Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
1Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила
2ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?
3Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран
СветНовите сателитски снимки го активираа алармот: Нафтени дамки се забележани насекаде низ светот Излевањата на нафта покриваат околу 1,58 милиони квадратни километри од светските океани годишно, површина приближно три пати поголема од Шпанија, според нова сателитска анализа на непрофитната организација SkyCruise.Повеќе од 90 проценти од проценетото загадување со нафта се случува во територијалните води на земјите, честопати во близина на крајбрежјата, вклучувајќи ги и заштитените морски подрачја, објавува Euronews. Бродовите се најчести виновници Највисоки концентрации на излевања на нафта се регистрирани во Црвеното Море, Персискиот Залив, Медитеранот и Црното Море, како и во водите покрај брегот на Западна Африка и околу Индонезија. Анализата, објавена на 23 септември за време на Неделата на климата во Њујорк, се базира на сателитски снимки собрани од 2023 до 2025 година и податоци од системот за следење на загадувањето со нафта Cerulean. Според наодите, бродовите биле поврзани со околу 81 процент од излевањата на нафта чиј можен извор можел да се утврди, при што најчесто биле вклучени танкери и товарни бродови. Морска инфраструктура за нафта и гас била поврзана со уште 18 проценти од излевањата. „Постојан глобален проблем“ Истражувачите постојано забележуваа 16 од истите бродови во близина на нафтени дамки, додека некои офшор инсталации исто така постојано беа поврзани со загадувањето. „Загадувањето со нафта е постојан глобален проблем што се јавува многу почесто отколку што покажуваат главните пријавени инциденти“, рече Карл Вустер, главен директор за технологија на SkyCruise. Иако концентрациите на нафтени дамки во околу 75 проценти од морските заштитени подрачја беа пониски отколку во околните води, загадувањето беше забележано и во чувствителни живеалишта, вклучително и област во Мексиканскиот Залив каде што се наоѓа критично загрозениот вид „Добар кит“. Дали вистинскиот обем е уште поголем? Истражувачите предупредуваат дека вистинскиот обем на загадување може да биде уште поголем, бидејќи сателитското следење е ограничено на отворено море. Океаните се исто така загрозени од војни, несреќи и потонати бродови. Се проценува дека на морското дно лежат околу 8.500 потенцијално загадувачки бродоломи, главно од двете светски војни, од кои некои веќе протекуваат нафта поради корозија на трупот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФинансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возилаУправата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривичнo делo “Проневера во службата “од член 354 од Кривичниот законик на Република Македонија. Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, искористувајќи го овластувањето на друштвото за вршење технички прегледи на моторни возила, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, на правниот субјект му прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дополнително, со цел прикривање на трагите на кривичното дело, во текот на 2022 и 2024 година, пријавениот извршил противправен отпис на јавни давачки во вкупен износ од 17.090.623 денари, при што во сметководствената евиденција го намалил долгот кон наведените субјекти и прикажал помал износ на обврски по основ на јавни давачки.Тагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?Стево Пендаровски, со својот Фејсбук-статус, практично потврди дека станува збор за објектот во Влае кој се поврзува со семејството на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.Наместо да даде конкретни одговори, Пендаровски се обиде да ја пренасочи темата со политички контранапади. Но, клучните прашања остануваат неодговорени. Во Влае се гради станбен објект во кој како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на Еролд Муслиу, близок соработник на Пендаровски, кого тој го именуваше за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година. Прашањето е едноставно, од каде се милионите за оваа инвестиција? Дали пријавените семејни приходи на семејството Муслиу соодветствуваат со обемот на инвестицијата? Кој го обезбедува капиталот и дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Стево Пендаровски и Еролд Муслиу поврзани со овој проект? Исто така во 2024 година Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, добила грант од 620 илјади евра, од тогашната влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу. Пендаровски не може да ги избегне овие прашања со политички напади и обиди за дефокусирање. Неговата изјава отвори дополнителни дилеми. Пендаровски и Еролд Муслиу јавно да одговорат кој ја финансира изградбата на станбениот објект во Влае? Од кои извори потекнуваат средствата за инвестицијата? Дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Пендаровски и Муслиу? Дали доделениот грант од 620.000 евра бил доделен и искористен согласно законските процедури и критериуми? Од надлежните институции бараме да ги проверат сите релевантни финансиски и имотни податоци, како и евентуалното постоење судир на интереси. Доста е со политички дефокусирања и избегнување одговорност. Додека Филипче зборува за некакава организирана криминална група токму врхушката на СДС и лица блиски до СДС меѓу кои и кланот Заеви градат висококатници во Дубаи, купуваат акции во авиокомпании, се луксузирааат на јахти по Егејот, инвестираат во фотоволтаици и градат империи. Доста е со привилегии и молк. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во ИранДемократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран, по преземањето на контролата врз американскиот Конгрес.Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, порача дека завршува периодот во кој Конгресот функционирал како продолжена рака на администрацијата на Доналд Трамп. Во меѓувреме, Трамп призна дека војната во Иран во голема мера придонела за изборниот пораз на републиканската партија. Претходно, потпретседателот Џеј Ди Венс го оцени конфликтот како една од главните причини за поразот. Неговите изјави укажуваат на продлабочување на несогласувањата во редовите на републиканците.Сè уште не се познати конечните резултати за две сенаторски места. Во Мисисипи се води исклучително неизвесна трка, додека во Алјаска продолжува пребројувањето на гласовите.По изборните резултати продолжи и падот на цените на нафтата.Цената на барел нафта се спушти под 100 долари, достигнувајќи го најниското ниво во последните два месеца.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00