Новите мерки за влез и излез од земјава пред Владата, епидемиолошката состојба сé посериозна - Канал 5

Новите мерки за влез и излез од земјава пред Владата, епидемиолошката состојба сé посериозна

Владата денеска треба да одлучи дали за влез и излез од државата ќе се воведе задолжителен „PCR “ тест, потврда за вакцина или сертификат за прележан КОВИД. Овие нови мерки нема да стапат во сила веднаш.

Новите мерки за влез и излез од земјава пред Владата, епидемиолошката состојба сé посериозна

Во меѓувреме, бројките на заразени не стивнуваат. Според последниот биланс, регистрирани се 296 нови КОВИД случаи и осум починати лица.

Здравствените власти се задоволни од процесот на вакцинација. Сметаат дека се одвива добро, особено по најавата и воведувањето на рестриктивните мерки, но, сепак, уште еднаш порачаа дека имунизацијата е единствениот начин да се стави крај на пандемијата.

Како што соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче, ќе има и вакцинирање со трета доза. Овој процес ќе опфати имуно-дефицитарни лица, пациенти на кои им е извршена трансплантација и кои се на хронична дијализа.

Вакцини има доволно, а во наредниот период се очекуваат и дополнителни дози.

– Процесот на вакцинација се одвива добро по најавените мерки, што е добар сигнал и верувам дека тој тренд ќе продолжи. Минатата недела имаше денови кога достигнавме бројка од 8.000 граѓани кои се пријавија да примат прва доза вакцина. Околу 50.000 вакцини се дадени претходната седмица. Опфатот на вакцинирано население изнесува околу 35 проценти. Процентот на вакцинирани граѓани над 70 години, порасна од 63 на 70. На населението над 50 години, процентот од 45 сега е речиси 50, што е добар знак за оваа категорија граѓани. Гледаме дека во градовите каде што опфатот со вакцинација е висок, на пример Охрид, Битола, Штип, нема пациенти во болниците. Досега се вакцинирани околу 4.000 деца до 18 години. Најмногу се вакцинираат повозрасните, односно 16, 17 и 18 годишни, соопшти Филипче.

Тој оцени и дека епидемиолошката состојба станува се посериозна, поради што, напомена, мерките треба максимално да се почитуваат.

-Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот, рече министерот.

И Хелсиншкиот комитет повика на одговорност и рационалност во борбата со пандемијата – граѓаните во врска со коронавирусот да се информираат од релевантни извори, засновани на научни сознанија и препораки и да ги отфрлат информациите базирани на лаги и теории на заговор. Хелсиншки изрази и загриженост поради изјавите и пораките од неделните протести против вакцинацијата и мерките за заштита.

-Комитетот секогаш го поддржува правото на протест и слободно изразување на мислењето, но истовремено, секогаш треба да биде присутна свеста дека граѓаните, покрај уставно гарантираните права, имаат и уставно регулирани должности. Во таа насока, потсетуваме на членот 39 од Уставот на Р.С Македонија, според кој граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје, но и здравјето на другите. Токму затоа, забраните во случај на одбивање на вакцинацијата, во ниту еден момент не може да се подведат под сомнение дека би биле основ за дискриминација или во спротивност со Уставот и основните човекови слободи и права, наведе Хелсиншкиот комитет.

Поради сериозноста на КОВИД-ситуацијата, од вчера почнаа со работа модуларната болница до Инфективната клиника, инфективното одделение во ГОБ „8 Септември" и три тријажни центри.

Од вчера стапија во сила и новите рестриктивни мерки според кои за влез во угостителските објекти и на организирани настани мора да се приложи сертификат за примени вакцини или потврда за прележан КОВИД во изминатиот 1,5 месец. ВМРО-ДПМНЕ ги нарече ваквите мерки фашизоидни и дискриминаторски, а Независната угостителска комора (НУК) јавно побара од Владата целосно и безусловно да ја укине одлуката за забранет влез на невакцинирани во угостителските објекти, посочувајќи дека е условена и неспроведлива и дека е неприфатлива и за многу граѓани.

Со новите мерки целосно се забранува и одржување настани и работа на угостителските објекти на затворено. Угостителските објекти мора да имаат редарска служба која ќе врши контрола, а се најавуваат и засилени инспекциски контроли. Според надлежните, мерките се носат за да се заштити јавното здравје и за да нема потреба од повторно воведување локдаун и целосно затворање на одредени дејности.

Во однос, пак, на најновиот предлог што Владата ќе го разгледува денеска – за влез и излез од земјава да се воведе задолжителен PCR тест, сертификат за вакцина или потврда за прележан КОВИД, реагираа туристичките агенции. Според нив, евентуалното донесување таква одлука ќе значи тотален колапс на секторот и ќе ги примора да излезат на улица.

Досега во земјава се направени 1.065.772 тестирања, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата е 162.457. Бројот на оздравени пациенти изнесува 150.960, на починати 5.560, додека на активни случаи е 5.937.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Тројца возеле без положен возачки испит, четворица под дејство на алкохол, а еден возел со активна забрана.

Лишени од слобода осум возачи за „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, три лица управувале возило без положен возачки испит и тоа Е.Л.(21), Д.С.(53) и Н.И.(24) сите од Скопје. Под дејство на алкохол патничко возило управувале А.С.(28) и И.Б.(61) двајцата од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка, И.Ј. (54) од село Клечовце, кумановско, додека Џ.М.(45) од село Калково, валандовско управувал возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во септември констатирани 1.803 прекршоци, 132 случаи на безобѕирно возење и одземени 88 мотоцикли.

Зајакнати контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

Во текот на септември 2026 година, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

При спроведените контроли констатирани се вкупно 1.803 прекршоци, од кои најголем дел, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).

Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, потоа на подрачјата на СВР Битола – 233, СВР Велес – 213, СВР Струмица – 201 и СВР Тетово – 168. Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирани се 154 прекршоци, додека останатите се евидентирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово.

Во рамки на контролите евидентирани се и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 88 мотоцикли.

Дополнително, констатирани се и 5.034 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли и апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел заштита на сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ.

Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости.

Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија.

Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер