Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Шоу бизНудистичка плажа - Скриена страст на Гоца Тржан.,,Ако можат мажите да сакаат помлади жени, па зошто ние, жените, да не сакаме помлади мажи?"Минатата недела во нашата емисија „G Carpet” гостинка ни беше Гоца Тржан. Гоца Тржан е една од најпопуларните пејачки на балканот, позната по својата директност и ангелски глас. „Малдите жени треба да научат дека само среќна жена е навистина убава жена. Освен среќата ботоксот има мала улога во целокупниот изглед.” „Дали твојата директност им пречи на твоите колеги?” „Тоа воопшто не ми е грижа, јас не сум дрска, се’ што правам е тоа што ги нарекувам нештата со нивното име. Ако е некој глуп тогаш е глуп, ако е будала ти како сакаш кажи го, тој пак ќе си биде будала. Така што кажувањето на вистината не е секогаш најпријатно, ниту за околината ниту за мене, но јас не знам поинаку. Учам, се трудам да бидам повоздржана но тешко ми оди. Тоа го правам поради фактот што луѓето не секогаш сакаат да ја слушнат вистината. Вистината е многу важна но понекогаш знае да биде и многу навредлива и болна. Се’ што јас сакам сда научам е, да ја кажам вистината во вистинско време, просто некогаш на правата вистина не и е времето да биде кажана. Јас никогаш нема да бидам поблага со зборови но сакам да научам да ги кажувам во право време.” „Јас интервју откажувам само кога сум болна, а ако не ми се допаѓа некоја одредена телевизија тогаш сум воздржана, им одговарам нешто од типот „Да, да важи ќе се слушнеме”, едноставно сум така воспитана кога нешто не ми се допаѓа на културен начин да одбијам” На прашањето „Какви спомени те врзуваат за Македонија?” Гоца одговори дека Македонија е место кај што сите едвај чекат да дојдат и покрај тоа што таа беше со најмала платежна моќ. Ова воедно е и приказната од нејзините колеги преку која ја има запознаено Македонија. „Јас кога дојдов прв пат во Скопје на настап, тоа беше еден незаборавен момент, многу специфично искуство. Македонците се премногу темпераментни, многу сакаат музика, сакаат кафани, тука кај и да отидеш можеш да се нагостиш. Јас кога ќе дојдам тука се чувствувам како дома, а тоа е многу специфично чувство, да отидеш некаде на гости а да не се чувствуваш како гостин. Тука запознав прекрасни луѓе. Македонија ја има најпрекрасната храна на свет, ви завидувам на сирењата, ајварот, пинџурот, нафорите...” „Мене вагата ми е непријател, никогаш не се мерам а тоа генерално е поради тоа што многу вежбам. Многу често знае вагата да покажува поголема килажа а обемот да се намалува. Затоа воопшто не ми е важна килажата, важно ми е како изгледам. Јас по породувањето многу се здебелив и навистина ми беше тешко да намалам килажа. Имав инсулинска резистенција, тоа е болест со претерана количина на инсулин во крвта. Фала му на бога тоа го средив.” „Дали ти пречи тоа што сите таблоди и весници пишуваат за тебе и за Иван Маринковиќ?” „Јас за тоа воопшто не размислувам и секако дека не ми пречи. Нема ни поента да се оптеретувам со такво нешто, па јас веќе 10 години сум разведена од тој човек, буквално повеќе време сум разведена отколку што бев во брак со него. Јас често знам да им кажам на другите жени, кога ми зборуваат колку згрешиле со бракот, - ти, ти си аматер за мене, колу што имам јас згрешено никој на светов нема. За мене целотот тоа искуство не е погрешно, пред се’ и најважно од се’ јас имам прекрасно дете од тој брак. Сега да ми каже некој да го повторам сето тоа, јас би го направила, би поминала пак низ се’ само за да ја имам ќерка ми. Таа е најдрагоценото нешто во мојот живот. А целиот период со него ми е избришан од глава, јас знам дека многу научив од тоа искуство. Мој совет за сите жени е – Ако планирате да се омажите, не очекувајте дека мажот ќе се смени заради вас, никој нема да се семни поради вас.” „Велат дека вистинска жена од еден маж може да направи прав маж или скорз да го уништи. Жените се многу важни во животот на мажите. Кај жените е малку поинаку нам ни треба емотивна исполнетост и задоволство. На мажот му е доволно и да има многу љубовници за да се чувствува добро, како фраер, а нам ни е многу важно нашиот емотивен статус, да е стабилен и во ред.” „Јас започнав со влогови на You tube, маж ми ме наговори на тоа бидејќи веруваше дека јас го имам тој потенцијал да се обратам на голем број на луѓе, генерално на жените од 25, 30 +. И од тука излезе идејата за моја емисија и целата ситуација со пандемијава. Така настана моето реално шоу.” За својот однос со Жељко Јоксимовиќ рече дека е одличен, дека тој е голем професионалец и многу кавлитетен човек. „Јас сум нудист од свои 19, 20 години. Одев на нудистички плажи уште додека тоа никој друг не го правеше. На нудистичка плажа е забрането сликање и забрането е да бидеш во костим за капење, бидејќи е непристојно.” „Мојот партнер е помлад од мене 14 години. Ако мажите може да сакаат помлади жени па зошто ние жените да не скаме помлади мажи. Башка младите ги „готвиш” како што ти сакаш, по твој вкус. Радомир е човек кој што ме сака баш таква каква што сум.“ За својот однос со партнерот рече дека се доволно моќни и интелктулано и духовно и немаат потреба од доминација. Едноставно се надополнуваат и „растат” заедно. „Јас сум либерална, ја сакам слободата, за мене таа е непроценлива.” Се присети на нејзиното искуство со Тоше Проески и зборуваше со воодушевување за неговите песни и неговиот глас. „Кога ќе ме праша некој на што ме потсетува Македонија, е, ме потсетува на него. Со него пеев во Крушево, тој беше прекрасен човек, нема друг како него никаде на светот.” Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаБританска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција. Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан. Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси. Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година. Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра. Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите. Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра. „Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.Тагови: банка вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија. Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица. Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол. Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.Тагови: Западниот Брег Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноСлон збесна среде поворка: Го отфрли светиот престол од 650 килограми, луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)Слон кој носел свет златен ритуален престол од 650 килограми (1.300 фунти) беснеел за време на фестивал во Индија, соборувајќи автомобил и оштетувајќи ги блиските згради.Вознемирувачките снимки покажуваат како луѓето бегаат додека властите се обидуваат да го контролираат животното, кое на крајот го фрла својот скапоцен товар од грбот. Избран од илјадници животни Снимката покажува како луѓето бегаат додека властите се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола. Азискиот слон потоа соборил пиедестал украсен со злато и скапоцени камења, на кој се наоѓала статуа на божицата Чамундешвари, објавува Телеграф. Слон по име Соманана, чија сурла била украсена со црвени и златни шари, бил избран од илјадници животни да ја предводи главната поворка за време на десетдневниот свет фестивал. Слонот заспан со седативи Церемонијата се одржала на улиците на југозападната држава Карнатака. Службениците изјавија дека подоцна бил седатив и се опоравува во блискиот храм. Dasara procession turns to tragedy in Shivamogga. The elephant carrying the Ambari runs amok across the streets damaging buildings and vehicles before coming to a halt as the 650 kilo silver ambari it was carrying falls down. https://t.co/zQlPX4HuOg — Deepak Bopanna (@dpkBopanna) October 21, 2026 Министерот за шуми, екологија и животна средина на Карнатака, Рамалинга Реди, изјави дека слоновите што ќе учествуваат на церемонијата во иднина ќе мора да поминат најмалку 20 дена обука.Тагови: слон престол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter