Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
1Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
Шоу бизНур (29) за врската со Ал Пачино(83), со кого има син: Нема да се омажам за него, иако го сакам29-годишната Нур Алфалах проговори за врската со Ал Пачино со кој летово го доби синот Роман.Во интервју за TMZ таа изјави дека „не сака да се омажи за 83-годишниот актер, иако го сака“. „Јас не сум тип за мажење“, нагласила таа. Таа додаде дека бракот не го смета за важен чекор во љубовната врска. Нур откри и дека претстојните празници ќе ги помине со Пачино. Нур се осврнала на нејзината врска со актерот неколку недели откако постигнале договор за заедничко старателство. Судот во Лос Анџелес одлучил на девојката, Пачино да ѝ плаќа повеќе од 30.000 долари месечно како издршка. View this post on Instagram A post shared by Noor (@nooralfallah) Потсетуваме дека за врската меѓу Нур и Пачино се зборува повеќе од две години. Во мај оваа година, портпаролот на актерот потврди дека Пачино и Нур го очекуваат своето прво заедничко дете. Медиумите тогаш пишуваа дека Пачино бил изненаден од нејзината бременост, па Нур направила ДНК тест кој потврдил дека Ал е татко на нејзиното дете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод 63 години од земјотресот По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, денес организиравме бесплатен панорамски разглед на градот - патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје.Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале препознатливиот лик и животот на градот. Скопје е град кој ја претвори трагедијата во сила, а спомените во темел врз кој ја гради својата иднина. Затоа наша обврска е да ја чуваме меморијата за минатото, да го негуваме културното и историското наследство и да ја пренесуваме приказната за Скопје на идните генерации, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАвион падна врз куќа во Германија- има загинати (ВИДЕО)Драматична авионска несреќа се случила денеска непосредно пред 11 часот наутро во Гандеркезе, Германија.Сино-бел авион се урна на покривот на семејна куќа. Според полицијата, едно лице го загубило животот. Сè уште не е јасно дали станува збор за пилотот. Силен тресок утрово ја потресе мирната станбена улица во Гандеркезе (округ Олденбург) во Долна Саксонија, Германија. Малиот авион претходно изгубил висина и се урнал дијагонално низ ќерамидите на покривот. Кокпитот бил целосно уништен, крилата се скршиле, а делови од остатоците паднале на земја, објави Билд. Спасувачките служби биле во голем број на местото на падот на авионот. Пожарникарите го пребарувале покривот од мобилна скала, додека полицијата го блокирала подрачјето. Постојат индикации дека во авионот имало друго лице, но тој сè уште не е пронајден. Спасувачите користеле дрон за да се обидат да го лоцираат. En man död – och ett litet flygplan parkerade rakt i taket på ett bostadshus i Ganderkesee, Niedersachsen. Maskinen tappade höjd, gick rakt genom takpannorna och fastnade i takstolen. Cockpiten totalförstörd, vingarna avbrutna, skräp över hela gatan. Räddningsstyrkorna kom i… pic.twitter.com/abUCl7X6VV — Jarl Finland (@jalle51) July 25, 2026 Семејството што живее во куќата не било во објектот во времето на несреќата. Очигледно, авионот полетал од Бремен непосредно пред да се случи несреќата. Тагови: авион Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУапсена е стажистка на НАТО, осомничена е за шпионажа Канадска државјанка со кинеско потекло, која била на стажирање во објект на НАТО во Белгија, е уапсена под обвинение за шпионажа, соопштија денеска белгиските обвинители.„Таа е осомничена за шпионажа во име на трета земја и дека е членка на криминална организација“, соопшти обвинителството. Додаде дека засега нема да бидат објавени дополнителни детали за жената, вклучително и нејзиното име. Обвинителството соопшти дека осомничената била стажантка во воената команда на алијансата (SHAPE) во белгискиот град Монс.Тагови: НАТО шпионажа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter