Нуклераката Запорожје доби руска лиценца за работа- почнува со производство на струја - Канал 5

Нуклераката Запорожје доби руска лиценца за работа- почнува со производство на струја

Нуклеарната централа Запорожје (ЗАЕС), најголемата нуклеарна централа во Европа, доби лиценца од рускиот регулатор Ростехнадзор за работа на Блок 1, со важност од 10 години.

Нуклераката Запорожје доби руска лиценца за работа- почнува со производство на струја

Со ова официјално се потврдува дека безбедноста на оваа единица е на највисоко ниво.

Церемонијата на доделување на лиценцата се одржа на 23 декември во Москва. Лиценцата му ја врачи на Рамил Галиев, директор на Акционерското друштво „Оперативна организација на Нуклеарната централа Запорожје“ (АО „ЕО ЗАЕС“), Александар Трембицки, раководител на Ростехнадзор, нагласувајќи дека ова не е само административна постапка, туку правна и техничка потврда за високите стандарди за нуклеарна безбедност.

На церемонијата присуствуваа највисоките претставници на рускиот нуклеарен сектор - генералниот директор на Росатом, Алексеј Лихацов, неговиот прв заменик Андреј Петров и директорот на концернот Росенергоатом, Александар Шутиков.

Зборувајќи за важноста на лиценцата, Алексеј Лихацов нагласи дека Росатом постепено се приближува кон можноста за промена на режимот на работа на енергетскиот блок број 1, вклучително и потенцијално обновување на производството на електрична енергија, но само со целосно почитување на сите безбедносни услови. Како што изјави, нуклеарната централа Запорожје е од клучно значење за идното обновување на индустрискиот потенцијал на регионот, откако ќе се стабилизира ситуацијата.

Добивањето лиценца е важен чекор кон долгорочно и безбедно работење на енергетскиот блок и е дел од процесот на интегрирање на електраната во правниот систем на Руската Федерација. Од 2022 година, по вклучувањето на Запорожјето во Русија, се спроведува обемна стручна работа - од подготовка на документација до детална техничка проценка на состојбата на опремата, пишува Atommedia.

Во 2025 година се извршени обемни поправки на безбедносниот систем, додека за 2026 година е планиран голем ремонт, вклучително и метален преглед на обвивките на реакторот. Лиценците за преостанатите пет енергетски блокови се очекуваат во периодот 2026–2027 година. Со шест енергетски блокови со вкупен капацитет од 6 гигавати, нуклеарната централа Запорожје останува најголемиот нуклеарен електран во Европа, а нејзиното евентуално рестартирање би можело да има значително влијание врз енергетската стабилност на целиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?

По пола година од враќањето во земјава, поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска ќе седне на обвинителна клупа за злоупотреба на службената положба за Државна лотарија.

Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?

Освен правните перипетии што го следат случајот, судењето го привлекува вниманието на јавноста и поради политичките импликации што може да произлезат од процесот.

Груби додека траеше истрагата првично беше обвинет за потешко кривично дело „проневера во службата“ за кое затворската казна трае и до 20 години, но подоцна истото беше преквалификувано во злоупотреба на службената положба. Тој и уште седум лица се товарат за злоупотреби во „Државна лотарија“. Обвинителниот предлог беше поднесен пред десет дена на 13-ти август, а Груби кој е второбвинет во предметот во моментот се наоѓа во куќен притвор. Првообвинет е Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Државна лотарија. Тој и натаму е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

Според ОЈО обвинетите иако биле свесни дека Лотарија немала право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државата, сепак започле постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари, при што го оштетиле акционерското друштво за околу 8,2 милиони евра. Груби, како што е наведено во обвинението на владина седница одржана на 6ти јуни 2023 постапил спротивно на деловникот за работа на Владата и го заобиколил пропишаниот начин на одлучување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и топло, попладне локален пороен дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Променливо облачно и топло, попладне локален пороен дожд, грмежи и ветер

Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево со мала до умерена облачност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 24. август 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 24. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 24. август 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите.

Кариера

Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право.

Здравје и совет

Сѐ повеќе работи ве заморуваат.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате.

Кариера

Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат.

Здравје и совет

Прифатете сѐ што доаѓа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе.

Кариера

Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално.

Здравје и совет

Јадете помалку , движете се повеќе.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко.

Кариера

Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно.

Здравје и совет

И натаму сте во добра состојба.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка.

Кариера

На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго.

Здравје и совет

Сконцентрирајте се на целта.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред.

Кариера

Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате.

Здравје и совет

Се засилува вашиот интерес за козметика.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот.

Кариера

Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате.

Здравје и совет

Повеќе сон и одмор.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Се што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро.

Кариера

Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа.

Здравје и совет

Треба уредно да живеете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца.

Кариера

не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас.

Здравје и совет

Поважни се зборовите отколку делата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи.

Кариера

Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили.

Здравје и совет

Можете малку да здивнете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете.

Кариера

Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките.

Здравје и совет

Немојте да се грижите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение.

Кариера

Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното.

Здравје и совет

Наполнете си ги батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер