Новиот Закон за високо образование наскоро на владина седница - Канал 5

Новиот Закон за високо образование наскоро на владина седница

Новиот Закон за високо образование наскоро на владина седница
Законот за високо образование наскоро влегува во собраниска процедура, откако се очекува да помине на владинат седница. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите

Долгорочната напнатост може да влијае на срцето, имунитетот и сонот, а експертите откриваат едноставни техники што може да помогнат во урамнотежување на телото и умот.

 Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите

Современиот начин на живот, исполнет со бројни обврски, неизвесност, постојано брзање, сè почесто доведува до хроничен стрес што може сериозно да го наруши здравјето. Според стручните лица, долготрајната психичка напнатост не влијае само на расположението, туку и на работата на целиот организам - срцето, крвните садови, хормоналниот систем, системот за варење, имунитетот и врз квалитетот на сонот.

Бројни истражувања покажуваат дека долготрајното изложување на стрес го поттикнува лачењето на кортизол, хормон поврзан со покачување на крвниот притисок, нарушување на шеќерот во крвта и зголемена телесна тежина, послаб имунитет и проблеми со спиењето. Затоа лекарите и психотерапевтите ја нагласуваат важноста за навремено препознавање на симптомите на стрес и наоѓање начини за негово контролирање.

Длабоко дишење за брзо смирување

Меѓу најефикасните методи се издвојуваат техниките за длабоко и бавно дишење. Тие често се користат во психолошката пракса како дел од стратегиите за намалување на анксиозноста.

Психотерапевтите објаснуваат дека правилното дишење го активира парасимпатичкиот нервен систем, при што пулсот станува побавен, организмот се опушта и се враќа чувството на внатрешен мир.

Моќта на позитивната имагинација

Водената имагинација, односно замислувањето пријатни и сигурни места, е уште една од техниките за ублажување на стресот. Овој метод често се користи во психотерапијата, но и како техника за самопомош. Визуелизирањето на пријатни ситуации може да доведе до полесно соочување со секојдневните предизвици.

Опуштање преку шаките и прстите

Благото стимулирање на шаките и прстите се применуваат во различни техники за релаксација и масажа за да се намали мускулната напнатост и за опуштање.

Стручните лица истакнуваат дека редовното управување со стресот не е луксуз, туку е важен дел од грижата за здравјето. Дури и неколку минути дневно посветени на релаксација може да го подобрат расположението, сонот и отпорноста на организмот при секојдневните предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авиокомпанијата „Ryanair“ сакала да ѝ наплати 80 евра за куфер, нејзиниот потег е апсолутен хит!

„Не сакав да платам ни цент“

 Авиокомпанијата „Ryanair“ сакала да ѝ наплати 80 евра за куфер, нејзиниот потег е апсолутен хит!

Зa да избегне плаќање на такса за багаж на аеродромот, една жена посегнала по екстремно решение и ја облекла целата облека од куферот. Карла Брунела (27) од Шпанија, облекла шест слоја облека откако ѝ било кажано дека нејзината торба е преголема за да помине како бесплатен личен багаж. Таа летала со „Рајанер“ од Верона до Манчестер и за нејзиниот рачен багаж требало да плати 70 фунти (околу 81 евро).

„Не сакав да платам ни цент“

Наместо да ја плати таксата, Карла одлучила да облече што е можно повеќе облека пред да помине низ безбедносната контрола. Нејзиниот лет во мај чинел 43 фунти (околу 50 евра). „Кога сфатив дека торбата не се вклопува во калапот за мерење, почнав да се смеам. Некако знаев дека тоа ќе се случи затоа што претерав во Верона“, раскажува таа.

„Кога отидов да ја земам картата за влез во авионот, службеникот ми рече дека мојот рачен багаж е преголем и дека морам да платам или да го намалам за да одговара на димензиите. Идејата ми дојде спонтано. Само знаев дека не сакам да платам ни цент повеќе. Единствената опција беше да носам сè на себе“, додала таа.

Жешко и непријатно искуство

Карла, која работи во областа на менталното здравје, на крај носела шест комбинации облек додека се приближувала кон портата за влез во авионот. „Беше жешко и заморно. Се чувствував чудно, а луѓето ме гледаа. Се соблеков штом ја поминав контролата на излезот, пред да се качам во авионот“, го опишала таа своето искуство.

„Бев толку среќна што не морав да платам казна. Мислам дека некогаш не би платила дополнителна такса за да пријавам багаж“, заклучила таа.

Реакциите на интернет се поделени

Карла на социјалните мрежи го споделила видеото на кое таа носи слоеви облека на аеродромот, а видеото било прегледано повеќе од 455.000 пати. Реакциите беа поделени. „Значи, заштедивте десет евра? Имате со што да се фалите“, гласеше еден коментар.

Друг корисник кратко ѝ порача: „Едноставно, плати си“. Имаше и такви кои го поддржаа нејзиниот потег: „Сигурна сум дека ви беше жешко, но сепак тоа е паметен потег“. Еден коментатор се пошегува за другите патници: „Жал ми е за лицето што седело до вас до крајот од летот“. Некој друг забележа: „Таа торба ни приближно не одговара на рачен багаж“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бони Тајлер се разбуди од кома. Нејзиниот претставник: Се уште е сериозно болна

Пејачката Бони Тајлер се разбуди од индуцирана кома во Португалија, каде што се опоравува по срцев удар.

Бони Тајлер се разбуди од кома. Нејзиниот претставник: Се уште е сериозно болна

75-годишната ѕвезда беше итно оперирана во мај поради проблеми со цревата и ѝ беше отстрането слепо црево, а по операцијата беше реанимирана поради срцев удар.

Нејзината состојба полека се подобрува

„Бони повеќе не е во кома, но сè уште е сериозно болна“, изјави претставникот на пејачката за „The Sun“. „Иако нејзината состојба се подобрува, процесот на закрепнување е бавен“. Според британските медиуми, Тајлер останува на интензивна нега во болница во Фаро, но лекарите очекуваат целосно да се опорави.

Сè започна со болки во стомакот

Пејачката, најпозната по нејзиниот хит од 1983 година „Total Eclipse of the Heart“, наводно почнала да се чувствува лошо во Лондон, каде што посетила лекар. Нејзиниот долгогодишен пријател Либерто Меалха рече дека лекарите не пронашле ништо. „Таа одлучи да отпатува во Алгарве, каде што почнала да чувствува силни болки во стомакот“, рече тој.

YouTube video

„Два дена подоцна таа отиде во приватна болница, од каде што итно беше префрлена во болница во Фаро бидејќи ѝ пукнало слепото црево и ѝ била потребна итна операција“, додаде Меалха. Велшката пејачка потоа беше ставена во индуцирана кома „за да се олесни нејзиното закрепнување“, претходно соопшти нејзиниот тим.

Откажани концерти до крајот на август

Сите концерти на Бони Тајлер се откажани до крајот на август. Нејзиниот менаџмент им се заблагодари на фановите за нивната поддршка. „Би сакале да им се заблагодариме на сите низ целиот свет за огромниот излив на сочувство и пораките за поддршка“, се вели во нивното соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер