Новото електрично Порше ќе се произведува во Братислава - Канал 5

Новото електрично Порше ќе се произведува во Братислава

Тоа беше еден од првите спортски теренци со моќен V8 мотор, а сега станува електричен.

Новото електрично Порше ќе се произведува во Братислава

Кога ќе кажеме дека тој суштински го врати брендот и му обезбеди огромни приходи, лесно можете да заклучите дека станува збор за моделот Cayenne. Третата генерација на моделот е на пазарот од 2017 година, а сега е подложен на уште еден фејслифтинг за да „издржи“ до доаѓањето на новата генерација.

И тогаш, очигледно, ќе биде целосно електричен. Тоа е рецепт кој се насмевнува уште од донесувањето на одлуката новиот Macan да биде исклучиво електричен модел. Порше денеска објави важна вест поврзана со четвртата генерација на моделот, а тоа е дека новиот модел ќе се произведува во фабриката на Фолксваген во Братислава. Значи, тоа ќе биде уште еден електричен модел на концернот VW со производство надвор од границите на матичната земја.

Познат е и планот. По лансирањето на Taycan во 2019 година, следната година ќе пристигне и електричниот Macan, а потоа кон средината на деценијата ќе биде претставен и електричниот 718. Погодувате, четвртиот електричен модел во линија ќе биде Cayenne, потврдија денеска од Porsche. Иако Cayenne со години се произведува во Братислава, многумина изненади што оваа практика ќе продолжи и по префрлањето на електричен погон.

Да потсетиме, Cayenne е еден од столбовите на Porsche, модел кој му дава (финансиска) слобода на Porsche во создавањето на супер спортски автомобили кои не се направени за пазарот, туку повеќе за душа. Во превод, Cayenne со 95.604 продадени единици минатата година ѝ дава на компанијата доволно капитал за развој на нови производи.

Кога станува збор за фабриката во Братислава, нејзината поврзаност со Cayenne датира 20 години наназад. Имено, на почетокот таму се произведувале делови за моделот и се испраќале на склопување во Лајпциг. Од третата генерација, производството е префрлено во Словачка, каде што се произведуваа модели со класични погони, но и plug-in хибридната верзија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Стапката на инфлација се намалува, пониска е и од инфлацијата во еврозоната

​Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат на забавување на инфлацијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Стапката на инфлација се намалува, пониска е и од инфлацијата во еврозоната

Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво што покажува тренд на намалување. Во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната во која стапката на инфлација во јули изнесува 2,9 проценти.

Колку за споредба во април 2026 година инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценти, во мај 4,8 отсто и во јуни 3,4 проценти.

Особено е значајно што и во текот на јули продолжува трендот на намалување на цените на храната и безалкохолните пијалаци, кои се пониски за 1,1 процент во однос на претходниот месец. Ова е од големо значење бидејќи храната има најголемо влијание врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните.

Овие податоци од надлежната институција, Државниот завод за статистика се потврда на политиките кои ги креира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Бројките несомнено се позитивен сигнал за движењата во економијата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги следи економските движења и да креира мерки во интерес на граѓаните и нивниот животен стандард.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Делегација на СДСМ денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак.

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак.

Вечна им слава на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден", по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.

Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.

Се гледаме на „Силно светнал ден", за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер