Ново замрзнување на цените – по прехрамбените продукти на ред дојдоа и хигиенските производи

Владата на денешната седница одлучи дека се замрзнуваат цените на продуктите за хигиена за секојдневна употреба за 13% од први април до крајот на мај. 

Ваква одлука ќе се донесела и порано и ќе била долгорочна по предлог на пратенците но е заглавена во собраниските комисии од страна на опозицијта обвини Бектеши .

Од стопанската комора сепак сметаат дека активирањето на стоковите резерви е подобро од одлуките за замрзнување на цените односно наместо популистички да се носат пазарни мерки

Досега владата ги замрзна цените на лебот, ги замрзна и намали цените на тестенините и млекото и млечните производи како и цената на оризот и јајцата. Одлука за цените на овошјето и зелечнукот ќе се носат следната недела и ќе важат само за маркетите. Инспекторатот во досегашните 500 контроли утврдил дека во најголем дел се почитуваат мерките за замрзнуавње на цените.

„Гответе со Дракче“ - Пастрмка со ориз

Во понеделник  (13.05.2024) во емисијата гостин ни беше Александра Пановска Илиевска

Состојки за денешниот рецепт:

1 свежа пастрмка

500 гр. ориз

2 лажици путер

малку лук во гранули

малку оригано

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Ал-Итихад сака да го ангажира Тер Штеген

 Ал-Итихад е заинтересиран за трансфер на голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, пренесува Мундо Депортиво.

Според шпанскиот спортски портал, клубот од Саудиска Арабија има намера да го придобие германскиот голман на крајот од актуелната сезона. Спортскиот директор на Ал-Итихад Рамон Планес, кој претходно работеше во Барселона, верува дека Тер Штеген добро ќе се вклопи во тимот од Џеда.

Во август, 32-годишниот фудбалер потпиша нов договор со Барселона, кој трае до јуни 2028 година.

Тер Штеген игра за „Блауграна“ од 2014 година. Сезонава одигра 32 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува 14 пати мрежата „чиста“.

Во Нова Каледонија аеродромот е затворен поради протести и воведен е полициски час

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија денеска упатија повик за смирување на тензиите по немирите кои избија во главниот град Нумеа поради дискусијата за уставните измени во Собранието во Париз, кои ги осудуваат сепаратистите на оваа француска прекуморска територија.

Луис Ле Фран, високиот комесар на Париз на територијата на Пацификот, рече дека демонстрантите впериле оружје од голем калибар и ловечки пушки кон жандармите. Тој додаде дека нема жртви.

„Повеќето од инцидентите се во северните делови на градот“, рече Ле Фран и апелираше да се смири ситуацијата.

Властите на Нова Каледонија објавија дека наставата во училиштата е прекината и дека меѓународниот аеродром е затворен. Немири избија вчера за време на демонстрациите против предлогот што го разгледуваат пратениците во Париз, а кој има за цел да го прошири електоратот за локалните избори.

притисни ентер