Новото Ламборџини ќе биде прв хибрид, што испушта оган од ауспусите (ВИДЕО) - Канал 5

Новото Ламборџини ќе биде прв хибрид, што испушта оган од ауспусите (ВИДЕО)

Новото Lamborghini Revuelto ја замрзнува крвта.

Новото Ламборџини ќе биде прв хибрид, што испушта оган од ауспусите (ВИДЕО)

Иако номинално е plug-in хибрид, на сите им е јасно дека овој модел не е создаден имајќи го предвид еколошкиот аспект. Струјата е тука за дополнително да го разгори огнот на чудовиштето V12 и да ја заокружи понудата на над илјада коњи.

Поточно, станува збор за 1015 КС, од кои бензинскиот мотор произведува 825 КС и 725 Nm.

Најмоќниот V12 мотор во историјата на Lamborghini не се задржува со ништо и е достоен за бесниот бик што го симболизира. Навистина, другата крајност е електрично возење со ограничена моќност и минимален опсег.

Како вози новото Lamborghini и каква мелодија може да очекуваме, погледнете во продолжение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што се случувало во Ново Село пред два дена при посетата на премиерот Мицкоски?

Што се случувало во Ново Село пред два дена при посетата на премиерот Мицкоски? 

Што се случувало во Ново Село пред два дена при посетата на премиерот Мицкоски?

Од СДСМ и денеска бараат одговори од институциите со тврдење дека нивни млади активисти биле нападнати, наводно со цел да се замолчат бидејќи носеле транспарент дека нема одговорност за случувањата во Гостивар. Велат дека напаѓачите биле поврзани со владејачката партија, а меѓу нив бил и возач на градоначалник.

-Бараме од Министерството за внатрешни работи и од Обвинителството - веднаш. Не утре. Не за една недела. Веднаш да ги идентификуваат сите учесници во нападот и да ги приведат. Да се утврди и кој го дал налогот за нападот врз младите. Затоа што ова не беше спонтано. Ова беше организирано,- Трајче Стојчевски – претседател на СДММ.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека СДСМ таму пратила осудени насилници за да создадат инциденти додека се одржува настанот. На прес конференција прикажаа видеа и документи од кривични пријави од претходни настани кадешто, според нив, учествувале токму лицата кои вчера стоеа до Филипче на прес конфенрецијата во Ново Село.

„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик. Вистината е дека Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа. Валентин Манасиевски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од МВР за Канал 5 велат дека за овој настан до нив воопшто нема пристигнато пријава ниту од партијата, ниту од засегнатите.

Освен за Ново Село, партиите претходно се обвинуваа и за случај во Ташмаруништа за време на чествувањето на Илинден кога возрасен маж ја навредувал делегацијата предводена од премиерот.. За тамошниот настан имаше институционална разврска- поднесена е кривична пријава против 52 годишно лице од Струга за кривично дело насилство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вкупно 16 лица во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника со симптоми на западен нил

Најголем број од пациентите кои со воспаление на мозокот беа примени на Инфективната клиника во текот на минатата недела сега и официјално се потврдени на „западен нил“,.

Вкупно 16 лица во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника со симптоми на западен нил

Најголем број од пациентите кои со воспаление на мозокот беа примени на Инфективната клиника во текот на минатата недела сега и официјално се потврдени на „западен нил“, што значи дека вирусот го добиле по убод од комарец и развиле тешка форма на болеста. Директорот на Клиниката, инфектологот д-р Фадил Цана, вели дека во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти кои клинички имаат невроинвазивна форма на инфекцијата „западен нил“, сите се над 60 годишна возраст со живеалиште во Скопје и имаат и други хронични состојби. Д-р Цана потврдува дека за жал нема подобрување кај тројцата пациенти кои беа ставени на респиратор.

Поради локалното присуство на вирусот, алармирани се и матичните лекари кои апелираат - при појава на симптоми како што се висока температура, треска, зашеметеност и конфузност веднаш да се јават на лекар. Иако само мал процент може да имаат тешка форма на болеста, не се исклучува можноста таа да се јави и кај деца, па затоа педијатрите советуваат, дека најмалите треба највеќе да бидат заштитени.

Вирусот Западен Нил не го пренесува само тигрестиот комарец, а во Македонија главен преносител е обичниот домашен комарец, кој се заразува од инфицирани диви птици, а потоа со убод може да го пренесе вирусот на човек. Затоа препораките се освен сите да користат спрејеви или лосиони за заштита од убоди, да не се чува застоена вода во дворовите, а да се носи облека на долги ракави и мрежи за заштита во количните за најмалите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска

19 годишник на мотоцикл загинал претпладнето на улица Радишанска во Скопје, при судир со автомобил алфа ромео со италијански регистраски таблички.

19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска

Возачот на мотоциклот починал на лице местоо. Повеќе детали за оваа несреќа има Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

Мими кога точно се случила сообрачајката и има ли повеќе детали како дошло до неа?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер