Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
ЖивотНуклеарките на клацкалка - некои ги вклучуваат, други ги гасат, формиран сојуз од против РусијаОдлуките за нуклеарната енергија беа на клацкалка во последните денови - некои палат нови реактори, други ги гасат. Пет земји - Велика Британија, САД, Канада, Јапонија и Франција - формираа нуклеарен сојуз со цел да ја отстранат Русија од меѓународниот пазар на нуклеарна енергија, која доминира во таа област. Минатиот викенд Финска пушти во употреба нуклеарна централа, најголема досега во Европа, која ќе обезбедува 14 отсто од електричната енергија во земјата. За да го компензира недостатокот на гас, Полска потпиша договор со Америка вреден четири милијарди долари, за изградба на дури 20 модуларни нуклеарни реактори. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки истакнува дека атомот, а особено таканаречениот мал атом, е многу добар начин за брзо надополнување на ресурсите. „На Полска и требаат евтини и чисти извори на енергија“, посочува Моравјецки. Претседателот на полската енергетска компанија ПКН „Орлен“, Даниел Обајтек, наведува дека оваа енергија е за 30 отсто поевтина од енергијата произведена од гас. „Всушност, ние одиме кон избегнување на каква било поголема зависност“, додава Обајтек. Германија стави точка на нуклеарната енергија Во исто време, Германија стави точка на нуклеарната енергија со затворање на последните три реактори. Поради енергетската криза, на затворањето на нуклеарните централи се противат тамошните експерти и поголемиот дел од јавноста. Баварија бара повторно активирање на нуклеарната енергија на нејзина територија. „Убедени сме дека затворањето на нуклеарните централи е голема грешка. Бараме да ја задржиме нуклеарната енергија уште неколку години“, изјави баварскиот премиер Маркус Зедер. Претседателот на Германската индустриска и трговска комора, Петер Адријан, има впечаток дека прагматизмот понекогаш се жртвува заради идеологијата. „Можеме да размислуваме за производство на челик и други метали користејќи зелен водород. Но, прво треба да имаме зелен водород, а ние го немаме“, истакнува Адријан. Белгија го одложи гасењето на нуклеарните централи, Кина подготвува 47 реактори Белгија повторно го одложи гасењето на своите нуклеарни централи, а Шведска донесе одлука да ги затвори по катастрофата во Чернобил, која подоцна ја промени. Во светот се активни 400 нуклеарни централи, 60 се во изградба, а предводници во развојот на нуклеарната енергија се: Русија, Индија, Франција, САД, Јапонија, а особено Кина, која подготвува изградба на дури 47 нови реактори. (РТС)Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаСо какви предизвици ќе се соочи новата шефица на ОЈО ГОКК, Искра Хаџи Василева? Обвинителката Искра Хаџи Василева и официјално е избрана за нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Советот на јавните обвинители ги објави конечните резултати од гласањето, на кое Хаџи Василева освои 64 гласа, седум повеќе од Трајче Пеливанов, кој доби 57. Од останатите кандидати Јован Цветановски освои 30 гласа, Фатон Азизи 14, а Лидија Раичевиќ шест. По изборот на Хаџи Василева, пред неа остануваат сериозни предизвици почнувајќи од обезбедувањето доволно финансиски средства и зголемувањето на ефикасноста на обвинителите, вели за Канал 5 поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска. -Значи новата обвинителка, односно раководителка на ова обвинителство ќе се соочи со големи предизвици. Пред сè во обезбедување на финансиските средства, нели, законот сè уште не е донесен, би требало да се избори за барем да го има истото ниво што досега го имаа во претходниот закон. Да се обиде да ја зголеми ефикасноста на постојните обвинители, значи првин со ресурсите со коишто располага обвинителството да ги искористи максимум,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК. Ивановска предупредува и на податоците од анализата за влијанијата врз обвинителите. Од новата шефица ќе се очекува не само да ги продолжи постапките по предметите за организиран криминал и корупција, туку и да покаже дека обвинителството може да работи поефикасно, без селективност и без надворешни влијанија. -Сè уште постоеше процедура на рачна распределба на предметите, таа кажа дека ќе се залага за дигитализација, го поздравувам тоа и сметам дека треба да има еден објективен начин на распределба на предметите. И што е најважно, да се справат со директните и индиректните притисоци или сугестии. Значи, 36% од јавните обвинители искусниле обиди за влијание од членови на извршна власт, а 29% од претставници на политички партии. Ова се загрижувачки бројки и мислам дека треба во своите редови да се справат со овие ризици и предизвици,- изјави – Билјана Ивановска – Поранешен претседател на ДКСК. Новата шефица на ова обвинителство има 10 - годишно обвинителско искуство, а во октомври 2024 година беше избрана за обвинителка во ОЈО ГОКК. Меѓу позначајните предмети на кои работeше е обвинението против судијата Ѓоко Ристов во чиј семеен дом во Неготино беа пронајдени заѕидани 350 илјади евра, передмет за кој судската постапка е во тек. Хаџи Василева го застапуваше и обвинението против докторот Жан Митрев, кој беше обвинет за измама поврзана со информирањето на пациентите за хемофилтрацијата за време на пандемијата, како и корупцискиот предмет против ексдиректорот на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев. На раководната позиција таа ќе го наследи Ислам Абази чиј мандат истекува на 8 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотребиЗа операција на очи, но и други здравствени услуги во приватна болница, еднаш плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент, а ланец на неказнивост овозможил повеќегодишна масовна злоупотреба на народните пари од здравствената каса.За операција на очи, но и други здравствени услуги во приватна болница, еднаш плаќал Фондот, а вторпат самиот пациент, а ланец на неказнивост овозможил повеќегодишна масовна злоупотреба на народните пари од здравствената каса, но и џебот на пациентите. Ова го потврди Министерот за здравство Сашо Клековски кој кажа дека засега истрагата на МВР и Обвинителството за организиран криминал и корупција се однесува на три лица од Фондот и две од приватната клиника, но не откри детали дали станува збор за штета врз буџетот од над 1,5 милион евра и противправно стекна материјална корист за болницата од 4 милиони евра. -Јас бев иницијатор на истрагата бидејќи станува збор за здравствена установа која имаше повторувачки прекршоци со години – значи не е еднаш, двапати, трипати, туку постојано повторување на слични прекршоци за кои не било соодветно казнувана. Јас предложив на Комисијата за прекршоци и таа прифати да се раскине договорот со таа здравствена установа за да се прекине ланецот на неказнивост. Истовремено побарав да се покрене истрага. Според моите информации станува збор за три лица од Фондот и две од здравствената устанува во моментов,- изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Пред официјалната акција на претреси на десетина локации, во Скопје, Куманово и Тетово, во детектирање на криминалот и обезбедување на докази биле инволвирани поголем број на институции како што е секторот за контола при Фондот и здравствениот инспекторат, потврди Клековски. -Станува збор за повеќе врсти на прекршоци, една од најмасовните е двојна наплата на пациентите. За иста услуга под различни превези и изговори е наплаќана од пациентите. МВР заедно со секторот за контрола на ФЗО напорно работеше да се завршат сите работи, беа вклучени и ДСЗИ и Агенцијата за контрола на лекови, но и други установи за од сите аспекти да се затвори истрагата,- - изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Според првичните неофицијални информации, дел од медиумите шпекулираат дека во центарот на истрагата е Ден Дончев, поранешниот директор на ФЗО во времето на владата на СДСМ, а се споменуваат и поранешни и актуелни функционери во Фондот, меѓу кои поранешен претседател на Управниот одбор, поранешен раководител на Секторот за контрола во ФЗО и директори на скопската подрачна единица. Неофицијално се споменуваат и имиња на поранешни сопственици и управители, но и сегашни раководители на една приватна болница во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНово рочиште за 13 полицајци за „Пулс“, со искази на сведоци предложени од одбранатаЧетири дена пред трагедијата во Пулс била договорена координирана акција за дрога, алкохол и малолетници, потврдил на денешното рочиште против 13-те полициски службеници, сведок на одбраната.Секторскиот состанок се одржал на 11 март со началникот на СВР Штип на кој била издадена наредба за координираната акција , сведочел на рочишето поранешниот началник на ОВР Пробиштип . Екс началникот сведочел дека од началничката од Кочани му биле побарани професионалци и лица на ниво на задачата, а дека ниту тој ниту анагжираните полицајци од Пробиштип немале информации во кои угостителски објекти ќе се извршува акциската конртола. Според неговото сведочење, заради лошите искуства акцијата била со усна а не со писмена наредба. Мегу ангажираните полицаји бил и Тоше Тодоровски, кој загина кобната ноќ во Пулс.. Сведок пак кој бил гостон во дискотеката изјавил дека забележал како еден од еден од обвинетите полицајци помагал во текот на ноќта, а дел од обвинетите биле надвор. Гостинка која пристигнала по два часот ноќта сведочи дека откако Панчо алармирал за пожарот се упатила кон излезната врата, каде заради преголемата гужва бил искршен и гипс картон, но и стакло на вратата. Таа изјавила дека таму паднала и се заглавила.. Се сеќавам дека се обидуваше да ме извлече лице во униформа – изјавила таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter