиран. Министерот порача и дека веќе се работи на тоа системот да ги казнува и странските државјани кои ќе направат евентуален прекршок на наша територија и тоа на сите гранични премини, а не само на Табановце како што тоа е сега случај. – Камерата за брзина детектира предна шасија, предна страна на возило, а регистрацијата е на задната страна на моторот и тоа беше технички проблем којшто моравме да го решиме. Го решивме, и на дел од територијата на Македонија кадешто првично сметавме дека има најдобри услови да се постават, ги поставивме и мислам дека првиот ден имаме констатирано девет прекршоци за недозволена брзина од страна на оние коишто управуваат мотор и мислеа дека нема да може да бидат предмет на детекција на овој паметен систем безбеден град. - Панче Тошковски, министер за внатрешни работи Тошковски оваа изјава ја даде од центарот за обука при затворот Идризово, каде по 30 години повторно започна со работа средното полициско училиште – „7 мај“. Наставата денеска официјално започна за вкупно 310 ученици, а Тошковски порача дека сите што конкурирале, без разлика од која етничка заедница припаѓаат, добиле еднаква шанса да бидат дел од изучувањето на оваа програма. – Одлучивме секој еден кандидат којшто ги исполнува елементарните услови за упис, кои се поврзани со дотогашното негово образование, особено неговото поведение во рамки на средното улилиште кео во уизучувал и основни услови како висина и сите останати карактеристики, нужни да бидат исполнети согласно правилникот – 310 од пријавените го исполнија овој услов и тие сите до едно решивме да ги примиме во рамки на полициското училиште. - Панче Тошковски, министер за внатрешни работи Од вкупно 310 ученици –над 40 од нив се дел од другите етнички заедници, а министерот изрази надеж дека интересот ќе се зголемува во иднина. Од Министерството за внатрешни работи истакнуваат дека повторното воспоставување на средното полициско училиште „7 мај“ е дел од процесот на јакнење на кадровските и образовните капацитети на ресорното министерство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27