Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвораат јубилејното 20 -тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“
Герасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема
1Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвораат јубилејното 20 -тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“
2Герасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема
3МВР: Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Куманово, поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички
ЖивотНово „оружје“ против несоницата: Вежба „4-7-8“ (Видео)Овој метод, наречен „4-7-8“ е новото популарно „оружје“ против несоница. Тој се заснова на древноиндиските техники на дишењеИмено, стручњаците ветуваат дека тоа ќе Ве заспие за само 60 секунди. Истражувањата посочуваат дека бавното дишење, хигиената на спиењето и вежбите за опуштање може да бидат покорисни во лекувањето несоница, отколку некои вообичаени фармаколошки третмани. „Методот на дишење 4-7-8“ е развиен од д-р Ендрју Вејл, лекар во Центарот за интегративна медицина во Тусон, Аризона, САД. Вежбата се заснова на индиските „пранајама“ техники, пишува „Хелтлајн“ (Healthline). Колку повеќе ја практикувате оваа вежба за медитација, се вели, толку поделотворна таа може да биде во напорите да се заспие полесно. Оваа практика опушта, но и го подобрува начинот на којшто човековото тело реагира на стрес. Како се прави вежбата „4-7-8“? Чекор бр. 1: Ставете го врвот на јазикот на непцето - напред и насредина, веднаш зад двата предни заби. Држете ја устата затворена. Стиснете ги и усните доколку е потребно тоа. Чекор бр. 2: Со затворена уста, вдишете полека низ носот. Бројте до 4. Чекор бр. 3: Го држите здивот 7 секунди. Ова е најважниот дел од вежбата. Чекор бр. 4: Издишувате низ јазикот и забите (како со свиркање), во траење од 8 секунди. Кога повторно вдишувате, почнува сосем нов круг. Тоа се повторува вкупно четири целосни круга, но ако Вие и Вашето тело чувствувате дека опуштањето доаѓа порано, просто - прекинете ја вежбата. Фото: ЈутјубКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАнсамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвораат јубилејното 20 -тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“Годинешното јубилејно 20-тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ се отвора во Хераклеја со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција.Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби како и танцувачка група. „10-те Бузуки на Домна“ (грчки: Ta 10 Bouzoukia tis Domnas) е познат грчки музички ансамбл специјализиран за изведба на традиционална и современа грчка музика со доминантна улога на бузуки инструментот. Ансамблот е основан од Јанис Карасавас член и основач на ансамблот кој го сочинуваат врвни музичари и виртуози на бузуки, кои преку своите концерти ја претставуваат богатата музичка традиција на Грција. Нивниот репертоар опфаќа rеbetiko, лаико, народни песни од различни региони на Грција, како и современи композиции инспирирани од традиционалните музички форми. Со настапи на бројни фестивали и културни манифестации во Грција и странство, ансамблот се истакнува по својата енергична интерпретација, виртуозна изведба и автентичен грчки музички израз. Нивните концерти претставуваат музичко патување низ историјата и културата на Грција, пренесувајќи ја атмосферата на грчките острови, градови и традиционални свечености. Една од целите на овој настан е интензивирање на пограничната културна соработка како алатка за развој на културниот туризам преку промовирање на културното наследство и традиција како сцена и атрактивен туристички мотив, заложба која Локум фест ја промовира со години. Концертот е резултат на соработката со Амбасадата на Република Грција во Скопје и Генералниот конзулат во Битола. Локум фест е проект од национален интерес поддржан од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест 2026 г. Оваа година ќе се одржи од 16. до 18.јули. Втората и третата вечер се резервирани за концерти во автентичната атмосфера на Старата битолска чаршија, каде што пред 20 години почна „Локум фест“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опремаОпштина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“,. Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното градско подрачје добива помодерен, пофункционален и поуреден изглед. Во рамки на проектот се поставуваат нови клупи и нови корпи за отпадоци, а просторот ќе биде збогатен и со ново детско игралиште и современа теретана на отворено, наменети за рекреација и дружење на сите генерации. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека уредувањето на јавните простори останува еден од приоритетите на општината. „Со партерното и хортикултурното уредување, како и поставувањето нова урбана опрема, го разубавуваме и осовременуваме овој значаен дел од центарот на градот. Создаваме функционални, уредени и зелени јавни простори каде граѓаните ќе можат да одморат, да се рекреираат и да поминуваат квалитетно време со своите семејства. Продолжуваме да инвестираме во проекти што го подобруваат секојдневието и квалитетот на живот на нашите жители“, изјави Герасимовски. Со реализацијата на првата фаза од проектот, Општина Центар продолжува со унапредување на јавната инфраструктура и создавање современи, безбедни и пријатни јавни простори, во согласност со потребите на граѓаните.Тагови: Општина Центар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВрховниот суд ги поништи царините на Трамп; САД ќе вратат 81 милијарда долариВладата на САД исплати десетици милијарди долари поврат на средства за царини упплатени пред одлуката на Врховниот суд да ги прогласи за незаконски, според податоците за буџетот објавени во понеделник. Царините беа клучен дел од економската политика на претседателот Доналд Трамп откако тој ја презеде функцијата минатата година, но судот поништи голем дел од нив во февруари, објавува „Гардијан“. Според објавените податоци, Соединетите Американски Држави исплатија 81 милијарда долари поврат на царини во текот на тековната фискална година, која започна во октомври 2025 година. За споредба, само 5 милијарди долари беа исплатени во истиот период минатата година. Службеник на Министерството за финансии им потврди на новинарите дека огромниот пораст речиси целосно се должи на пресудата на Врховниот суд. Тој додаде дека поголемиот дел од повратните средства се издадени во текот на мај и јуни. Трамп ги претстави царините како решение за сите економски проблеми - почнувајќи од враќање на производството во Америка и обезбедување подобри трговски договори, па сè до намалување на дефицитот на федералниот буџет. Сепак, буџетскиот дефицит, кој малку се намали минатата година токму поради приходите од царини, сега повторно расте. Во првите девет месеци од фискалната година, тој достигна 1,367 трилиони долари, што е зголемување од 2 проценти. Во исто време, и другите расходи се зголемија. САД потрошија повеќе од 1 трилион долари само за камати на својот долг - зголемување од 14 проценти - додека воените трошоци се зголемија за 5 проценти поради војната на Блискиот Исток.Тагови: Доналд Трамп САД царини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook