Новото Волво од 4,5 тони има додаток што ќе им се допадне на богатите (ВИДЕО)

За сите кои сакаат СУВ возило со исклучителен комфор и стил , а покрај тоа сакаат и максимална безбедност , Волво го направи XC90.

По бројните барања од различни клиенти , Волво реши во новиот модел да вгради и целосна безбедност. По две години испитувања , од Волво го направиле целосно безбедното возило. Тоа значи дека освен сите стабдардни безбедносни уреди , овој СУВ добива безбедност од  огнено оружје.

Тоа значи дека Volvo XC90 може да ги одбрани возачот и патниците од куршуми од автоматското оружје Ак47- Калашников , како и од експлозивни направи , односно 20 мм ФСП.

Блиндираната изведба се прави така што возилото од фабриката во Трондхајм , Шведска , се носи во германската компанија Таско во Бремен , каде се опремува со оклопот.

Дебелината на челичните плочи е 10 мм, а стаклотио е дебело 50 мм. Кога сето тоа ќе се собере ,стануѕва збор за дополнителна тежина од 1 400 килограми , а тоа доведува до вкупна маса од 4,5 тони.

притисни ентер