Новиот закон за пушење во подготовка: Здравјето на граѓаните во фокус, угостителите вклучени во консултациите - Канал 5

Новиот закон за пушење во подготовка: Здравјето на граѓаните во фокус, угостителите вклучени во консултациите

Секој закон кој го штити здравјето на граѓаните треба да има поддршка,  изјави заменик –министерот за економија Марјан Ристески, најавувајки средба со угостителите по ова прашање..

Новиот закон за пушење во подготовка: Здравјето на граѓаните во фокус, угостителите вклучени во консултациите

Според него, иако законот е во надлежност на Министерството за здравство, потребно е регулативата да се усогласи со европските стандарди, со вклучување на сите засегнати страни. Ристески очекува новиот закон да стави крај на непочитувањето на постојната регулатива и да придонесе за поинтензивни инспекциски надзори и контроли.

-Секако дека ќе има средби со угостителите и со сите, со цел да бидат запознаени од страна пред се на ресорното министерство за новиот закон. Јас сметам дека подршка треба на секој закон да се има кој што пред се го штити здравјето на граѓаните. Постоечкиот закон гледаме дека и многу пати не се применува можеби некогаш намерно или не се изигрува, меѓутоа мислам дека овој закон ќе биде многу поквалитетен од претходниот,- Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд.

Од Туристичко угостителската комора велат дека средбите со претставниците од владата ќе се одржат по 20 јануари. Дотогаш ќе собираат предлози и барања, а ќе разлгедуваат и примери од слични решенија од земји од регионот..

-Во тек сме со консултации со други земји, дали и како фукционира во Србија, во Босна, во Хрватска во Турција гледаме како фукционира, па потоа и рестораните даваат предлози, бидејки овој закон нема да се донесе веднаш туку е предложен од 1 март, а после 20 јануари се предвидени средби со претставници од владата..Така да се уште нема ништо рано е и нема потреба да се брза бидејки ако брзаме ќе згрешиме,- Аркан Керим – претседател на Туристичко-угостителска комора.

Предлог-законот дозволува пушење на летните тераси на локалите само доколку тие се отворени од најмалку три страни. Во спротивно, се предвидуваат казни и до 5.000 евра. Физичките лица кои нема да го почитуваат законот ќе се казнуваат со износи од 100 до 300 евра. Забраната покрај цигарите, ќе важи и за сите други никотински производи и уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Малешевска прженица

Во среда (18.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Горан Симевски.

„Гответе со Дракче“ - Малешевска прженица

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. свинско месо (или џимиринки)

1 - 2 страка праз

3 суви пиперки

1 парче сирење

малку буковка

масло

сол и др. зачини по избор

За украсување:

2 лажици кисела павлака

магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мал авион се урна во САД, меѓу загинатите има и деца

Шест лица, меѓу кои и две деца, загинаа во авионска несреќа што се случи вчера во близина на брегот на Мисисипи, потврди Крајбрежната стража на САД. 

Мал авион се урна во САД, меѓу загинатите има и деца

Авионот паднал во Мексиканскиот Залив, пренесува Би-Би-Си. Се урнал во морето, нема преживеани. Според сервисот за следење летови „ФлајтАвер“ (FlightAware), станува збор за мал авион од типот „Цесна 210“ (Cessna 210), кој летал од Њу Орлеанс кон Форт Мајерс, Флорида.

Контролата на летање изгубила контакт со леталото околу 15:45 часот по локално време, а надлежните соопштија дека несреќата се случила во областа помеѓу градот Паскагула и островот Хорн.

Портпаролот на Крајбрежната стража, Хуан Рос, изјави дека спасувачите со часови трагале по патниците.

Првично, на површината на морето пронашле само три појаси за спасување, сплав и делови од кабината. Подоцна, нуркачи ги откриле телата на четворица возрасни и две момчиња – на возраст од осум и десет години – во трупот на леталото.

Командантот Тревор Блаунт, координатор на спасувачката операција на Крајбрежната стража, го коментираше исходот од потрагата. „Иако ова не е исходот на кој сите се надевавме, благодарни сме за одличната соработка меѓу сите вклучени служби. Тоа ни овозможи брзо да ги лоцираме патниците и на семејствата да им пружиме барем некаков мир“, рече Блаунт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Берокал нема дилеми: „Македонија оди по нова победа и чекор кон Евробаскетот“!

Селекторот на Македонија Жозеп Марија Берокал бара максимална сериозност и дисциплина, а секоја победа е чекор поблиску до следната рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

Берокал нема дилеми: „Македонија оди по нова победа и чекор кон Евробаскетот“!

Македонската сениорска репрезентација ја очекува важен натпревар против Кипар, втор во втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. По победите над Австрија на стартот од овој циклус, двете селекции влегуваат во меѓусебниот дуел со дополнителен мотив, свесни за значењето на бодовите во трката за пласман во следната фаза.

Селекторот Жозеп Марија Берокал е свесен дека нема простор за опуштање и бара максимална сериозност и дисциплина од своите избраници.

Шпанскиот стратег нагласува дека секоја победа ја приближува Македонија до поставената цел, но предупредува дека Кипар е квалитетен противник кој заслужува максимален респект.

„Ништо не е готово во оваа фаза од претквалификациите. Секоја победа секако нè носи поблиску до целта, па затоа сме фокусирани на тренинзите и подготовките за следниот меч. Го анализираме тимот, опциите што ги имаме, работиме на деталите, а истовремено ги следиме и играчите кои имаат ситни повреди. Кога ќе се комплетира ростерот со Димитријевиќ и Мозес, ќе биде подобро за подготовка и ќе можеме сите да работиме заедно. Мора да бидеме паметни, секој да даде сè од себе на теренот, затоа што овој меч со Кипар ни е многу важен. Тоа е шанса да бидеме поблиску до целта, а тоа е пласман во следната рунда. Мора да одиграме сериозен натпревар“, истакна Берокал.

Селекторот се осврна и на предизвиците во работата со националниот тим, потенцирајќи дека неговата обврска е да го извлече максимумот од играчите кои му се на располагање.

„Мора да се адаптирам како тренер на сите играчи и да си ја вршам работата со оние што ги имам на располагање. Сега ги имам играчите кои ги имам и мора да се приспособиме на тоа. Лично, само си ја работам работата и го давам најдоброто од себе за да имаме резултат. Можам само да ветам максимална професионалност од сите што се дел од националниот тим, почнувајќи од мене“, порача селекторот на Македонија.

Говорејќи за противникот, Берокал издвојува неколку квалитети на кипарската селекција, особено разновидноста во играта и можноста на кошаркарите да покриваат повеќе позиции.

„Кипар е добар тим, има шутери, играчи кои можат да играат на повеќе позиции и да се ротираат. Имаат талент во тактичкиот дел и ги гледаат работите на различен начин. Не го знаеме нивниот конечен ростер, затоа што често се менуваат работите во овие ФИБА-прозорци. Она што го посакувам и го барам е максимално сериозен и дисциплиниран натпревар од мојот тим“, заклучи Берокал.

Натпреварот Македонија – Кипар се игра во четврток (26 ноември), со почеток во 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за нашите кошаркари во обидот да стигнат до нова победа и да направат важен чекор кон следната рунда - квалификациите за Евробаскетот 2029.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер