Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
3Ѓуро ѝ го честита 30-тиот роденден на својата ќерка со емотивна објава: „Ти благодариме што си наша“
МакедонијаНСП: Пандов не ја објавува реалната состојба, туку прави шоу за граѓанитеПандов не ја објавува реалната состојба, туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите.Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов на прес-конференцијата во врска со настаните од КПД Штип не ја објавува реалната состојба, туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите, истакнуваа денеска во пишана реакција од Независниот синдикат на полицијата. - Сметаме дека секој настан треба да биде истражен професионално и со должно внимание и да се избегнува јавна осуда пред да биде завршена постапката, а до нас доаѓаат информации од колегите дека изнесените ставови на директорот во целост не соодветствуваат со истрагата и евидентираните преземени мерки во дневниот извештај, се наведува во реакцијата. Независниот синдикат на полицијата бара од директорот и од сите останати функционери кои периодов ја коментираат работата на полицијата во иднина кога објавуваат или коментираат работа на полициските службеници тоа да го прават со внимание по завршувањето на постапките во целост. Претходно реагираше и Синдикалната организација на УПОЗ при КПУ Затвор Штип од каде пораќаа дека нема простор за сомнеж за постапувањето на затворските полицајци. Директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов завчера на прес-конференција соопшти дека Управата за извршување санкции извршила вонреден инспекциски надзор во КПД Штип, по инцидент во кој затворски полицајци помагаат на затвореник да пронајде топка со дрога префрлена во дворот на затворот и истакна дека сите документи ги поднеле со кривична пријава во Обвинителство. Од настанот во КПД Штип, како што информираше Пандов, на заедничка прес-конференција со директорот на КПД Штип Дејан Здравев и неговиот заменик Ѓорѓи Хубев, има и видео запис направен од видео надзорот во затворот. Како што појасни Пандов, пред Затвор Штип на 20 февруари во 21:40 часот доаѓа возило, кое ја поминувата првата и доаѓа на втората капија, каде затворскиот полицаец во дежурана не го запишува, иако е должен тоа да го направи. Од возилото излегува лице кое што доаѓа до ѕидот на самиот затвори и преку ѕидот префрла топка, додека внатре се појавува затвореник со иницијали Ж.Ж, кој разговара на телефон и уште еден со иницијали Р.К. и бараат нешто во тревникот. Потоа, посочи Пандов, доаѓа затворски полицаец кој им вели дека треба да се вртат и да се оддалечат. - По наредба на командирот, кој што во тој момент е на смена Т.И. се повикани уште четворица затворски полицајци. Затвореникот и понатаму говори на телефони и бара нешто низ тревникот. Се поздравува со сите тие затворски полицајци, а да не говорам дека тој не смее да има телефон во рака. И, тоа што е најфрапантно, истите тие затворски полицајци со батериски лампи се вклучуваат во барање на нештото. Не наоѓаат што не наоѓаат, нагасува Пандов. Наредниот ден дознава и директорот на затворот и по негова наредба повторно се бара во дворот и се наоѓа топка во кеса, во која се пронајдени 35 грама бела прашкаста материја, веројатно кокаин и 50 грама марихуана. -Кога директорот ги прашува командирот и затворската полиција што барале и зошто не реагирале, објаснувањето и во нивната службена белешка е дека им било предочено дека затвореникот Ж.Ж се играл со кучката Цеца, он имал скап часовник за кој им навел дека е барем 1 000 евра, кој мора да потенцирам дека го нема пријавено дека е донесен во Затвор Штип, дека му го има земено кучката Цеца, дека трчала низ тревникот и дека го изгубила. Па, овие, за да му излезат во пресрет го бараат часовникот, појасни Пандов. Дрогата, рече Пандов, веднаш е пријавена во СВР Штип, а по наредба на директорот се формира дисциплинска комисија, составена од пет члена, кои ја имаат видео снимката, која одлучува на 28 март годинава дека затворските полицајци не се виновни. - Една госпоѓа во ресоцијализација и уште еден затворски полицаец гласаат дека се виновни и треба да бидат дисциплински казнети, но за жал, полицајците Б.Д., К.П. и З.А. не пронаоѓаат вина и веруваат во тоа дека затворската полиција го барале часовникот што наводно го губи затвореникот Ж.Ж., а кучката Цеца му го има однесено. Притоа мора да потенцирам дека овие затворски полицајци македонската држава, нас како даночни обврзници, не чинат најмалата плата од сите овие затворски полицјаци кои учествуваат во овој дел е 57 илјади денари, а најголемата е 67 илјади денари, со средно образование. Во затворската полиција има и со високо образование вработени, изјави Пандов.Тагови: Александар Пандов УПОЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКако да препознаете дали вашиот пријател е заљубен во васПријателството е сложен однос, а границата меѓу платонската и романтичната љубов понекогаш е тенкаПријателството е сложен однос, а границата меѓу платонската и романтичната љубов понекогаш е толку тенка што лесно може да се премине, а притоа и да не го забележите тоа. Но, како да знаете дали чувствата се обострани и дали вашето пријателство прераснува во нешто повеќе? Овој премин често е суптилен, проследен со измешани сигнали и неизречени очекувања. Ако не обрнете внимание навреме, може да се најдете во непријатна ситуација, не знаејќи како да реагирате. Промена во приоритетите и комуникацијата Еден од најочигледните знаци е промената во начинот на кој го поминувате времето. Тоа што станувате нечиј приоритет – наместо една од многуте опции – е јасен показател. Таа личност сака да поминува што е можно повеќе време со вас, а понекогаш дури и ги откажува другите планови или го прекројува својот ден само за да ве види. Иако претходно можеби сте се дружеле во поголеми групи, сега сè повеќе претпочита средби „еден на еден“. Ако сте во контакт или се гледате речиси секојдневно, голема е веројатноста дека станува збор за нешто повеќе од обично пријателство. Знаци на љубомора Обрнете внимание на тоа како се чувствувате двајцата кога разговарате за вашиот љубовен живот. Ако чувствувате непријатност или вознемиреност додека пријателот зборува за некој друг – или обратно – тоа е знак дека вашиот однос надминува обично пријателство. На крајот на краиштата, зошто инаку би ви пречеле таквите разговори? Друг показател е кога тие почнуваат да ги омаловажуваат или да зборуваат негативно за луѓето за кои сте заинтересирани. Ова може да биде потсвесен обид да се намали вашиот интерес за некој друг. Блага, здрава доза на заштитнички став и трошка тага кога спомнувате личност што ви се допаѓа, исто така се знаци на љубомора која ги надминува пријателските рамки. Говорот на телото не лаже Невербалните сигнали често откриваат повеќе од зборовите, забележува *The Modest Man*. Ако забележите дека одеднаш сте станале срамежливи во нивно присуство, гледате надолу или пелтечите, тоа може да значи дека сте развиле подлабоки чувства. Истото важи и ако другата личност се однесува понеспретно од вообичаено. Зголемената потреба за физички контакт – како што се „случајни“ допири, подолги прегратки или седење необично блиску – често ја крие желбата за блискост. Обрнете внимание на реакциите: ако личноста се тргне, се насмевне, поцрвенее или се збуни, веројатно чувствува исто. Дури и имитирањето на вашите гестови или тонот на гласот е потсвесен знак за интерес. Понатаму, ако двајцата почнете да посветувате повеќе внимание на изгледот пред да се видите – додека претходно сте се гледале во најобична, секојдневна облека – ситуацијата е прилично јасна. „Испитување на теренот“ преку шега и флерт Пријателите кои немаат романтични чувства еден кон друг ретко фантазираат за тоа како би било да бидат во врска. Сепак, ако таквите шеги, задевања и лесен флерт редовно се појавуваат во вашата комуникација, речиси е сигурно дека односот не е само платонски. Ова често се начини да се „испита теренот“ и да се процени вашата реакција. Може дури и директно да ве прашаат што мислите за нив или како се чувствувате во врска со времето што го поминувате заедно. На вас останува дали ќе ги препознаете овие сигнали или ќе ги игнорирате, но тие веќе ги пренеле чувствата на овој начин. Длабока емотивна поврзаност Кога некој сака нешто повеќе од обично пријателство, почнува да гради подлабока емотивна врска. Ќе ви се отвори за своите најголеми стравови и соништа, споделувајќи ги ранливите страни на својата личност. Со тоа, гради доверба и се надева дека и вие ќе возвратите на ист начин. Исто така, ќе почне да ги памети и најситните детали за вас – од вашиот омилен вкус на сладолед до важните датуми. Ќе ви бара мислење и совет за значајни животни одлуки, покажувајќи дека ја цени вашата проценка. Ќе почне да ве вклучува во своите идни планови, користејќи „ние“ наместо „јас“, и ќе ве запознае со својот најблизок круг луѓе – семејството и пријателите. Активност на социјалните мрежи Во дигиталната ера, трагите често се оставаат и онлајн. Ако забележите дека постојано ги „лајкува“ вашите стари фотографии, редовно ги коментира вашите објави и ве означува во содржини што би можеле да ве интересираат, тоа е знак дека постојано сте му во мислите. Зголемениот ангажман на социјалните мрежи е современ начин за покажување интерес што ги надминува рамките на пријателство. Кога некој ќе развие романтични чувства кон вас, неговото однесување неизбежно се менува. Ќе бара изговори да остане во контакт со вас, ќе ви посветува повеќе внимание, а неговата енергија ќе испраќа јасна порака. Ако ги препознаете овие знаци, голема е веројатноста дека таа личност не ве гледа само како пријател, туку како некој со кого би можела да дели иднина. Извор: www.index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеТренер 30 дена користел крeатин: „Имав сè повеќе енергија и мускулите ми изгледаа пополно“Еден јутјубер одлучил да провери како креатинот влијае на телото и на концентрацијата, па затоа го земал овој додаток секојдневно во текот на 30 дена. Мунир Азегра, основач на YouTube каналот „iWannaBurnFat“, ги следел промените во текот на еден месец додека секој ден земал по грама креатин. Што е креатин? Според „Cleveland Clinic“, креатинот е природен извор на енергија што им помага на мускулите да се контрахираат. Исто така, помага во одржувањето на резервите на енергија во мускулите, особено за време на физичка активност. Околу половина од креатинот во телото потекнува од храната како што се црвеното месо, морските плодови и млеко од животинско потекло. Остатокот телото го произведува самостојно, главно во бубрезите, црниот дроб и панкреасот. Од „Cleveland Clinic“ наведуваат дека околу 95 % од креатинот завршува во скелетните мускули, каде што се користи за време на физичка активност, додека остатокот оди во срцето, мозокот и другите ткива. Додатоците со креатин често се земаат за зголемување на силата и подобрување на перформансите при вежбање, а постојат и истражувања за неговото потенцијално влијание врз меморијата и другите мозочни функции. Како изгледаше неговиот 30-дневен експеримент? Првиот ден, Азегра зел пет грама креатин по тренингот. До третиот ден, сè уште не забележувал никакви физички промени, но претпоставувал дека неговите мускулни клетки веќе почнале да складираат повеќе креатин. По една недела, тој забележал дека има повеќе енергија за време на тренинзите и дека може да направи „едно дополнително повторување“ кај одредени вежби. Околу четиринаесеттиот ден, тој сè уште се чувствувал енергично, а му се чинело и дека неговите мускули изгледаат „малку пополни“. До 21-виот ден, тој изјавил дека се чувствува посилно и дека забележува физичка разлика во споредба со почетокот на експериментот. Сепак, тој нагласил дека станува збор само за „мал поттик“ и дека не треба да се очекуваат чуда од креатинот. Одлучил да продолжи со неговото земање. По 30 дена, Азегра заклучил дека ќе продолжи да зема по пет грама креатин дневно, бидејќи бил задоволен од промените што ги забележал. Клиниката Кливленд (Cleveland Clinic) наведува дека креатинот може да помогне во закрепнување на мускулите и да ја зголеми содржината на вода во мускулните клетки; исто така, се истражува и неговото потенцијално влијание врз меморијата. Сепак, ефектите и потребната доза на креатин може да варираат од човек до човек. Можните несакани ефекти вклучуваат зголемување на телесната тежина, вртоглавица, гадење, повраќање, дијареја и зголемено потење. Клиниката Кливленд препорачува консултација со лекар пред земање креатин, особено ако лицето има здравствени проблеми или зема лекови. Лекарот може да процени дали креатинот е безбеден избор и да ја одреди соодветната доза. Извор: www.index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЃуро ѝ го честита 30-тиот роденден на својата ќерка со емотивна објава: „Ти благодариме што си наша“Актерот Бранко Ѓуриќ Ѓуро ѝ го честиташе 30-тиот роденден на својата ќерка Зала преку емотивна објава на Инстаграм, споделувајќи серија фотографии на кои се заедно.На фотографиите е прикажана Зала, од раното детство па сè до денес, придружени со трогателна порака од Ѓуро. View this post on Instagram A post shared by branko djuric (@branko_djuric_djuro) „Среќен роденден, моја мала принцезо! Остани среќна и здрава. Ти благодарам за сите убави, луди, среќни и незаборавни моменти на твоето патување од 0 до 30 години. Ти благодарам што си наша“, напиша тој. Зала тргна по стапките на своите родители и работи како актерка. Таа се појави во филмовите „Šesti autobus“ и „Deda ide na jug“, а глумеше и заедно со својот татко во претставата „We Will, We Will Rakija“. Претставата беше поставена според нејзиното сценарио, додека Ѓуро ја режираше. Претходно оваа година, Зала објави дека станала мајка, иако не откри детали за приновата. Ѓуро има и ќерка, Ела, со сопругата Тања, како и син, Филип, од првиот брак.Тагови: Бранко Ѓуриќ Ѓуро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook