АвтомобилизамНовите автомобили собираат бројни податоци за возачот и начинот на неговото возење Модерните автомобили нудат бројни системи за асистенција, но тие исто така комуницираат со производителот и се снабдуваат со многу информации.Неколку примери веќе покажуваат колку податоци несвесно им доставуваме на производителите со секој метар управуван со автомобил. Wired пишува за одредени модели на американскиот пазар и даде добри примери. Верувале или не, автомобилот може да генерира до 25 GB податоци за само еден час. Така, сопствениците на новиот пикап Ford F-150, најпопуларниот модел во Америка, треба да знаат дека производителот добива информации за брзината на движење на секое возило, но и, на пример, за тоа колку силно возачот ја притиска педалата за гас. Тојота, од друга страна, вели дека собира податоци за однесувањето на воланот, забрзувањето, брзината, сопирањето и дестинациите за патување. Некои автомобили буквално го скенираат лицето на возачот пред да тргне. Портпаролот на Тојота изјави за Wired: „Овие податоци не можат да ги прочитаат луѓето, а скенирањата на лицето се складираат само во возилото и не се пренесуваат на Тојота“. И Chevrolet снима податоци, имено параметри за возење, но и локација, правци за возење, па дури и малку секундарни податоци како на пример колку е отворен прозорецот. Ако возите електричен автомобил, производителот ќе ги анализира податоците кога ќе го полните возилото дома. Гигабајти лични податоци секојдневно се испраќаат во базата на податоци за обработка, а американските производители предничат. Притоа, тие самите не бегаат од тоа, туку гордо признаваат како комуницираат со возилото. И значителен дел од тие податоци несомнено завршуваат во рацете на брокерите на податоци, осигурителните компании, владата и други. Тоа е комбинација од податоци што ги анализира страницата Privacy4Cars за да дојде до извештаите за приватност на возилата врз основа на официјални документи и согласности од поединечни производители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕксплозии во Ормускиот ТеснецТанкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни.Танкер што пловел низ Ормускиот Теснец, во близина на брегот на Оман, пријавил дека слушнал две експлозии, соопшти денеска Британскиот центар за поморски трговски операции, наведувајќи дека бродот и екипажот се безбедни и дека не е пријавена штета врз животната средина. UKMTO во известувањето наведе дека инцидентот се случил на околу девет наутички милји (16,7 километри) југоисточно од градот Кумзар во Оман и дека извештајот за инцидентот бил доставен со задоцнување, пренесува Ројтерс. Според центарот, командантот на танкерот пријавил дека слушнал две експлозии додека минувал низ Ормускиот Теснец. अदन की खाड़ी में टैंकर के पास जोरदार धमाका, लाल सागर में समुद्री सुरक्षा खतरे में अदन के दक्षिण-पूर्व में टैंकर के पास धमाका सुना गया। हूती विद्रोहियों द्वारा जहाजों पर हमलों की घटनाओं के बीच लाल सागर में तनाव बढ़ता जा रहा है। क्रू सदस्य सुरक्षित हैं।#RedSea… pic.twitter.com/PjMyZFBxI2 — News 4 Social - Talk About Latest Trend (@newsforsocial) August 6, 2026 Инцидентот се случи во период на зголемени тензии во областа на Ормускиот Теснец, по неодамнешните воени судири меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисГолеми изненадувања во Монтреал! Шок по шок во Монтреал! Големи изненадувања го одбележаа второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал.Мастерсот во Монтреал уште во второто кола остана без првиот и четвртиот ностле. Првиот и четвртиот носител, Александар Зверев и Данил Медведев, се елиминирани од холандски тенисери, а натпреварувањето го заврши и Тејлор Фриц. Третиот тенисер во светот, Александар Зверев, го одигра својот прв меч по поразот од Јаник Синер во финалето на Вимблдон, но веднаш го заврши своето учество во Канада. Германецот беше поразен од Талон Грикспор со резултат 6:7 (3:7), 6:2, 6:4. Холанѓанецот, кој моментално е 69-ти на АТП-листата, пристигна во Канада со само една победа од претходните осум меча на АТП-турнејата, но успеа да ја забележи својата трета победа во кариерата против Зверев. Престојот во Канада заврши и за четвртиот носител, Данил Медведев. Рускиот тенисер во 2 коло загуби од Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6 (7:5), со што Холанѓанецот ја оствари својата прва победа во нивните меѓусебни дуели.Тагови: Зверев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски повеќе не може да се брани со лаги - сега праќа тепачиМицкоски повеќе не може да ги скрие неуспесите.Не му помагаат ниту 40% од Орбановите медиуми, ниту фармите на тролови, ниту бот-платформите наследени од сестринската СНС. Народот ги прочита. Катастрофалната економија, постојаното задолжување и труењето на цела Македонија повеќе не се кријат зад пропаганда. Затоа сега ја увезува и медиумска машинерија на Вучиќ - Ало групацијата (вклучувајќи го озлогласениот Информeр и други). Се увезува лиценца за Еуроњуз што треба да ја води Ивона Талевска. Целата мрежа под команда на „Началникот“ Латас - човек поврзан со српските служби. Треба да почнат во септември. Целта е јасна: медиумски мрак по модел на Вучиќ. А додека мрежата уште не е целосно активирана, веќе ја презеде и техниката на Вучиќ на напад и тепање на неистомисленици кои сакаат да се слушне нивниот глас. Во Србија удираат по неистомисленици, повеќе од една година. Кај нас почна од вчера вечерта. Синоќа во Ново Село беа нападнати млади активисти на СДСМ. Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе. Еден од нив е возачот градоначалникот на Струмица, извесен Наско Димитриев. Ова не смее да остане неказнето. Мицкоски ја премина секоја граница. Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат. Уште денеска да ги идентификуваат напаѓачите и да ги лишат од слобода. Сите до еден. Нема да дозволиме и ова да помине неказнето. Фашистички методи нема да дозволиме. Доволно е што Латас спроведува Гебелсови техники во медиумите, нема да дозволиме тоа да се случува и на улица. Младите не се плашат. Народот е буден. А стравот веќе не им е сојузник! Скопје, 06.08.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter